IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Понеделник, 22.01.2018 || Нов „Алди-М плус“ во Гевгелија  |   „Бивода“ планира извоз во Македонија и во Грција  |  Престижен орден од Финска за Светозар Јаневски  |  „Мигрос“ останува лидер, најголем скок во интернет-каналот  |  „Биедронка“ станува сè посилна  |  „Тривит“ ги презеде постројките на пекарницата „Алимпије“  |  „Плодине“ го отворија 81. продажен центар   |  „Гомекс“ планира отворање на 30 продавници  |  „Бел фуд груп“ го презема „Хугли“  |  „Фереро“ го купува американскиот кондиторски сегмент на „Нестле“  |  „Маркс & Спенсер“ го продаде бизнисот во Хонг Конг  |  „Лакталис“ повлекува 12 милиони пакувања млеко за бебиња  |  „Атлантик група“ ја презема дистрибуцијата на „Марс“  |  Пазарџиите ќе работат со лиценци  |  „Агрокор“ ја демантира продажбата на маркетите „Конзум“  |  „Нестле“ го продава кондиторскиот сегмент  |  „Кауфланд“ ќе отвори 15 супермаркети во Молдавија  |  „Волмарт“ ја зголемува платата на работниците  |  „Скопски пазар“ излегува од бизнисот со маркети  |  Тина Пухало Грладиновиќ нов директор на „К пивовари“  |   ||
   

Жарко Берлот: Синоним за риба

27.12.2012
Регионално интервју со: Жарко Берлот, директор на „Болтон Адриатик"
 
Разговараше: Марко Храстар, marko.hrastar@instore.si

Групацијата „Болтон" почнала како регионален дистрибутер на стока за широка потрошувачка во 1949 година и тоа со скромен капацитет. Со текот на времето, компанијата успеала да достигне значајно пазарно влијание во различни категории и сега нејзиното портфолио брои 50 брендови што се застапени во 125 држави ширум светот.

За работењето на компанијата во јадранскиот регион задолжен е нашиот соговорник Жарко Берлот, кој на почетокот од разговорот ни открива со какви проблеми се соочувале и како течеле маркетиншките подготовки на пазарите за дистрибуција на Rio Mare:

Почетокот на дистрибуцијата на трговската марка Rio Mare датира 22 години наназад, кога почнавме да ја продаваме во Словенија преку поединечен увоз преку дистрибутери. Уште тогаш Rio Mare спаѓаше во повисока ценовна категорија, што ја отежнуваше продажбата, а покрај тоа ниту пазарот на риба не беше развиен, бидејќи тогаш како конзервирана риба многу позната беше Sardina. На почетокот, количествата беа мали, а во соработка со компанијата „Болтон" веднаш почнавме и маркетиншки да ја поттикнуваме дистрибуцијата. Тоа значи дека не работевме само на имиџот на Rio Mare, туку на промоција на целокупната категорија на конзервирана туна. Во целиот период бележевме константен пораст, благодарение и на постојаниот пораст на категоријата. На пример, просечен Словенец на почетокот од нашата работа јадеше годишно 0,15 до 0,20 килограми туна, а денес тоа количество е околу килограм.

Како дојде до тоа луѓето да го перципираат Rio Mare како генеричко име за туна?

Тоа се случи постепено, а почна со граѓаните во Словенија од деловите што се граничат со Италија. Тие Rio Mare ја познаваа од италијанските продавници. Имено, порано многу често се одеше преку граница во Трст или Горица. Потоа, навиката за консумирање туна се прошири и во Љубљана, а во последно време и во североисточниот дел на Словенија.

За сето тоа време сигурно имало многу интересни работи во текот на работењето.

Еден од поинтересните настани се случи пред 17 години, кога во Словенија разговаравме за првата телевизиска акција за огласување и кога се обидовме нашиот тогашен дистрибутер да го убедиме да земе два камиона туна, за секој случај, да не дојде до недостаток на стока. Не нè послуша и зема само еден камион. Кога почнавме со огласување моравме за само неколку денови да престанеме бидејќи „исчезнаа" сите конзервирани туни.

Со тоа одговорноста е поголема, а големо внимание посветувате на проектот „Одговорен квалитет". Кажете ни нешто повеќе за тоа.

Многу е важно да се потенцира дека проектот не е само задача за Словенија или за јадранскиот регион, туку тоа е проект на целата групација „Болтон" и претставува одраз на општите услови во светот, бидејќи општествената одговорност станува сè поважна. Големите корпорации, кои се под „поригорозни лупи", треба да бидат чувари на животната средина. Во овој проект учествуваат производители на туна, рибари, флоти, преработувачи, компании, кои туната ја ставаат во категоријата трговски марки и трговски организации. Сите го следат принципот на одговорност на квалитетот. Не е важно само конечниот производ да биде добар, туку и на каков начин ќе се дојде до тоа. Почетоците на ваквото наше определување во работата датираат од 1992 година, кога со програмата Dolphin Safe се обврзавме дека сите делфини кои случајно ќе се најдат во нашите мрежи да ги вратиме назад во морето. Со текот на времето вклучувавме сè повеќе компоненти, за проектот конечно да добие и име.

Како овој проект се одвива на останатите пазари на кои сте застапени?

Преку трговските бранши, проектот веќе го претставивме во стручните кругови. Слоганот „Одговорен квалитет" е веќе отпечатен и на хрватски и на српски јазик, на производите е залепена ознаката „Одговорен квалитет", а исто така се појавува и натпис од две секунди во телевизиските реклами. Хрватската, српската и босанската веб-страница на Rio Mare веќе поставија апликации што им овозможуваат на купувачите да го следат целиот пат од лов до трпезата, односно да имаат увид во процесот (следливост).

Кога веќе ја споменувате следливоста, дали наскоро можеме да очекуваме купувачите да можат да го дознаат потеклото на туната со скенирање на QR-код на амбалажата?

Уште сега купувачите можат да го дознаат изворот на туната. Не баш со вчитување код, но податоците за конзервите можат да ги побараат на нашата веб-страница или по пат на електронска пошта, каде што во рок од 48 часа ќе ги добијат сите податоци за видот на рибата, под кое знаме плови рибарскиот брод, на кој начин била фатена и кога.
 
Прочитајте повеќе во печатеното и електронското издание на InStore бр.3...




 
 
 
 
back to top