IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Четврток, 26.04.2018 || Domaine Lepovo Grand Cuvée светски шампион  |  Повторна продажба на имотот на компанијата „Малина“  |  „Хајнекен“ оствари солиден количински пораст  |  „Агрокор“ продолжува непречено да работи од 15 јули?  |  „П & Г“ презеде дел од портфолиото на „Мерк“ за 3,4 милијарди евра  |  „Гринјард“ бара снабдувачи во Македонија  |  „Сите сити“ - нов систем за донирање вишок храна  |  Медицинска опрема од „Жито лукс“ за четири болници  |  Во „Веро“ - Тафталиџе бесплатен паркинг 30 минути  |  „Млин и пекара Љубаче“ со нова инвестиција  |  Natur Premium пристигнува на македонскиот пазар  |  „Монделез“ вложува 90 милиони евра во „фабрика на иднината“  |  „Рамстор“ го отвори 25.маркет  |  „Хенкел“ отвори нова фабрика Somat во Крушевац  |  „Сан Пелегрино“ со приход од 895 милиони евра  |  „Карфур“ ги отвори првите пунктови испорака за пешаци  |  „Персу“ ги повика локалните производители да соработуваат  |  „Кимберли Кларк“ ќе го проширува капацитетот во Алабама  |  „Витамин“ на саемот во Мостар  |  Владимир Косијер нов генерален директор на „Пивара Скопје“  |   ||
   

Светски трговец: „Магнит“ - Фокус на форматите и органските мрежи

09.03.2013
Рускиот трговски синџир „Магнит" во 2012 година двојно го зголеми профитот, на 807 милиони долари, во споредба со 2011 година. Компанијата достигна нето-профитна маргина од 5,56 отсто, додека маргината на некоригираниот профит (EBITDA) порасна на 10,56 отсто. Нето-приходот во фискалната 2012 година порасна за 33,6 отсто, на 14,479 милијарди долари, со што „Магнит" станува најуспешниот прехранбен синџир во Русија и еден од синџирите со најголем профит во Европа.
 
Поглед на минатото

„Магнит" својата развојна стратегија ја засноваше на форматите како што се супермаркети и маалски дуќани, особено во помалите градови. Во последните неколку години лидер е во прехранбениот сектор во Русија и трговец што забележа најголем пораст од 2010 година. Оствари подобри резултати од „Х5 Ритеил Груп" и „Ошан", со годишен пораст за 10 отсто поголем од својата конкуренција.

Компанијата за две години отвори повеќе од 2.800 објекти, тројно повеќе од „Х5 Ритеил Груп". Во исто време е најпрофитабилен трговец во Русија, со нето-профитна маргина од 4,3 отсто (2010), 3,6 отсто (2011) и 5,6 отсто (2012).

Во што е тајната на успехот?

„Магнит" својот развој не го почна во метрополите и во ритеил центрите како Москва и Санкт Петербург, туку својата продажна мрежа ја градеше во „родното место" Краснодар и во околината на овој јужен регион. На почетокот се чинеше дека стратегијата беше осудена на пропаст со оглед на тоа што потрошувачите во Москва и Петербург трошеа значително повеќе средства од оние во јужните делови.

Резултат

„Магнит" е на пат во наредните пет години да достигне ниво на продажба двојно поголема од „Ошан" и да стане втор по големина синџир хипермаркети во Русија. Силната експанзија на трговецот може да помогне да достигне 25 отсто од уделот на пазарот во некои од градовите, што е, според рускиот закон за трговија, најголем дозволен удел на одредена територија.

Меѓутоа, потпирањето на „Магнит" на приходот во помалите средини може да го повреди трговецот доколку се промени макроекономската околина во Русија.
 
Прочитајте повеќе во печатеното и електронското издание на InStore бр.5


 
 
 
 
back to top