IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Среда, 18.07.2018 || Добивката на „Плантаже“ изнесува 2,4 милиони евра  |  „Ошан“ воведе гласовен четбот за вино и храна  |  Нова франшизна продавница „Шпар партнер“  |  Специјално пиво по повод средбата Трамп-Путин  |  Доделени првите грантови за домашни компании  |  „Карлсберг“ отвора нова пиварница  |  Кинези ќе градат индустриски парк за овошје и зеленчук  |  Нов ИнфоЛогистички центар во Љубљана  |  „Велпро“ ќе ги поддржува малите трговци  |  Белград стана побогат за уште еден dm  |  Резултатите на „Пепсико“ се подобри од очекуваните  |  Кратошија меѓу најдобрите вина на британскиот пазар   |  „Интермарше“ за постари лица  |  Повисоки трошоци за живот и малопродажни цени во јуни  |  „Бимилк“ подари ново место за спорт и рекреација  |  „Унилевер“ го купи бугарскиот бренд сладоледи Denny  |  „Нилсен“ именуваше нов раководител за Јадранскиот Регион  |  „Макпрогрес“ на „Summer Fancy Food Show“  |  „Перно Рикар“ ќе дистрибуира безалкохолен џин  |  Продажба на алкохолни пијалаци во секое време  |   ||
   

Војин Старчевиќ: Успешно до највисоките стандарди

14.12.2016
 
Војин Старчевиќ, претседател на „Унисол груп" 

Како најважна би ја издвоил одлуката работењето целосно да се професионализира, односно да станеме корпорација, во која би владееле вредности, правила, стандарди, процедури и високо едуцирани, способни и посветени професионалци.

Разговараше: Ана Филиповиќ, ana@instore.rs

Пред 27 години, односно во 1989 година, беше основана една мала фирма по име „Полимарк". Со првиот производ, кечапот, а потоа и со мајонезот, сенфот, маргаринот, сосовите, универзалниот зачин..., компанијата стана најголем производител на кондименти во регионот. Како што се развивала низ годините, во компанијата се раѓале и нови идеи, но и потребата за проширување на бизнисот. На тој начин настана групацијата „Полимарк", која од годинава е „Унисол груп" со осум компании, кои се насочени кон развој на бизнисот, проширување на портфолиото и кон поотворена соработка.

„Полимарк фуд индустри" (ПФИ) се смета за еден од најголемите производители на кондименти во регионот. Што е потребно за една компанија да го заслужи тој статус?

Да, тоа е точно. ПФИ е значаен производител на прехранбени производи во поширокото опкружување. За да може да го достигне тоа ниво, компанијата константно вложува во современа опрема и во најдобри репроматеријали. Пред себе ги поставува највисоките стандарди, кои со успех ги достигнува. Сепак, најмногу вложува во својот најголем капитал, односно во луѓето. Одличните инженери, техничари и работници, со знаењето, умешноста и со посветеноста се гаранција за највисокиот квалитет.

Кога во 1989 година ја основавте фирмата „Полимарк", дали очекувавте ваков успех?

Уште од почетокот, бев уверен дека ќе работиме успешно и дека ќе стануваме сè поголеми од година во година. Тоа уверување го носам во срцето и сега.

Кои Ваши бизнис-одлуки би ги издвоиле како пресудни за развојот на компанијата?

Интересно прашање. На прво место е одлуката компанијата да се фокусира на производството и на прометот со храна. Понатаму, да се формира групација од компании, чиишто членки ќе се занимаваат со посебни дејности и на тој начин ќе достигнат целосна професионалност. Има уште многу значајни стратешки одлуки. Од оваа дистанца, горд сум што ниту една не беше погрешна.

Од денешна перспектива, дали би промениле одредена одлука и која, или би постапиле поинаку?

Добро би било да навлеземе и во некоја високопрофитабилна категорија на храна, но никогаш не е предоцна.

Што би истакнале како основен столб на работењето во Вашата компанија?

