IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Недела, 27.05.2018 || Hina products се закити со 4 златни медали  |  Тринаесет студенти примени во програмата „Меркатор-С“  |  Скопско Нефилтрирано, ново пиво од „Пивара Скопје“  |  Мора да се вложува во истражувања и во развој  |  Рекордни 15 награди за „Тиквеш“ во Лондон  |  Нов концепт - „Куќа хемије ексклузив“  |  Едукативен и инспиративен ден за паметење  |  Утре се одржува 4. FMCG Summit Скопје 2018  |  „Игло“ ја зголеми продажбата за 15%  |  Ванилата поскапа од среброто  |  Нова инвестиција на „Даути комерц“  |  Потрошувачите ги избраа производите на годината  |  „Хенкел“ останува посветен на продолжување на порастот  |  Цените на индустриските производи пониски на месечно, повисоки на годишно ниво  |  Решенија за поефикасно и поефективно работење  |  Преработувачите очекуваат поголема конкурентност на домашниот пазар  |  „Монделез“ го презема „Тејтс бејк шоп“  |  „Нестле“ ќе го продава кафето на „Старбакс“  |  Плаќање со мобилен телефон во „Меркатор“   |  Се укинуваат временските ограничувања за продажба на алкохол  |   ||
   

Верица Мартиновска: Еден ден во годината!

08.05.2018
 
Верица Мартиновска, директор на InStore – Македонија

FMCG самитот го спремаме нецели пет месеци.

Првично ги осмислуваме темите кои треба да бидат актуелни, интересни, мотивирачки, иновативни, а сепак реални и применливи. Теми кои ќе ги поттикнат присутните да излезат од комфорната зона и да воведат нешто ново во своето работење, да бидат чекор пред другите.

Потоа, ги бараме вистинските предавачи, предавачи кои имаат што повеќе искуство и знаење и кои сакаат тоа да го споделат со другите. Тоа значи и да одвојат време за да се подготват, да направат презентација и да дојдат во Скопје, оваа година дури и од Русија.

Откога ќе ја дефинираме програмата, ги контактираме и фирмите кои ја препознаваат важноста на настанот, за нивна поддршка и спонзорирање на самитот, затоа што без нив самитот не би постоел. Оваа година имаше фирми кои и самите се „пријавија" да бидат спонзори на самитот, што ни е само уште една потврда дека сме на вистинскиот пат и дека е оправдана комуникацијата „Трговски настан на годината".

Ако не ги споменувам техничките работи и нивната организација (бина, озвучување, осветлување, брендирање...), останува „само уште една" работа – да се поканат професионалците од фирмите да присуствуваат на настанот.

И тука се крие најголемиот предизвик. Да се издржи стресот додека сите размислуваат, сакаат, ама не можат да одвојат еден ден, ја виделе најавата, ама не го запомниле датумот, го виделе мејлот, ама не го прочитале. Па, ајде „forward" повторно и повторно smiley.

Верувам дека на сите ни треба барем еден ден во годината во кој ќе се инспирираме, и формално и неформално ќе се дружиме и ќе разменуваме идеи и мислења.

Гледано од аспект на човек што менаџира своја фирма, знам што значи еден ден отсуство на вработен и знам што значи инвестирање во едукација и во посета на настани. Јас силно верувам дека едукацијата и нетворкингот се единствениот прав пат за развој на луѓето од одредена професија и за развој на фирмата. Затоа и InStore како медиум има цврста определба да информира и да едуцира. Затоа и секоја година одново се нафаќаме на организација на FMCG самитот. Верувам дека на сите ни треба барем еден ден во годината во кој ќе се инспирираме, и формално и неформално ќе се дружиме и ќе разменуваме идеи и мислења. Да ја подигнеме културата на FMCG секторот на едно повисоко ниво, за сите да добиеме (а не да изгубиме!) еден ден.

Еден ден во кој ќе се видите со колеги, познаници, конкуренција, соработници... Еден ден во кој ќе чуете десет предавачи, на десет актуелни теми... Еден ден во кој ќе се одалечите од секојдневните обврски и ќе ја видите големата слика. Сите заедно ќе се присетиме зошто го работиме она што го работиме.

Зар сите овие причини не се доволни за да одвоите еден ден?

Се гледаме на 17. мај. smiley


 
 
 
 
back to top