IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Среда, 18.07.2018 || Добивката на „Плантаже“ изнесува 2,4 милиони евра  |  „Ошан“ воведе гласовен четбот за вино и храна  |  Нова франшизна продавница „Шпар партнер“  |  Специјално пиво по повод средбата Трамп-Путин  |  Доделени првите грантови за домашни компании  |  „Карлсберг“ отвора нова пиварница  |  Кинези ќе градат индустриски парк за овошје и зеленчук  |  Нов ИнфоЛогистички центар во Љубљана  |  „Велпро“ ќе ги поддржува малите трговци  |  Белград стана побогат за уште еден dm  |  Резултатите на „Пепсико“ се подобри од очекуваните  |  Кратошија меѓу најдобрите вина на британскиот пазар   |  „Интермарше“ за постари лица  |  Повисоки трошоци за живот и малопродажни цени во јуни  |  „Бимилк“ подари ново место за спорт и рекреација  |  „Унилевер“ го купи бугарскиот бренд сладоледи Denny  |  „Нилсен“ именуваше нов раководител за Јадранскиот Регион  |  „Макпрогрес“ на „Summer Fancy Food Show“  |  „Перно Рикар“ ќе дистрибуира безалкохолен џин  |  Продажба на алкохолни пијалаци во секое време  |   ||
   

Владимир Трпаноски: Синоним за квалитет и традиција

15.10.2013
„Витаминка" е една од ретките македонски компании што може да се пофали со долга традиција и врвен квалитет. Од 1956 година „Витаминка" контуинирано работи на унапредување на производствените процеси и надградување на своето производствено портфолио. Преку бројните инвестиции низ годините и решеноста да се успее, „Витаминка" денес е една од водечките македонски прехранбени компани, а флипсовите, преливите, чоколадата, инстант-пијалаците, супите и зачините се само дел од нејзиниот „свет на вкусови". За работата и за моменталните предизвици со кои се соочува „Витаминка" на македонскиот пазар разговаравме со комерцијалниот директор Владимир Трпаноски. 

Како ја оценувате ситуацијата во секторот трговија со стока за широка потрошувачка во Македонија денес, а особено положбата на македонските произведувачи на храна?
 
Во услови на чуствување на последици од економската криза, може да се заклучи дека во моментов ситуацијата е задоволителна. Tоа значи дека веќе се чувствуваат услови на подобрување. Пазарот во Македонија и условите во кои функционираме во изминатите неколку месеци почнаа да се подобруваат и во смисла на ликвидност на компаниите. Нашата компанија е една од ретките во Македонија со големо искуство на пазарот и кога зад себе ја имате традицијата, многу полесно се справувате со проблемите кои речиси секогаш ги има во секојдневното работење. Кога сте локален и регионален лидер работите полесно се одвиваат бидејќи добро ги познавате пазарните услови, имате знаење како да го зголемите пазарниот удел, а тоа само по себе носи позитивни финансиски резултати. 
 
Која е најсилната категорија на производи на „Витаминка" и кои брендови се најзаслужни за добрите резултати на компанијата?
 
Очекувано, најсилниот и воедно најпрепознатливиот бренд на „Витаминка", Стоби Флипс најдобро котира на пазарот и е истовремено најуспешен и најпрепознатлив бренд на македонскиот, но и на странските пазари. Сите производи од линијата на Стоби Флипс се исклучително успешни, меѓутоа тука не треба да се изостави и популарноста на останатите брендови, како Витанез, Цевитана и Атлантис, како и линиите на кекси и корнфлекси. 
 
Во која производствена линија (или линии) забележувате континуиран пораст, или, со други зборови, во која линија гледате најголем потенцијал во иднина?
 
Не би можел конкретно да прецизирам линија со најголем потенцијал во иднина. „Витаминка" континуирано работи на развој  на своите линии на производи, без разлика дали станува збор за повеќе или помалку популарни брендови. За нас секој бренд е ист, и во нашата развојна стратегија посветуваме подеднаква важност и внимание на порастот на секоја линија и на секој производ. 
 
Минатата година ја лансиравте новата линија производи Бонитас. Имате ли фидбек од потрошувачите и како сте задоволни од досегашниот пласман на пазарот?
 
Искрено, бевме и повеќе од пријатно изненадени од реакцијата на потрошувачите. Нашата цел беше Бонитас да прерасне во модерен бренд, кој е во тек со светските трендови кога станува збор за ваков тип на производи. Токму таква перцепција добија и нашите потрошувачи – дури на одреден дел од нив им беше неверојатен фактот дека 
 станува збор за македонски производ од македонска компанија. Поради тоа и пласманот беше добар, особено имајќи го предвид фактот дека зборуваме за релативно нов бренд на македонскиот пазар. Бренд што има одлично пакување, и производ што се двои од останатите во овој сегмент поради неговиот висок квалитет. 
Општо земено, кога лансирате нови производи, дали ви е потешко да ги пробиете – и кај вашите купувачи (малопродажбата) и кај крајниот потрошувач?
 
Анализата на пазарот е првата алатка во почнувањето на процесот на создавање на нов производ. Таа анализа покажува дали и каков тип на производ недостасува. Потоа следуваат сите останати чекори поврзани со производство и лансирање на нов производ. Ние точно знаеме која ни е целна група и како да ја комуницираме, па поради тоа проблеми од овој тип немаме. Знаеме точно на кого е насочен нашиот производ, зошто го купуваат потрошувачите и кој го купува. Ако сакате да ја проширите таргет-групата, наоѓате начин да дадете дополнителна вредност на производот што ќе ви помогне во тоа. 

Повеќе можете да прочитате во електронското и печатеното издание на InStore бр.11


 
 
 
 
back to top