IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Среда, 25.04.2018 || Domaine Lepovo Grand Cuvée светски шампион  |  Повторна продажба на имотот на компанијата „Малина“  |  „Хајнекен“ оствари солиден количински пораст  |  „Агрокор“ продолжува непречено да работи од 15 јули?  |  „П & Г“ презеде дел од портфолиото на „Мерк“ за 3,4 милијарди евра  |  „Гринјард“ бара снабдувачи во Македонија  |  „Сите сити“ - нов систем за донирање вишок храна  |  Медицинска опрема од „Жито лукс“ за четири болници  |  Во „Веро“ - Тафталиџе бесплатен паркинг 30 минути  |  „Млин и пекара Љубаче“ со нова инвестиција  |  Natur Premium пристигнува на македонскиот пазар  |  „Монделез“ вложува 90 милиони евра во „фабрика на иднината“  |  „Рамстор“ го отвори 25.маркет  |  „Хенкел“ отвори нова фабрика Somat во Крушевац  |  „Сан Пелегрино“ со приход од 895 милиони евра  |  „Карфур“ ги отвори првите пунктови испорака за пешаци  |  „Персу“ ги повика локалните производители да соработуваат  |  „Кимберли Кларк“ ќе го проширува капацитетот во Алабама  |  „Витамин“ на саемот во Мостар  |  Владимир Косијер нов генерален директор на „Пивара Скопје“  |   ||
   

Светски трговец: „Реве Груп“ - На пат кон профитабилен пораст

19.05.2013
„Реве Груп" им одолева на конкуренцијата во Германија и на економските слабости на странските пазари
 
На пат кон профитабилен пораст
 
Според зборовите на Алан Капарос, извршен директор на групацијата, трговецот и оваа година, како и претходната, ќе вложи повеќе од 1,5 милијарди евра во развој на синџирот. Парите ќе бидат насочени во модернизација и органски развој на мрежата на банерите „Реве" и „Била", како и за репозиционирање на банерот „Пени" во Германија.

Автор: Матеас Квек, ритеил аналитичар, „Планет ритеил"

За германскиот трговец и туроператор „Реве груп", 2012 година е обележена со континуитет – најголем дел за благосостојбата и делумно на штета на синџирот. Додека прехранбениот сектор зајакнуваше, бележејќи двоцифрен пораст, проблемот со синџирот за електроника „Про Маркт" бараше итна интервенција. Репозиционирањето на дисконтот „Пени" во Германија, како што ни кажаа, е „на добар пат".

Ги надминавме сопствените цели, изјави неодамна Алан Капарос, извршниот директор на групацијата, на конференцијата во Келн. Без разлика на конкуренцијата во Германија и економската слабост на странските пазари, сè уште сме на пат кон профитабилен пораст.
 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Во фискалната 2012 година, забележан е пораст на продажбата од 2,7% на 49,7 милијарди евра. На домашен терен приходот порасна за 2,4%, а на странските пазари за 3,6%. Бројот на продавниците во малопродажната мрежа е намален за 1%, поради реорганизацијата на работењето на банерите „Пени" во Германија и „Била" во Италија. Кон крајот на минатата година, групацијата во Германија работеше преку 10.842 продавници.

Пет фактори
Според зборовите на Капарос, следните фактори го насочуваат позитивниот развој на компанијата:
  • Успешното работење на супермаркетите – „Реве" во Германија и „Била" на странските пазари.
  • Меѓународно работење на дисконтерот, следено со позитивните ефекти од реорганизацијата на мрежата „Пени" во Германија.
  • Зголемена продажба во секторот туризам, што минатата година достигна 4,7 милијарди евра.
  • „Одлична ситуација" со капиталните ресурси, ниската стапка на задолженост и висок проток на пари.
  • Концентрација на оперативното работење.
Приходот во дивизијата целосна палета (стандардна понуда во Германија) порасна за 5% на 15,9 милијарди евра. Во меѓународниот работен сегмент прометот на меѓународната целосна палета порасна за 2%, на 9 милиони евра. Порастот е придвижен со успешниот развој во Австрија, каде што банерите „Била", „Меркур" и „Бипа" генерирале пораст на прометот за 3,4%. Како што кажуваат во синџирот, силното работење е постигнато благодарејние на „јасното и фокусирано одржливо вложување во задоволството на потрошувачите и ценовната политика, атмосферата во продавниците и вработените".
Надвор од Австрија, продажбата на банерот „Била" во централна и источна Европа порасна за 6,8%. Во Италија прометот падна за 19,9% поради продажбата на продавниците на југот на земјата, додека преостанатите објекти забележаа кумулативен пораст од 1,3%.

Дисконтот „Пени" забележа пораст на продажбата од 1,7% на 6,8 милијарди евра. По реорганизацијата на 600 објекти во Германија, групацијата овој процес ќе го продолжи и оваа година со дополнителни 700 продавници.

Поглед во иднината

Според зборовите на извршниот директор, трговецот и оваа година, како и минатата, во развојот на синџирот ќе вложи повеќе од 1,5 милијарди евра. Парите ќе бидат насочени во модернизација и органски развој на мрежата на банерите „Реве" и „Била" и за репозиционирање на банерот „Пени" во Германија. На домашен терен, „Реве" сака да реновира 266 веќе постоечки и да отвори 116 нови објекти.

Зацврстување на позицијата на „Пени": Дисконтот бележи значителен пораст на странските пазари, но во Германија се соочува со тешкотии. Не е лош порастот од 3,5% во 2012 година, имајќи ги предвид средствата вложени во реновирањето на објектите и во маркетинг, како и фактот дека трите водечки конкурентски синџири не бележат пад на профитот. Но, дури и на странските пазари продавниците бараат преуредување. Во текот на 2013 година, „Пени" планира да стави под нов концепт 80 австриски продавници, како што направи со 70 објекти минатата година, како и отворање на шест нови продавници.

Зајакнување на странските пазари: Порастот на продажбата од 6,8% забележан кај супермаркетите од централна и источна Европа, е остварен благорадение на ширењето на мрежата. За да се одржи чекор со неколкуте меѓународни конкуренти во земјите како Бугарија, Хрватска, Романија, Русија и Словачка, трговецот инвестициите треба да ги насочи на овие пазари или да ја разгледа можноста за евентуалното повлекување од некои територии.
 
Повеќе можете да прочитате во електронското или печатеното издание на InStore бр. 7

 
 
 
 
back to top