На прво место, несомнено, се луѓето! Имаме добар и стабилен тим, во кој секој член дава максимален придонес за одржлив пораст и за развој на „Унисол груп" во насока на целите поставени во нашата „Визија 2025". Накратко, „Визија 2025" го квантифицира работењето на групацијата во следните десет години. Според тоа, сегашните 40 милиони евра консолидиран приход на „Унисол" да се зголемат на 500 милиони евра, од кои 200 милиони евра ќе бидат резултат од органскиот пораст, а другите 300 милиони евра од неорганскиот, односно како резултат на аквизициите.

Во 2016 година, групацијата „Полимарк" стана „Унисол груп", со осум компании. Дали тоа предизвика клучни промени во бизнис-политиката и во која смисла?

Основната цел на оваа одлука е остварена – сите компании се повеќе насочени кон пазарот, а со тоа, оптимално ги пополнуваме слободните капацитети во производството, продажбата, логистиката или во нешто друго. Ќе ви посочам конкретен параметар на мерење – екстерната продажба учествува со 20 отсто во вкупната продажба и има тенденција за пораст.

Иако дојде до дистанцирање од името Polimark, вие сепак го задржавте на пакувањата на производите. Дали причината за тоа е препознатливоста и перцепцијата на брендот кај потрошувачот или нешто друго?

Причината за задржувањето на името Polimark на пакувањата е поради препознатливоста. Тоа никако не смее да се гиба. Промената на називот на групацијата и на компанијата настана поради интерни причини, од потребата за оддалечување на брендот токму поради остварувањето на „Визија 2025", што подразбира вклучување на повеќе брендови во нашето портфолио. Затоа е неопходно да постои еквидистанца меѓу нив.

Каква е моменталната позиција на компаниите од групацијата на пазарот? Кој сегмент од бизнисот е најдобар? Колкави се пазарните удели во одделни сегменти?

Во зависност од тоа за која компанија станува збор, дали е B2B или B2C – нема правила. Исто така, постојат и разлики меѓу териториите и категориите производи. Општо земено, одлично сме позиционирани, работата се зголемува, така што – задоволни сме.

Кој сегмент моментално ви е во фокус и кој ќе биде поле за дејствување во периодот што следува?

Фокус ни се производите на растителна база – токму со тоа се занимаваме уште од почетокот на работата. Овој сегмент на храна се зголемува во целиот свет, а тој факт ни дава оптимизам за одредување на каналот за развој.

Причината за задржувањето на името Polimark на пакувањата е поради препознатливоста. Тоа никако не смее да се гиба.

На кои пазари извезувате и колкав дел од производството се извезува?

Засега, присутни сме на територијата на Југоисточна Европа, а српскиот пазар учествува со 40 отсто во приходите. Во план е значително проширување на листата територии на кои ќе се протега нашиот бизнис, а тоа се другите региони во Европа.

Според податоците што ги имате, како потрошувачите ги прифаќаат вашите производи и како реагираат на новитетите што често ги воведувате?

Нашите консументи многу добро ги прифаќаат производите, бидејќи развојот го базираме на квалитетни истражувања, кои овозможуваат задоволување на потребите на потрошувачите, па, од тој аспект, немаме предизвици. Со други зборови – производите ги приспособуваме на барањата на пазарот.

Каков е случајот со приватните трговски марки што ги произведувате за одделни трговски синџири?

Сите се презадоволни, што може да се види и од зголемувањето на нарачките.

Дали трговските марки ја загрозуваат продажбата на вашите производи?

И тие се наш производ. Приватните трговски марки го земаат пазарниот удел на странските брендови, па и на нашите. Сепак, на крај, ние продаваме повеќе.

На кој начин одговарате на промените во навиките на потрошувачите кога станува збор за начинот на исхрана?

На единствениот логичен начин, а тоа е приспособување на понудата. Во таа насока, и понатаму развиваме нови производи и нови категории.

Познати сте како компанија која многу вложува во вработените. Кои се основните причини за таа бизнис-политика?

Од сиот капитал, човечкиот е најважен. Сè може да се најде во изобилство, освен  висококвалитетните луѓе. Сакаме тие и понатаму да се развиваат и да напредуваат.

Компанијата е вклучена и во различни општествено-одговорни активности...

Сите сме дел од општеството во кое живееме. Некому бог дал повеќе среќа, а некому помалку. Секој што може, добро е да вложи во нешто што смета дека ќе биде од општествена корист.

