IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Сабота, 20.10.2018 || Тридневна дружба на вработените на „Макпрогрес“  |  „Лакталис“ го купува „Нестле“ во Малезија за 40 милиони долари   |  Трговците избраа ТОП 100 производи  |  Милијардер купи удел во Starbucks  |  Перутнина Птуј“ ќе продава салами во САД   |  „Метро Бугарија“ воведува автентични млечни продукти  |  Сертификати за компаниите што се фер со потрошувачите  |  „Унилевер“ нема да се сели во Холандија   |  Трговците бираат топ 100 производи   |  Битола стана дел од големиот проект „Coca-Cola Активни зони“   |  Производителите на чоколадо се насочуваат кон Исток   |  Трошоците на живот на месечно ниво намалени, на годишно имаат раст   |  Расте добивката на „ПепсиКо“   |  „Нестле“ е заинтересиран да купи бренд за минерална вода  |  Германските трговци продаваат преку интернет   |  Нов „Стокомак“ во Тетово  |  Експресна услуга на нова локација во Струга  |   Увозот на храна расте побрзо од извозот   |  Во септември пад на светските цени на храната   |  „Фуд стар“ ќе извезува пилешко месо во Кина   |   ||
   

Стефан Трајковски: ЛЕД-светла иднина

17.11.2016
ЛЕД-осветлувањето е технологија на иднината што ветува многу, но придобивките можат да се добијат само со правилна примена

Автор: Стефан Трајковски, „Стетра инженеринг", s.trajkovski@stetra.com.mk 

Во денешно време со сигурност може да се каже дека ЛЕД-технологијата ја презема главната улога за осветлување на пазарот. Развојот на високоефикасни ЛЕД-диоди кои во себе содржат фосфорни облоги и можат да произведат бели и жолти тонови на бела светлината, претставува револуција во индустријата и тие стануваат сѐ посериозна конкуренција на другите технологии за осветлување.

Глобално, ЛЕД-осветлувањето се зголемува со експоненцијални стапки и веќе до 2015 година е застапено е во 28 отсто од целокупниот пазар. 
Според експертите и познавачите на оваа технологија, речиси целокупното осветлување до 2025 година ќе биде со ЛЕД-светилки. Ваквата изворедна стапка на пораст ги надминува сите други нови технологии како што се развојот на соларната и на ветерната енергија, како и на технологиите на хибридни и на електрични возила.

Ефикасноста на ЛЕД-осветлувањето постојано се зголемува и со усвојувањето на новите технологии Power over Ethernet и Li-Fi-комуникации, дополнително ќе се зголеми нејзината вредност. Моментално на пазарот постојат производи кои нудат ефикасност повеќе од 120lm/W, а до 2020 година се очекува производите да достигнат и повеќе од 250lm/W. 

Малку попластично да објаснам, типична светилка во идустриските хали која е 250W метал халогена може да се замени со ЛЕД-светилка од 130lm/W со моќност од 120W. Така би заштедиле и до 50 отсто енергија, а се очекува во иднина оваа бројка да се зголеми и до 80 отсто заштеда на енергија. Во однос на штедењето енергија, треба да се земе предвид и трајноста на производите. Моментално на пазарот се нудат ЛЕД-светилки со работен век од 50.000 часа до 60.000 часа за разлика од другите технологии како метал-халогена светилка што трае околу 10.000 часа. Доколку ЛЕД-светликите ги користиме во климатизирани простории, значително ќе се намали потребата за ладење од топлината создадена од светилките, поради тоа што тие создаваат малку топлина. Со ова дополнително ќе заштедиме енергија. Вреди е да се напомене дека доколку се одлучите за оваа ЛЕД-технологија, би заштедиле и значителни парични средства во замена на светилки, како и трошоци за монтажа.

Вредноста на ЛЕД-осветлувањето не доаѓа само од заштедата на енергија, туку нуди и широк спектар можности во управување на осветлувањето, надзор и автоматизација. 

Грешки при замена на осветлувањето со ЛЕД-светилки

Досегашнотото осветлување со светилки на вжарено влакно или халогените светилки нуди само една боја на светење, најчесто жолтеникава боја. Доколку ги замениме со ЛЕД-светилки, потребно е да внимаваме на бојата на светење изразена во единица келвин (K).

