IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Среда, 25.04.2018 || Domaine Lepovo Grand Cuvée светски шампион  |  Повторна продажба на имотот на компанијата „Малина“  |  „Хајнекен“ оствари солиден количински пораст  |  „Агрокор“ продолжува непречено да работи од 15 јули?  |  „П & Г“ презеде дел од портфолиото на „Мерк“ за 3,4 милијарди евра  |  „Гринјард“ бара снабдувачи во Македонија  |  „Сите сити“ - нов систем за донирање вишок храна  |  Медицинска опрема од „Жито лукс“ за четири болници  |  Во „Веро“ - Тафталиџе бесплатен паркинг 30 минути  |  „Млин и пекара Љубаче“ со нова инвестиција  |  Natur Premium пристигнува на македонскиот пазар  |  „Монделез“ вложува 90 милиони евра во „фабрика на иднината“  |  „Рамстор“ го отвори 25.маркет  |  „Хенкел“ отвори нова фабрика Somat во Крушевац  |  „Сан Пелегрино“ со приход од 895 милиони евра  |  „Карфур“ ги отвори првите пунктови испорака за пешаци  |  „Персу“ ги повика локалните производители да соработуваат  |  „Кимберли Кларк“ ќе го проширува капацитетот во Алабама  |  „Витамин“ на саемот во Мостар  |  Владимир Косијер нов генерален директор на „Пивара Скопје“  |   ||
   

Урша Фечур: Растеме полека, но барем растеме

08.03.2013
Урша Фечур, директор на ДОО „Шторк Адриа"
 
Растеме полека, но барем растеме
 

Германската компанија „Шторк", најпозната по својот бренд Merci, веќе неколку години успешно работи и на нашите простори. Подружницата во Словенија, ДОО „Шторк Адриа", е основана во 2003 година и е одговорна за продажба и маркетинг на брендовите на пазарите на Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Албанија. Според податоците на компанијата, нивните производи секој ден стигнуваат до повеќе од 6,24 милиони луѓе од целиот свет. Што значи тоа за компанијата и лично за неа, ни открива Урша Фечур, директорката на ДОО „Шторк Адриа".

Од кога „Шторк" со своите производи е присутен во регионов?

Во Словенија сме од 1992 година, но тогаш бевме присутни преку дистрибутерот ДОО „Петра Маркетинг". Тоа е семејна фирма на моите родители кои тогаш беа увозници за разни познати брендови. Пред влегувањето на Словенија во ЕУ, „Шторк" отвори свое претставништво тука, што прво се викаше „Шторк Словенија", а кога преземавме регионална одговорност, се нарековме „Шторк Адриа". Во тој проект влеговме сите што тогаш работевме на таа програма, а покрај производите на „Шторк", со себе ги понесовме и Poco Loco и Ritter Sport, што сега се дел од нашиот асортиман. Тој потег се покажа како многу добар и денес тие два бренда не ги сфаќам како „посвоени деца", туку како дел од нашето семејство, бидејќи не правиме разлика меѓу брендовите. Откога во 2005 година го преземавме регионот на цела поранешна Југославија, без Македонија, за којашто е задолжен бугарскиот дистрибутер, следуваше приклучување и на Албанија.

А кога Вие се приклучивте кон „Шторк"?

Мислам дека тоа беше во 1999 година кога лансиравме ТВ-реклама за Toffifee. Почнав како продукт-менаџер, а потоа се испробав и како менаџер за маркетинг.

На вашиот работодавач во Германија му одговарате за целиот јадрански регион, што не е малку, нели?

Да. Но, ако работиш со срце и ако знаеш како отворено да се соочиш и со подемите и со падовите, тогаш работата не е напорна. Секако, очекувањата се високи цело време. Мораме да бидеме свесни дека „Шторк" е, сепак, семејна фирма и тоа се чувствува на сите нивоа. На чело е Аксел Обервеланд, кој ја претставува веќе четвртата генерација од создавањето на фирмата и во ретките годишни пригоди кога го гледам, можам резултатите и предизвиците секогаш да му ги кажам директно.

Како Вие ја чувствувате таа фамилијарна поврзаност?

„Шторк" цели 110 години е во рацете на едно семејство. Не е мултинационална компанија со огромен број акционери од разни делови на светот. Постои шеф кој редовно доаѓа во канцеларија и чијшто збор се слуша. Припадноста кон компанијата е целосно поинаква отколку во други фирми. Можеме да растеме само ако сме заедно. Едноставно, не можеме да си дозволиме подметнувања. Вкупно сме 19 вработени тука и имаме уште 6 колеги во Хрватска.

Какви инструкции добивате од Германија, каде што е матицата?

Постојат некои златни правила што се синхронизирани со тоа во која фаза од развојот се наоѓа брендот, односно фирмата. Со оглед на тоа што би нè означила како продавница, а не, да речеме, како фирма за услуги или за производство, најголема вредност, сепак, е продажбата. А за тоа е потребна правилна стратегија. Во голема мера овие критериуми ги достигнуваме, а зафатите за продор на некој бренд или инвестициите за негов развој се исти за двомилионски или за 20-милионски пазар.

Што сметате дека е најголем успех во Вашата кариера?

Најголем успех ми е токму нашиот тимски однос кон работата. И кога се тешки времиња, во очите на соработниците секогаш гледам искри. И само тие значат нови идеи и напредок. Можам отворено да ви кажам дека во нашите редови не постои ниту една личност што не верува во нашиот успех. Нашето мото е буквално сите за еден, еден за сите. Секако дека од тимскиот дух не можеме да преживееме. Целите ги поставуваме во од, а подоцна знаеме и да ги прославиме. По тоа сме баш познати. А знаете што е за мене победа? Тоа што најновите податоци на „Нилсен" покажуваат, на пример, дека паѓаме, но многу помалку од целата категорија. А со Merci дури и растеме.

Можете ли да ни ја опишете разликата меѓу пристапот кон поединечни брендови?

Најлесно е да се продава производ со супер цена, добра ТВ-реклама и стопроцентно изградена дистрибуција. Можеш и да го имаш сето тоа, а потрошувачот во тебе не препознава квалитет. Затоа, кај нас е ставен акцент на проучување на потрошувачот. Моментално, за жал, не можеме да си дозволиме безглаво инвестирање во брендовите, бидејќи тоа силно се одразува на нивната висока малопродажна цена. Како дистрибутери го сакаме само тоа, правилата да се еднакви за сите.

Кои брендови се водечки во регионот?

Во регионот на „Шторк Адриа" редоследот е следен: Merci, Tofiffee, Nimm2, Werther’s.

Кој бренд има најмногу напредувано?

Најголем скок направи Nimm2, а тоа ни успеа исклучиво и само со екстензиите на линијата и со иновациите што целосно го обновија брендот. За разлика од Merci и Tofiffee, тука бевме многу брзи и малку отстапивме од нашата традиционалност.
 
Повеќе прочитајте во печатеното и електронското издание на InStore бр.5


 
 
 
 
back to top