Во 2015 година ја купивте „Банатпласт", а потоа ја аквизиравте и компанијата „Тех мастер" и „Полифин". Дали ќе продолжите со аквизициите и дали сè уште е актуелна приказната за заедничко вложување (joint venture) со сродна компанија?

„Визија 2025" нè упатува на аквизиции. На почетокот сме од тој пат. Во овој момент се зајакнуваме процедурално, организациски и кадровски, за да успееме во тоа.

Како ги донесувате одлуките за тие бизнис-потези? Што е потребно за да донесете одлука да купите некоја компанија или да ја аквизирате?

Во тој процес, вклучени се различни делови од телото. На почетокот, тоа е носот, за да почувствува дали ќе има корист и синергија. Потоа е мозокот, кој го истражува квалитетот на работење на таа компанија. Во случај на добра констатација, на сцена стапува срцето, кое дава храброст да се донесе големата одлука. На крајот е раката, која го потпишува договорот. Не смееме да го заборавиме ниту црниот дроб, кој го преработува тоа што сме го залиле со договорот!

На интернет-страницата е наведено дека визијата на компанијата е ПФИ да стане лидер во производството на брендови и на приватни трговски марки на прехранбени производи за глобалниот пазар. До каде стигнавте со остварувањето на таа визија? Што уште ве очекува на тој пат?

За жал, нашите интернет-страници се малку демоде, бидејќи не е лесно да го следат развојот на организацијата. Визијата што ја споменавте, му припаѓа на едно друго време и таа имаше цел да ги мотивира вработените. Новата „Визија 2025" е квантификувана за секој од нас да знае кон што точно треба да се стреми.

За македонскиот пазар...

Како гледате на македонскиот пазар во вашето работење? Колкуза вас е значаен нашиот пазар?

Македонскиот пазар е многу значаен за нашите брендови Polimark, Polimark Junior, Tomatino и Bionačin, кои се присутни веќе дваесет години. Од вкупната продажба на производи, во Македонија се пласира 7 отсто. Со задоволство нагласувам дека вредноста на нашите брендови е препознаена од македонските потрошувачи и тоа нè прави решителни да ја продлабочиме повеќегодишната доверба и да понудиме нови категории и нови производи.

Дали македонскиот пазар е извор на суровини за вашите производи? Ако одговорот е потврден, што и колку набавувате од Македонија?

Одлично прашање, а одговорот е директен – не, Македонија не е наш извор на суровини. Таа соседна и пријателска земја не ја гледаме на тој начин. Со македонските производители на прехранбени артикли имаме договори за соработка, врз основа на кои, одделни производи од нашето портфолио се произведуваат во Македонија и се пласираат во поширокиот регион. Тоа не се суровини, туку финални индустриски производи. На тој начин, поголем дел од новододадената вредност се задржува во Македонија, отколку само да купуваме суровини.

Дали е потешко на домашниот српски пазар да се борите со другите српски брендови или на другите пазари, како што е македонскиот, да се борите со домашните брендови и компании?

На Македонија гледаме како на домашен пазар, во смисла дека потрошувачките и културолошките навики се речиси исти како тие во Србија. Нема поголеми разлики. Од друга страна, конкуренцијата секаде е силна, но се трудиме да се пробиеме на пазарите и да ги освоиме со квалитетните производи. Според податоците на агенцијата „Нилсен" за периодот од декември 2015 година до мај 2016 година, кечапот Polimark имаше пазарен удел од 26 отсто, а мајонезот Polimark – 16 отсто.

Дали сте задоволни од постигнатите резултати на македонскиот пазар? Во што го гледате потенцијалот за подобрување и како планирате да се развивате во иднина?

Не сме задоволни со овие резултати, па затоа правиме стратегија со врвниот квалитет и со новите производи да ги подобриме. Секако дека постои простор за напредок, како за постојните категории, така и за нови. Потенцијалот го гледаме во категориите прехранбени производи, кои денес не се големи според обемот на продажба, но кои, веруваме дека ќе остварат значаен пораст во иднина. Фокусот е кон тоа, но се разбира дека нема да ги запоставиме ниту постојните категории и брендови.


 
 
 
 
back to top