IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Понеделник, 22.01.2018 || Нов „Алди-М плус“ во Гевгелија  |   „Бивода“ планира извоз во Македонија и во Грција  |  Престижен орден од Финска за Светозар Јаневски  |  „Мигрос“ останува лидер, најголем скок во интернет-каналот  |  „Биедронка“ станува сè посилна  |  „Тривит“ ги презеде постројките на пекарницата „Алимпије“  |  „Плодине“ го отворија 81. продажен центар   |  „Гомекс“ планира отворање на 30 продавници  |  „Бел фуд груп“ го презема „Хугли“  |  „Фереро“ го купува американскиот кондиторски сегмент на „Нестле“  |  „Маркс & Спенсер“ го продаде бизнисот во Хонг Конг  |  „Лакталис“ повлекува 12 милиони пакувања млеко за бебиња  |  „Атлантик група“ ја презема дистрибуцијата на „Марс“  |  Пазарџиите ќе работат со лиценци  |  „Агрокор“ ја демантира продажбата на маркетите „Конзум“  |  „Нестле“ го продава кондиторскиот сегмент  |  „Кауфланд“ ќе отвори 15 супермаркети во Молдавија  |  „Волмарт“ ја зголемува платата на работниците  |  „Скопски пазар“ излегува од бизнисот со маркети  |  Тина Пухало Грладиновиќ нов директор на „К пивовари“  |   ||
   

Васе Митев: Препознатлив вкус со децении

12.10.2016
 Васе Митев, генерален директор на „Грозд"

Препознатлив вкус со децении
 
Разговараше: Алма Растодер, alma@instore.mk

Струмичка Мастика и Струмка се брендови познати на многу гене рации, а „Грозд", како произво дител на овие и на многу други производи, опстојува на македонскиот пазар речиси 60 години. Дека успешната приказна на компанијата продолжува, ни покажуваат новите најавени инвестициски планови, ширењето на портфолиото, засилениот настап на македонскиот и на странските пазари итн. Тоа значи дека освен производството на Мастика и на Струмка, во подем е производството на вино од винарницата што работи во рамките на компанијата, а планирано е производство и на ледени чаеви и на вода. Токму новите инвестиции беа повод за разговор со Васе Митев, извршен директор на „Грозд", од кого дознавме многу повеќе за работењето на компанијата. Како конкурентна компанија, секогаш мораме да ги следиме
новитетите, а особено важно е да бидат задржани квалитетот и основната идеја. Затоа и вкусот на нашите производи останува препознатлив со децении, истакна тој.

         
Компанијата „Грозд" постои веќе шест децении на овие простори. Што сѐ е потребно за една компанија да опстои толку многу години?
На задоволство на струмичани и на Mакедонија, компанијата „Грозд" опстоjува од 1953 година, грижливо чувајќи ги едни од најстарите брендови на овој пазар – струмичка Мастика и Струмка. Долгогодишното постоење е резултат на континуираното вложување и на напорната работа. Во последните 15 години почнавме нова ера со модернизација на производството и со зголемена продажба, при тоа планираме да ставиме поголем акцент на маркетинг и на промоција на брендовите.

Колкав е годишниот обем на производство и кои производи учествуваат со најголем процент? Дали сте задоволни со искористеноста на вашите производствени капацитети?
Нашиот асортиман содржи безалкохолни и алкохолни пијалаци. Од палетата на безалкохолни производи, најголем дел од производството, во согласност со побарувачката, има Струмка. Што се однесува на алкохолните пијалаци, освен Мастика значително место во нашето производство имаат и вината. Со константното проширување на производствените капацитети, се надеваме дека ќе ја зголемиме искористеноста.

Во што се состои уникатноста на Струмичката мастика?
Струмичката мастика е оригинален пијалaк од „Грозд" – Струмица, ценета и позната во светот, за што има добиено голем број награди и признанија на саеми и на меѓународни дегустации. Богатиот вкус на струмичката мастика се добива од чист природен вински дестилат, анасон и од мед. Целиот процес на производство на струмичка мастика е природен. Кога оргиналната струмичка Мастика, произведена од „Грозд", ќе се помеша со вода, пијалакот добива магична синкаво-бела боја.

Каква е соработката со трговците во малопродажбата низ Македонија – почнувајќи од најголемите па сѐ до најмалите?
На наше задоволство, традиционалната трговија низ Македонија сè уште покажува знаци на живот. Нашата соработка функционира на високо ниво, но сè поголем процент на продажба се врши и во организираните синџири на маркети на локално и на државно ниво, кои заземаат најзначаен дел од пазарот.

