IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Среда, 24.01.2018 || „Амазон“ ги објави 20 потенцијални локации за новото седиште  |  „Теско“ затвора 1.700 менаџерски работни места  |  Мрежата на „Профи“ достигна 700 објекти  |  „АЦ фуд“ го купува последниот дел од имотот на „Агрокомерц“  |  „Шпар“ - Словенија ја претстави онлајн-продавницата  |  Отворен е првиот „Амазон гоу“ за потрошувачите  |  Промоција на Fuzetea, бренд достапен и на македонскиот пазар  |  Нов „Алди-М плус“ во Гевгелија  |   „Бивода“ планира извоз во Македонија и во Грција  |  Престижен орден од Финска за Светозар Јаневски  |  „Мигрос“ останува лидер, најголем скок во интернет-каналот  |  „Биедронка“ станува сè посилна  |  „Тривит“ ги презеде постројките на пекарницата „Алимпије“  |  „Плодине“ го отворија 81. продажен центар   |  „Гомекс“ планира отворање на 30 продавници  |  „Бел фуд груп“ го презема „Хугли“  |  „Фереро“ го купува американскиот кондиторски сегмент на „Нестле“  |  „Маркс & Спенсер“ го продаде бизнисот во Хонг Конг  |  „Лакталис“ повлекува 12 милиони пакувања млеко за бебиња  |  „Атлантик група“ ја презема дистрибуцијата на „Марс“  |   ||
   

Топ трговец: „Костко“

19.06.2013
„Костко" најавува експанзија на меѓународните пазари и глобално лансирање на е-услугите во наредните години
 
Пречките не го забавуваат глобалниот пораст
 
Во моментов, „Костко" е петти на листата на водечките светски трговци, а на добар пат е да се позиционира на четвртото место до 2018 година. Синџирот ќе стане многу поголема глобална сила кога приходот од продажбата на меѓународните пазари ќе порасне на планираните 32 отсто, во споредба со 29 отсто, колку што бележи денес.
 
Автор: Сенди Скрован, директор за истражување – САД, „Планет Ритеил" 
 
 
Американскиот големопродажен синџир „Костко" бележи компаративна предност во однос на својата конкуренција на неколку нивоа: пораст на продажбата и на продажниот простор, како и на ширината на асортиманот и најавува експанзија на е-работењето на глобално ниво. Пред пет години, приходот од продажбата на меѓународните пазари беше помалку од четвртина од вкупните приходи. Во наредните пет години ќе претставува повеќе од третина. Без оглед на одредени пречки, аналитичарите од „Планет Ритеил" се уверени во профитабилноста на меѓународната експанзија на „Костко". Најсвежо објавените резултати покажуваат дека трговецот во првото тримесечје, заклучно со 17 февруари 2013 година, забележа пораст на нето-продажбата од 8% на 24,34 милијарди долари, во однос на истиот период во 2012 година. Меѓународната продажба на споредениот период порасна за 6%, додека на територијата на САД забележан е пораст од 5%.
 
Резултати и планови
 
Во моментов „Костко" е петти на листата на водечките светски трговци и на добар пат е да се позиционира на четвртото место до 2018 година. Трговецот ќе стане многу поголема глобална сила кога приходот од продажбата на меѓународните пазари ќе порасне на планираните 32 отсто, во споредба со 29 отсто, колку што бележи денес. Бројот на трансакциите порасна за 2%, додека зачестеноста на купувањето е зголемена за 3%.Меѓу сегментите што во претходниот период забележале најзначаен пораст се наоѓаат прехранбените производи, вклучувајќи ги свежите и сушените производи. Пазарите на Канада и Мексико забележаа најдобри резултати на годишно ниво, пред сè благодарение на поволниот валутен курс, додека во Јужна Кореја и во Јапонија синџирот почувствува канибализација на пазарите и работеше со полоши финансиски резултати.Претходната година трговецот ја заврши со 622 продажни објекти – 444 во Америка и 178 на меѓународните пазари. Во втората половина од фискалната година се очекуваат отворања на 14 продажни единици во следните држави: САД (+4), Јапонија (+5), Велика Британија (+2), Австралија (+1), Тајван (+1) и Мексико (+1).
 
Прочитајте повеќе во електронското и печатеното издание на InStore бр.8

 
 
 
 
back to top