IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Петок, 20.07.2018 || „Луксол“ повторно работи  |  Трговски vs А-брендови  |  „Волмарт“ се повлекува од јапонскиот пазар  |   Нови бензиски пумпи на КТЦ  |  Добивката на „Плантаже“ изнесува 2,4 милиони евра  |  „Ошан“ воведе гласовен четбот за вино и храна  |  Нова франшизна продавница „Шпар партнер“  |  Специјално пиво по повод средбата Трамп-Путин  |  Доделени првите грантови за домашни компании  |  „Карлсберг“ отвора нова пиварница  |  Кинези ќе градат индустриски парк за овошје и зеленчук  |  Нов ИнфоЛогистички центар во Љубљана  |  „Велпро“ ќе ги поддржува малите трговци  |  Белград стана побогат за уште еден dm  |  Резултатите на „Пепсико“ се подобри од очекуваните  |  Кратошија меѓу најдобрите вина на британскиот пазар   |  „Интермарше“ за постари лица  |  Повисоки трошоци за живот и малопродажни цени во јуни  |  „Бимилк“ подари ново место за спорт и рекреација  |  „Унилевер“ го купи бугарскиот бренд сладоледи Denny  |   ||
   

Студија на случај: Унапредување на маркетингот за сопствените брендови

14.09.2017
 

Ви претставуваме неколку примери за маркетинг-активности на американскиот трговски синџир „Албертсонс", со кои ја зголемил продажбата на сопствените приватни трговски марки.

Приреди: Горица Ѓуровиќ, gorica@instore.rs

Кампањата на американскиот трговец „Албертсонс" под називот „Organic for all" (Органско за сите) е еден од примерите за добро работење и за инспирација за маркетинг на приватните трговски марки. Постојат многу начини да се унапреди и да се поттикне креативноста во маркетингот, а според извршниот директор на оваа компанија, Џеф Андерсон, најважно е производите да се доближат до потенцијалните купувачи.

Раскажувајте интересни приказни за вашиот бренд

Со кампањата од септември минатата година, компанијата „Андерсонс" и нејзините вработени покажаа дека органската храна е достапна за сите. Во телевизиски спот, вработените го демонстрираа квалитетот, достапноста и значењето од користењето на органските производи.

Главната цел на кампањата беше да прикаже дека производите со ознаката за органско потекло ја имаат челната позиција како сегмент, кој бележи неверојатен пораст од година во година. Жителите на САД сè повеќе сакаат да знаат за тоа што го консумираат, како за безбедносните стандарди, така и за квалитетот на производите.

Телевизискиот спот на гледачите им го прикажува начинот на производство, како и процедурите што се неопходни да се исполнат за органските производи да се најдат на американските полици. Целта на кампањата е, пред сè, да се едуцираат потрошувачите и на интересен начин да им го приближи процесот на производство на органска храна.

Ангажирајте експерти да зборуваат за квалитетот на производите

За да заживее кампањата „Organic for all" и да биде прифатена на најдобриот можен начин, „Албертсонс" ангажираше популарни блогери од целиот американски континент, кои ја покажуваа добрата страна од консумацијата на органски производи.

Интересно е што влијателните блогери апелираа на цената на органските производи, односно го истакнуваа фактот дека купувањето органски производи нема да го оптовари домашниот буџет. Челниците на компанијата „Албертсонс" за кампањата ангажираа и познати американски нутриционисти и готвачи, кои снимија серија емисии за здравото готвење и за здравиот начин на живот.

 

Привлечете го вниманието на медиумите со национална фреквенција со помош на познати личности

„Албертсонс" го прослави лансирањето на своите приватни трговски марки, како што се Signature Select, Signature Kitchens, Signature Farms, Signature Cafe, Signature Home и Signature Care, во соработка со актерката Тифани Тисен. Таа е водителка на популарната телевизиска шоу-програма „Dinner at Tiffani’s" (Вечера кај Тифани) на „Кукинг ченл".

Како што наведуваат од „Албертсонс", Тисен ги инспирирала купувачите со своите совети и со рецептите за оброците Signature, потег што многу ја подобрил продажбата на овие производи. Кампањата беше популарна не само на телевизија, туку и на социјалните мрежи. Актерката делеше и садови со својот потпис преку социјалните мрежи, под хаштагот #MySignatureMoments. Меѓу другото, купувачите беа повикувани да се вклучат во конверзацијата на социјалните мрежи и да ги споделат искуствата од користењето на производите.

Споделете ги позитивните искуства за брендот со вашите соработници

Челниците на „Албертсонс" се многу горди на своите производи и гарантираат проверен квалитет, како и добра и прифатлива цена. Во случај потрошувачите да не се задоволни од производите, компанијата ќе им ги врати парите – без прашања и без сметки.

Кога трговецот ги лансираше производите од колекцијата Signature Family во април 2016 година, продавачите како клучна стратегија користеле ангажирање на соработници: Ги замоливме соработниците при продажбата на нашите производи накратко да го раскажат концептот на брендот. Добриот оброк, квалитетните садови и лесното одржување се некои од главните карактеристики на нашите производи, објаснуваат од компанијата. Околу 500 соработници на „Албертсонс" преку своите трговски интернет-портали ја пренеле кампањата и на тој начин уште повеќе ги приближиле производите до потенцијалните купувачи.

Одличниот оброк не мора да биде прескап

Како еден од најуспешните примери, „Албертсонс" го истакнува поврзувањето со омилената професионална организаторка на забави на Опра Винфри – Деби Лили. Во емисијата на Лили, прикажана во февруари годинава, готвачот Џеф Андерсон, кој е дел од тимот на „Албертсонс" и е одговорен за развој на нови производи, споделуваше совети за одлична вечера за Денот на заљубените. За приготвување на вечерата, тој го користел органското месо O Organics и Open Nature. Препорачаните оброци беа приготвени од јунешко месо, во комбинација со мед, рузмарин и со други слични зачини.

Во емисијата, Лили им покажа на гледачите како да направат добар вечерен амбиент – како да ја постават масата, да го декорираат јадењето и кое цвеќе да го одберат за трепезариската маса. За декорирањето и за потребите на вечерата, биле користени производите од колекцијата Debi Lilly Design, кои може да се најдат во продавниците на „Албертсонс".


 
 
 
 
back to top