IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Среда, 24.01.2018 || „Карлсберг“ мора да плати пазарна цена за уделот во „Хабеко“  |  Норвешкиот амбасадор ја посети фабриката „Књаз Милош“  |  И „Сеинсберис“ ќе крати менаџерски позиции  |  „Карфур“ ја објави визијата за 2022 година  |  „Амазон“ ги објави 20 потенцијални локации за новото седиште  |  „Теско“ затвора 1.700 менаџерски работни места  |  Мрежата на „Профи“ достигна 700 објекти  |  „АЦ фуд“ го купува последниот дел од имотот на „Агрокомерц“  |  „Шпар“ - Словенија ја претстави онлајн-продавницата  |  Отворен е првиот „Амазон гоу“ за потрошувачите  |  Промоција на Fuzetea, бренд достапен и на македонскиот пазар  |  Нов „Алди-М плус“ во Гевгелија  |   „Бивода“ планира извоз во Македонија и во Грција  |  Престижен орден од Финска за Светозар Јаневски  |  „Мигрос“ останува лидер, најголем скок во интернет-каналот  |  „Биедронка“ станува сè посилна  |  „Тривит“ ги презеде постројките на пекарницата „Алимпије“  |  „Плодине“ го отворија 81. продажен центар   |  „Гомекс“ планира отворање на 30 продавници  |  „Бел фуд груп“ го презема „Хугли“  |   ||
   

Трендови: Регионални примери на глобалната сцена

20.02.2017
 
„Супер Конзум" – Радничка и „Меркатор" – Шишка се меѓу 15 најдобри продавници во светот по препорака на ИГД.

Приреди: Јелена Домовиќ, jelena@instore.hr

Врз основа на глобалната програма за посета на малопродажните продавници, експертската организација за трговија – ИГД, објави попис на 15 продавници во светот, кои препорачува да се посетат годинава. Меѓу продавниците на локации од Сиднеј до Торонто и од Буенос Аирес до Шангај, на престижната листа се најдоа и „Супер Конзум" – Радничка и „Меркатор" – Шишка.

ИГД редовно ја следи и ја анализира состојбата на трговијата во светот, а овојпат ги посети продавниците, односно направи анализа на малопродажните синџири во повеќе од дваесет земји. Фактот што продавниците на „Агрокор" се најдоа на таа листа е доказ дека малопродажбата на трговецот создава нови трендови во трговијата, не само во регионот, туку и во светот. Сакаме и двата објекта да станат пример и да ја преземат водечката улога за модерен концепт на продавница, изјави Анте Тодориќ, извршен потпретседател на „Агрокор".

„Супер Конзум" – Радничка беше отворен на крајот од 2015 година, а реновираниот „Меркатор" – Шишка, на крајот од јули 2016 година. Како клучни компаративни предности на двата објекта, експертите од ИГД ги истакнаа широката понуда и спектарот на услуги (од цвеќарница до аптека), како и интересниот начин на приготвување пица, леб и колачи, бројните иновации и новите искуства што ги нудат продавниците.

„Супер Конзум" – Радничка на купувачите им нуди голем избор од различни производи и услуги, но истовремено е и место каде купувањето станува доживување. По повеќе од една година од отворањето, можам да потврдам дека благодарение на трудот на вработените и на верноста на купувачите, продавницата ги оправда очекувањата. Признанието од ИГД ќе ни биде мотивација и во иднина да продолжиме со воведување на најсовремени трендови и иновации, рече Славко Ледиќ, претседател на управата на „Конзум".

Тони Балажиќ, претседател на управата на „Маркатор", вели дека се горди што меѓународните експерти го препознале трудот на трговецот: Реновираниот „Меркатор" – Шишка се вбројува меѓу најсовремените хипермаркети во поширокиот регион, кој на купувачите им нуди единствено искуство. Со него, во купувањето внесовме забава и пријатно доживување. Цели шест месеци по отворањето, тврдам дека купувачите, доставувачите и бизнис-партнерите одлично го прифатија новиот модел.

ИГД – престижна референца во трговијата

ИГД е независна и непрофитна истражувачка и образовна организација, која ѝ помага на глобалната трговска индустрија да одговори на потребите на купувачите. Преку доверливи односи во целиот синџир на снабдување, организацијата дава увид и насоки за развој на трговијата и за вложување во вештините на луѓето, односно придонесува за сигурна и за одржлива јавна корист и за размена на најдобрите практики. ИГД има широка мрежа на дистрибутери, производители и на даватели на услуги, а меѓународното влијание го потврдува и преку соработката со бројни експерти од Велика Британија, Азија и од Северна Америка. Финансиите што ги заработува од продажба на студиите, ИГД ги враќа во индустријата преку добротворни активности.

Таму каде што купувањето станува доживување

Единственото купувачко искуство е важен фактор за успех на трговците во иднина. Денес, потрошувачите може да купуваат многу производи на најразлични места, вклучувајќи го и интернет-каналот. Сепак, традиционалните продавници претставуваат простор каде производите може да добијат нови димензии. Денешните потрошувачи се во постојана потрага по нови начини за олеснување на секојдневниот живот, помалку стрес, повеќе време и за уживање во тоа што го прават.

Освен за купување производи, модерната продавница нуди и содржини кои се однесуваат на забава, кулинарство, грижа за изгледот и на здравје. Продавницата повеќе не е неутрален простор со производи на полиците, туку место што влијае на сите сетила.


 
 
 
 
back to top