Колкава е лојалноста на потрошувачите кон вашите брендови, со оглед на тоа што на пазарот сте толку многу години? Може да направите споредба на потрошувачите некогаш и денес?
Токму долгогодишното искуство на пазарот доведе до усовршување на соработката со потрошувачите низ цела Македонија. Нашата компанија има многу лојални купувачи затоа што имаме квалитетни и различни производи. Како конкурентна компанија, секогаш мораме да ги следиме новитетите, но особено важно е квалитетот и основната идеја да бидат задржани. Затоа и вкусот на нашите производи останува препознатлив со децении. Потрошувачите отсекогаш сакале квалитетна услуга. Ние мора да ги разбереме нивните потреби каде и да се. Без разлика дали во Македонија или надвор од неа, мора да обезбедиме најдобар контакт и пристап до потрошувачите. Порано луѓето доаѓале во продавниците со мало знаење и при својот избор тие целосно се потпирале на искуството и на предлозите на продавачите.

Денешните потрошувачи се навикнати сами да ги прават своите пребарувања и истражувања за да ја извлечат максималната вредност на секој денар што го трошат и да се чувствуваат сигурни за набавките што ги прават. Уникатноста и квалитетот некогаш и денес, се причината што имаме многу лојални потрошувачи. Без разлика колку и да се менуваат времињата, потрошувачите знаат да го препознаат квалитетот. Тоа е докажано со многу меѓународни признанија, како и од признанијата на нашите потрошувачи.

Дали планирате проширување на работењето и надвор од Македонија, во поглед на производство и на пласман на вашите производи?
Пазарот во Македонија не е толку голем и нашата долгорочна стратегија е извозно ориентирана. Бројките покажуваат дека имаме производи што се едни од најбараните македонски брендови. Бројките покажуваат дека имаме производи што се едни од најбараните македонски брендови

Годинава инвестиравте околу 3 милиони евра во погон за производство на негазирана вода и на ледени чаеви. Како дојдовте до идејата за почнување
на ваков проект?

Најголемата инвестиција годинава е токму во овој производствен погон за зголемување на производствените капацитети, производство на негазирана вода и ледени чаеви. Целта е да ги искористиме ресурсите за проширување на асортиманот на производи на нашата
компанија. Новиот производствен погон треба да биде 2.500 квадратни метри и секако дека ќе имаме и нови вработувања во зависност од потребите. Ова е голема можност, претежно за младите луѓе, кои сакаат да останат овде и да напредуваат во своите кариери. Имаме многу идеи за проширување и за развој на компанијата, но во ваков проект влегувате само доколку силно верувате во тоа што го правите.

Колкав дел од асортиманот извезувате во странство и кои брендови можат да се најдат надвор од Македонија? На кои сѐ пазари се присутни производи те на „Грозд" и кои се наредните што што сакате да ги освоите?
Наши најизвезувани производи се струмичката Мастика и Струмка. Најголема мрежа на продажба имаме развиено во Србија, Хрватска, Швајцарија, Германија, Австрија, Италија, Америка, Австралија – претежно онаму каде што има македонски иселеници и луѓе кои го препознаваат вкусот и квалитетот на македонските брендови. Во овој период се фокусираме да го подобриме извозот во поранешните југословенски простори, во Косово и во неколку европски држави.

Според Вас, како компаниите и државата би можеле заеднички да ја намалат продажбата на нелегални алкохолни пијалаци? Дали сте се соочиле со овој проблем и дали сметате дека е поприсутен во малопродажбата или во хорека-секторот?
Отсекогаш постоеле нелегални производители со кои треба да се бориме на пазарот. Порано давачките биле минимални, но во денешно време, ако ги додадеме даноците и акцизите на крајната цена на производите, добиваме многу големи трошоци.
Поединците што вршат нелегална продажба на пијалаци едноставно не придонесуваат за државата. Надлежните институции се должни да ги откријат и да ги стопираат дејствата на таквите „нелојални играчи".

Какви се резултатите од работата на „Грозд" во првата половина од 2016 година, во споредба со 2015 година, дали сте задоволни од работењето на компанијата на домашниот пазар?
Дефинитивно, бројките се најголемите показатели за успешноста на работењето на една компанија. Првата половина од годинава ја поминавме значително подобро во однос на претходната. Купувачите веруваат во тимот на „Грозд" така што нам ни останува да работиме на зголемување на нашата присутност на пазарот.



 
 
 
 
back to top