IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Понеделник, 15.10.2018 || „Лакталис“ го купува „Нестле“ во Малезија за 40 милиони долари   |  Трговците избраа ТОП 100 производи  |  Милијардер купи удел во Starbucks  |  Перутнина Птуј“ ќе продава салами во САД   |  „Метро Бугарија“ воведува автентични млечни продукти  |  Сертификати за компаниите што се фер со потрошувачите  |  „Унилевер“ нема да се сели во Холандија   |  Трговците бираат топ 100 производи   |  Битола стана дел од големиот проект „Coca-Cola Активни зони“   |  Производителите на чоколадо се насочуваат кон Исток   |  Трошоците на живот на месечно ниво намалени, на годишно имаат раст   |  Расте добивката на „ПепсиКо“   |  „Нестле“ е заинтересиран да купи бренд за минерална вода  |  Германските трговци продаваат преку интернет   |  Нов „Стокомак“ во Тетово  |  Експресна услуга на нова локација во Струга  |   Увозот на храна расте побрзо од извозот   |  Во септември пад на светските цени на храната   |  „Фуд стар“ ќе извезува пилешко месо во Кина   |  „Цедевита“ доби концесија за вода   |   ||
   

Ѓорѓи Петрушев: Македонија – препознатлива на светската винска мапа

21.05.2015
Ѓорѓи Петрушев, извршен директор на „Вина од Македонија"

Македонија – препознатлива на светската винска мапа

Разговараше: Алма Растодер, alma@instore.mk

Нашиот најголем предизвик е тоа што го основавме ова здружение, што опстојавме и што сè уште мислиме за идните активности.

Способноста да се препознаат можностите за развој и пробив на вината од Македонија во вистинското време, визијата како максимално да се искористат и истрајноста во таа цел е она што ги карактеризира луѓето што се реализатори на идејата Македонија да биде препознатлива винска земја. Поради овие причини имавме чест, во просториите на здружението „Вина од Македонија", да разговараме со господинот Ѓорѓи Петрушев, извршен директор на здружението. Ги отворивме темите за развојниот пат на „Вина од Македонија" и за тоа како се станува и останува достоен на идејата да создадеш вински бренд од државата во која живееш и работиш.

Здружението постои веќе пет години, какви беа почетоците, со какви предизвици се соочивте?

Почетоците на сето ова, не само како „Вина од Македонија", туку и како заедничка активност се од 2008 година. Тогаш два проекта за билатерална поддршка, едниот преку „Агбиз" за поддршка на винарството и лозарството, а другиот преку холандската ЦБИ (Агенција за поддршка на извозот на земјите од развој во Европската унија) придонесоа за создавање на структуриран документ наречен „Сектор експорт, маркетинг-план" за Европската унија. Преку овој проект беа поканети поединечните винарници, кои тогаш беа секоја со своите идеи. Од стекнатите искуства и добиените информации на средбите организирани преку овие проекти, сфативме дека ние имаме многу заеднички интереси и дека главниот предизвик не е да се промовираат поединечните винарници туку Македонија како земја. Тогаш дојдовме до идеја да се формира здружението „Вина од Македонија" и едноставно преку него да се обидеме да ги надминеме разликите, да ги најдеме заедничките интереси, а сето тоа да се постигне со заеднички напор. Втората причина за создавање на здружението е многу прагматична, а тоа е дека ние зависевме, зависиме и ќе зависиме од поддршката на релевантните државни институции за поттикнување на економскиот развој. И сфативме дека ако кој било од нас настапува поединечно, нашиот глас нема да биде слушнат ниту, пак, ќе бидат задоволени нашите потреби. Како поединечна винарница не можевме да бидеме релевантни партнери на институциите. По пет години работење, нашиот најголем предизвик е тоа што го основавме ова здружение, што опстојавме и што сè уште мислиме за идните активности.
 
Кои винарници членуваат во здружението „Вина од Македонија"? Кои се целите и визијата на здружението?

Десет винарници членуваат во здружението: „Тиквеш", „Сковин", „Стоби", „Бовин", „Далвина", „Езимит вино", „Попов", „Шато Камник", „Дудин" и „Риго импекс". Целите на „Вина од Македонија" се обединување на заедничките напори за промоција на македонското вино на меѓународните пазари, застапување на интересите пред сите заинтересирани страни до релевантните институции во земјава и во странство.
Главната визија е да ја видиме Македонија како јасно обележана и препознатлива земја на светската винска мапа. Тоа е нешто кон што целиме и во што наоѓаме мотив за да постои и да се развива здружението.

Кои се придобивките на винарниците што не се членки и дали тие можат да се зачленуваат? Каква е постапката за новите членови?

Во принцип, ние не сме затворена организација, меѓутоа еден од клучните столбови на „Вина од Македонија" е промовирањето високи етички и морални принципи на работењето. Виното и винарството се дејност што бара да се држите до одредени правила, да сте искрени со потрошувачите и кога ќе ставите ознака и карактеристика на етикетата, тоа навистина да биде така. Не е проблем што некоја винарница нема да се придржува кон овие принципи, туку проблемот е што во тој случај губат сите винарници. Тоа, секако, негативно дејствува врз имиџот на земјата од каде што потекнува виното. Во принцип, ние сме отворени за секоја винарница што својот интерес го препознава во заедничките напори, што ќе биде подготвена да ги прифати овие принципи на работење. Можеби петте години беа искористени да се изгради кохезија, а сега веќе сме подготвени за проширување на семејството.

