IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Среда, 24.01.2018 || „Амазон“ ги објави 20 потенцијални локации за новото седиште  |  „Теско“ затвора 1.700 менаџерски работни места  |  Мрежата на „Профи“ достигна 700 објекти  |  „АЦ фуд“ го купува последниот дел од имотот на „Агрокомерц“  |  „Шпар“ - Словенија ја претстави онлајн-продавницата  |  Отворен е првиот „Амазон гоу“ за потрошувачите  |  Промоција на Fuzetea, бренд достапен и на македонскиот пазар  |  Нов „Алди-М плус“ во Гевгелија  |   „Бивода“ планира извоз во Македонија и во Грција  |  Престижен орден од Финска за Светозар Јаневски  |  „Мигрос“ останува лидер, најголем скок во интернет-каналот  |  „Биедронка“ станува сè посилна  |  „Тривит“ ги презеде постројките на пекарницата „Алимпије“  |  „Плодине“ го отворија 81. продажен центар   |  „Гомекс“ планира отворање на 30 продавници  |  „Бел фуд груп“ го презема „Хугли“  |  „Фереро“ го купува американскиот кондиторски сегмент на „Нестле“  |  „Маркс & Спенсер“ го продаде бизнисот во Хонг Конг  |  „Лакталис“ повлекува 12 милиони пакувања млеко за бебиња  |  „Атлантик група“ ја презема дистрибуцијата на „Марс“  |   ||
   

За маркетите: Со мали трикови до поголема продажба

24.06.2013
Начини за стимулирање на продажбата во супермаркетите (втор дел)
 
Со мали трикови до поголема продажба
 
Тесниот простор од рафт до рафт што го оневозможува движењето на купувачите е смислено сценарио за што побавно разгледување на производите на рафтовите во еден супермаркет. Ова е само еден од триковите што ги применуваат трговците. А има многу скриени трикови!

 
Пишува: Билјана Костов Жежовска, извршен директор на „Маркето Солутионс"

Во минатиот број на InStore споменав дел од најчестите трикови, односно стимулатори на продажбата во супермаркетите. Тоа беа шопинг-количките, производите со пријатен или неодолив вкус и мирис, музиката, позицијата на млекото, преуредувањето на супермаркетот и поставувањето на производите на ниво на окото. Во овој број ќе ја надополнам листата, односно ќе се фокусирам на останатите начини што можат значително да влијаат врз купувачката одлука на потрошувачите.

1.Најпрофитабилното место во супермаркетот е линијата за излез, односно редот додека чекате на каса. Ова е значителен момент, особено во периодите кога турканиците во супермаркетите се зголемени и редовите на касите се долги. Потрошувачите лесно паѓаат во искушенија, додека се досадуваат во редот, да посегнат по гуми за џвакање, бонбони, вода, сладолед, списанија итн. Тука морам да ги споменам атрактивните производи за деца што нема шанси да не бидат видени и побарани од страна на најмладата популација.

2.Картичката за лојалност е исто така значителен начин за стимулирање на потрошувачот да пазарува токму во одреден синџир на супермаркети. Кога на потрошувачот му се врачува картичка за лојалност, во истиот момент расте психичкиот ефект дека тој има посебен третман или привилегија при пазарување. Доколку потрошувачот редовно добива одредени привилегии од типот на попусти или бонуси, веројатноста дека ќе влезе во некој друг супермаркет е мала. Не само од аспект на профитабилност, туку и од аспект на собирање податоци во врска со клиентите, овие картички имаат значителен придонес кај менаџментот на супермаркетите.

3.Тесните патеки за поминување помеѓу двата рафта не се случајност. По правило, просторот помеѓу два рафта во супермаркетите би требало да биде приближно широк колку да можат да се разминат две шопинг-колички. Оваа логика се применува со цел да се забави брзината на пазарење, односно потрошувачите побавно да ги одминуваат рафтовите за да бидат забележани поголем број производи.
 
4.Поставување обележувачи на цени со голем формат или димензии е исто така психолошки трик за потрошувачите. Замислете дека на крајот од патеката во супермаркетот здогледувате акциски рафт или палетно место на кое стои огромен знак со цена за одреден производ. Во супермаркетот не постои друг таков обележан производ. Потрошувачот во својата свест го толкува ова како суперцена, што во реалноста не е така. Честопати, овој стимулатор се користи кај производите што се фаворити кај потрошувачите, односно што се најбарани.
 
5.Давањето на бесплатни примероци освен што овозможува потрошувачот да го искуси производот, има и реципроцитетен ефект врз човековиот ум. Ако некој ви подари нешто, имате чувство дека треба да му возвратите на некој начин. Така, честопати потрошувачот „паѓа" на трикот кога ќе му се даде бесплатен примерок.
 
6.Доминантната боја на влезот од супермаркетот е фактор што може да влијae врз одлуката на потрошувачот дали да влезе внатре или не. Овој фактор е особено важен за супермаркетите што се наоѓаат во големите трговски центри, каде што на потрошувачите кои се дојдени за друга цел им се привлекува вниманието со топла и примамлива боја, сè со една цел – да влезат внатре.
 
7.Позицијата на овошјето и зеленчукот токму на влезот од супермаркетот е најчест пример кај повеќето светски и домашни синџири. Овој стимулатор има две фокус-страни. Од една страна, свежото овошје и свежиот зеленчук оддаваат слика на здрав живот кај потрошувачот. Едноставно, луѓето се чувствуваат пријатно во свежиот дел од супермаркетот и најчесто посегнуваат по одредени производи, иако не им биле планирани. Од друга страна, овошјето и зеленчукот се поставуваат на самиот влез бидејќи истите имаат висока профитна маргина, што е значителна придобивка за трговците.
Постојат и други начини со кои може да се привлече вниманието кај потрошувачот и да се зголеми веројатноста да го купи производот. Најчесто, синџирите супермаркети применуваат еден или повеќе од овие психолошки трикови за стимулирање на продажбата што, верувале иле не, имаат ефект и кај најостроумните потрошувачи.



 
 
 
 
back to top