IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Петок, 20.07.2018 || „Луксол“ повторно работи  |  Трговски vs А-брендови  |  „Волмарт“ се повлекува од јапонскиот пазар  |   Нови бензиски пумпи на КТЦ  |  Добивката на „Плантаже“ изнесува 2,4 милиони евра  |  „Ошан“ воведе гласовен четбот за вино и храна  |  Нова франшизна продавница „Шпар партнер“  |  Специјално пиво по повод средбата Трамп-Путин  |  Доделени првите грантови за домашни компании  |  „Карлсберг“ отвора нова пиварница  |  Кинези ќе градат индустриски парк за овошје и зеленчук  |  Нов ИнфоЛогистички центар во Љубљана  |  „Велпро“ ќе ги поддржува малите трговци  |  Белград стана побогат за уште еден dm  |  Резултатите на „Пепсико“ се подобри од очекуваните  |  Кратошија меѓу најдобрите вина на британскиот пазар   |  „Интермарше“ за постари лица  |  Повисоки трошоци за живот и малопродажни цени во јуни  |  „Бимилк“ подари ново место за спорт и рекреација  |  „Унилевер“ го купи бугарскиот бренд сладоледи Denny  |   ||
   

За маркетите: Начини за стимулирање на продажбата во супермаркетите

20.05.2013
Музика, позиционирање колички, ширење мирис...

Начини за стимулирање на продажбата во супермаркетите

Истражувањата во САД велат дека за 34% е зголемено времето што потрошувачот го поминува за пазарење во супермаркет кога во заднина тече музика. На 70% од испитаниците им годи музиката, а 63% од нив признаваат дека повеќе време поминуваат во супермаркетот, односно повеќе трошат кога во заднина се слуша музика. За музиката како стимуланс за продажбата, но и за многу други нешта ќе можете да прочитате во овој и во следниот број на InStore.


Пишува: Билјана Костов-Жежовска, извршен директор на „Маркето Солутионс"



Најнапред да се прашаме колкупати сме застанале пред маркетот со цел да влеземе и да купиме претходно дефинирани производи или, пак, сме влегле со дефиниран список на производи, а сме излегле со плус непланирани производи. Одговорот на потрошувачите е – многу често или секојдневно. На што се должи непланираното, односно импулсивното пазарење? Токму во овој број ќе ги разгледаме најчестите трикови, односно стимулатори на продажбата во супермаркетите.


1.Шопинг-количките, што датираат уште од 1930 година, се сметаат за основен стимулатор на продажбата. Без разлика колку производи се неопходни, штом потрошувачот ќе се фати за шопинг-количката посегнува и по непредвиденото бидејќи има место. За разлика од шопинг-кошниците, што го ограничуваат пазарењето, шопинг-количките го зголемуваат пазарењето. За таа цел се наоѓаат веднаш на удар и најчесто се без брава за да не се загубат клиентите кои во моментот немаат ситна монета за количка.

2.Производи со пријатен или неодолив вкус, што се поставуваат тактички околу влезот на супермаркетот со цел оние што се движат во близина да не го прескокнат пазарењето. Такви примери се пекарниците, слаткарниците, цвеќарниците, парфимериите и други. Кога сетилата кај човекот се нападнати од пријатна арома на тазе печен леб, неодолив вкус на колачи, свежо сечено цвеќе или парфем, тој се чувствува среќен и најбитно од сè – ужива. Саливацијата што ја добивате од овие радосни сензации влијае на веројатноста за импулсивно пазарење, односно за пазарење производи што не се на листата на потрошувачот.Денес, во светот се користат специјални машини, ароматизери, што испуштаат пријатна миризба на одреден прехранбен продукт. Некои производители на овие машини нудат избор од над 300 различни миризби, па така на различни места можат да се почувствуваат различни миризби што предизвикуваат глад кај потрошувачите.

3.Музиката што се слуша додека се пазарува е исто така силен стимул за пазарење. Во принцип, истражувањата покажуваат дека бавната музика дејствува релаксирачки кај потрошувачите. Бавната музика не само што го релаксира потрошувачот туку и го забавува полека да се движи помеѓу рафтовите во супермаркетот со што има поголема веројатност и повеќе производи да стави во количката. Најчесто, синџирите што имаат музика во супермаркетите пуштаат хитови од осумдесеттите или деведесеттите години на минатиот век што ги релаксираат потрошувачите. Од друга страна, има периоди кога во супермаркетите се пушта побрза и подинамична музика со цел да се забрза движењето на потрошувачот во супермаркетот. Тоа се периодите на сезонските празници кога потрошувачката и турканиците во маркетите се значително зголемени.
Истражувањата во САД велат дека за 34% е зголемено времето што потрошувачот го поминува за пазарење во супермаркет кога во заднина тече музика. На 70% од испитаниците им годи музиката, а 63% од нив признаваат дека повеќе време поминуваат во супермаркетот, односно повеќе трошат кога во заднина се слуша музика.

4.Млекото е исто така значителен стимулатор при пазарење. А зошто? Бидејќи млекото се смета за најкупуван производ во супермаркетите. Не случајно млекото е сместено на крајот од супермаркетот, во задниот дел. Со тоа потрошувачот треба да направи голем круг за да земе млеко. По патеката до млекото и назад најчесто се поставуваат промотивни производи или производи на акција впечатливи за око. Овој пример за поставувањето на млекото во крајната зона се применува кај добропознатите „Лидл", „Кооп", „Макси" и други.

5.Преуредување на супермаркетот се смета за вообичаена рутина кај многу светски синџири. Кога потрошувачот наидува на нов распоред на супермаркетот се движи побавно до саканиот оддел, бидејќи не знае каде точно се наоѓа сега. Исто така, почесто се применува и методот на поставување на нови производи на местото каде што претходно стоеле топ продаваните производи.

6.Поставување на производите на ниво на окото е битен трик за стимулирање на потрошувачката. Обично поскапите производи се ставаат на ниво на окото, а поевтините производи од истата група или од ист тип се ставаат над или под ниво на окото. Еве, да се фокусираме на поскапите шампони за коса, што можете да ги забележите на полицата во висина на окото, а оние поевтините се ставени на полиците подолу. Исто така, добар пример се детските производи од типот на чоколада, бонбони, играчки и слично. Тие се ставени на пониските рафтови во висина на очите кај децата.

Постојат уште тајни трикови што значително можат да ја зголемат потрошувачката во супермаркетите. За нив ќе зборуваме во следниот број.



 
 
 
 
back to top