На кои сè саеми планирате да учествувате оваа година? Кои се вашите очекувања во овој поглед?

Годината е почната, некои активности се веќе реализирани. Ќе се посветиме на оние саеми што минатата година ги предложивме на Министерството за земјоделство и кои влегоа во неговата програма за поддршка на земјоделството и руралниот развој, односно поддршка на извозот на вина од Македонија. Саемите „Провајн" и „Проекспо" се веќе зад нас. Нè чекаат Б2Б средби во Англија, Данска и Холандија, нè очекуваат и Б2Б средби во Македонија и воСАД и еден саем во Кина. Фокусот во втората половина е надградување на искуството од минатата година, кога познати и признати критичари ја посетија Македонија, бидејќи на тој начин ни се потврди дека можат соодветно да ја запознаат земјата и да ја пренесат приказната.
 
                       
 
Според Вашите сознанија, можете ли да ни кажете за колку проценти е зголемен извозот на вино, по посетата на саемите?

Се забележува зголемување на количинскиот извоз, на пример во Европската унија, увозот на вино во шишиња порасна од 6,1 милиони литри во 2009 година на 9,1 милиони литри во 2014 година. Има континуиран пораст и на виното во шише во вкупниот извоз. Така во 2009 година учеството на виното во шише во споредба со наливното извезено вино е 12%, за тоа во 2014 година да се зголеми на 22%. Добро е што во годините кога расте вкупното количество на извезено вино расте и процентот на извезеното вино во шише, што секако е наша цел. Но, можеме да кажеме дека за пет години овој процент ќе се зголеми, така што ќе достигне 50% на извезено вино во шише. Исто така, добар показател е тоа што прв пат 100% ја искористивме квотата за бесцарински извоз на вино во шише. До април се искористени 32%, а до крајот на годината, особено периодот од септември па до крајот на годината, е периодот кога, всушност, се достигнува врвот во извозот.

Во кои земји најмногу се извезува македонското вино? Која е стратегијата во иднина во однос на земјите кои имаат потенцијал да го препознаат квалитетот на македонските вина?

Вино во шише најмногу се извезува во Хрватска 32,88%, Србија 23,74%, Словенија 15,98%, БиХ 7,31% и Германија 4,25%. Најмногу нè радува фактот што расте извозот на вино во шише во Германија, бидејќи излегуваме од приказната дека нашите вина се евтини вина од егзотични краишта, сè повеќе почнува да се пробива премиум сегментот. Сепак, не можеме да се пофалиме дека тоа се огромни количества, особено имајќи предвид дека имиџот на македонските вина што досега преовладуваше во Германија е дека вината од Македонија се евтини и со пристоен квалитет. На полиците во Германија тоа вино може да се најде за 1,5 евро, што е знак дека тоа не додава на вредност, туку дека станува збор за одлив на количество. Иако за некои винарници тоа е издржан модел, сакам да верувам дека ќе целиме кон стратешката определба на Македонија за извезување на вино со додадена вредност.

Дали македонскиот потрошувач е лојален консумент на одредени типови вина? Дали Македонците доволно консумираат вино или можеби треба да се подигне свеста за придобивките од умереното консумирање, за да се зголеми и продажбата?

Македонскиот потрошувач е свесен и горд на квалитетот на македонското вино, а тоа се докажува со фактот што, иако имаме слободна надворешна трговија, немаме голем наплив на увезено вино или негов пробив на македонскиот пазар. Но, јас би сакал да сме како Словенија, која во просек произведува околу 80 милиони литри вино и кое во голем процент го пијат Словенците, така што увозот на вино е многу мал. Во Македонија се пие незначителен дел од вкупното произведено вино, од 100 милиони литри произведено вино, дали ќе се испијат 10 милиони литри. Потрошувачката се гледа по глава на жител, која според официјалните статистики е од 7 до 10 литри, што е минимално.
Меѓутоа, сликата се менува, се зголемува бројот на консументи што наместо пиво избираат вино, а исто така се зголемува и бројот на оние што, наместо евтино трпезно вино, избираат вина со повисок квалитет, затоа што тие консументи се поедуцирани. Тоа секако е последица од винската едукација на винарниците кои вложуваат многу во тоа.

Кои се вашите планови за следните 5 години? Кои сè активности ги планира здружението?

Останувам и понатаму на основната стратешка цел, а тоа е зголемување на извозот на вино во шише и продолжување на градењето на имиџот на Македонија како винска земја. Воедно, целиме кон тоа вредноста на извезеното вино да забележи пораст од најмалку 45%. Тоа може да се оствари преку: зголемување на структурата на поскапи вина, со што ќе се зголемува учеството на извозот на виното во шише. Тоа секако не зависиmсамо од поединечните напори на винарниците, ниту од здружението, туку од сите учесници во синџирот на снабдување, од сите релевантни институции, како и од имиџот на земјата. Саемите остануваат и понатаму значајна алатка во нашето работење. Воедно, минатата година воведовме нова алатка, а тоа е едукацијата која подразбира верификација на знаењата на оние што работат во оваа индустрија од страна на релевантен и реномиран меѓународен фактор. Еден од нив што го идентификувавме е „Вајн& спирит едукејшен траст" од Лондон. Освен едукациите на кои учесниците се едуцираат во три степени, имаме тројца од нив кои сакаат да станат „мастер оф вајн". Таа жед за знаење е потребна затоа што, дури и да го произведувате најдоброто вино во светот, сепак треба да знаете како да го доближите до консументите.



 
 
 
 
back to top