Во ЛЕД-технологијата постојат повеќе нијанси на бела светлина. Сите нијанси на бела светлина не се еднакви: постојат ЛЕД-светилки со топла жолтеникава боја која кореспондира со температура на бојата 3.000 К или поточно 2.700 К, неутрална бела боја  или 4.000 К, па дури и ладно бела боја со сини тонови или 6.500 K. 
Потребно е различните бои на светење што ги нудат ЛЕД-светилките да се употребат за различни апликации:

  • Топло белата боја на светење создава релаксирачка атмосфера и поради тоа таа се користи во хотелите, рестораните и сл. Нејзиниот ефект може да биде контрапродуктивен во канцеларии или индустриски хали. 
  • Неутралната бела боја на светење нуди рамнотежа меѓу релаксирачката атмосфера и атмосферата за концентрација. Оваа нијанса на бела светлина е погодна за места каде е потребно внимание во канцеларии и во делови од домаќинствата како кујни, работни бироа итн. 
  • Ладно белата боја на светење (Cool – White) или над 6.000 К се употребува во простории каде е потребно внимание на детали, каде имаме задачи што треба да се реализираат со голема прецизност. Тоа е причината поради која оваа нијанса на бела светлина често се користи на отворено, спортски сали, хируршки сали, сервиси на опрема итн. 
Користењето осветлување со погрешна боја на светење може да има негативно влијание врз продуктивноста или благосостојбата на луѓето. Проверката на бојата на ЛЕД-светилката е од особено значење при купувањето. Најчест пример за погрешна употреба на ЛЕД-осветлувањето е ставањето на ЛЕД-светилка со 5.000 К или повеќе како замена на светилка со вжарено влакно во спална соба. 

Користење погрешна моќност на светење изразена во лумени

Вообичаена практика при изборот на светилки е да ја избереме јачината на светење врз основа на моќноста изразена во вати (W). Оваа правило важи за осветлувањето со светилки на вжарено влакно или халогени светилки. Кај ЛЕД-осветлувањето ова правило не важи во целост. За правилен избор на јачината на ЛЕД-осветлувањето потребно е да се внимава на јачината на светење изразена во лумени. Различни ЛЕД-светлики за иста јачина во вати даваат различни лумени. Многу е важно односот лумени/вати да биде што поголем за да се добие што повисока ефикасност и да се заштеди енергија.
 
Проверка на компатибилноста при замена со ЛЕД-светилки

Во некои случаи при промена на осветлувањето се заменуваат само светилките за да се намалат вкупните трошоци. За овој тип замена потребно е да се внимава на неколку многу важни фактори:

  • ЛЕД-светилката потребно е да биде компатибилна со истиот приклучок или грло.
  • Ако светилката е опремена со придушувач, во тој случај мора да се провери компатибилноста. Најчесто конфузијата настанува кога заменуваме флуоросцентни цевки Т8 со ЛЕД-цевки. Некои се дирекно компатибилни со придушувачот, така што во овој случај не би имале никакви проблеми. Некои, пак, бараат да се направи извесна модификација на струјното коло или да се замени придушувачот со ЛЕД-драјвер. 
  • Доколку не ја проверуваме компатибилноста помеѓу ЛЕД-светилката и постојната светилка, може да дојде до различни последици. Во најдобар случај, едноставно светилките нема да се активираат, а во најлош случај може да доведе до оштетување на светилката или, пак, до уништување на целата светилка. 
Заклучок

ЛЕД-осветлувањето е технологија на иднината и сѐ повеќе ќе биде застапено во нашите домови, училишта, болници, индустриски објекти итн. Оваа технологија ветува многу, но придобивките можат да се добијат само со правилна примена. Неправилен дизајн на осветлувањето, погрешен избор на јачина на светење или, пак, боја на светење, може да доведе до повеќе проблеми отколу бенефиции. Најмувањето професионален светлосен дизајнер е наједноставен начин да обезбедите сигурна замена на осветлувањето без никави грешки што би довеле до финансиски последици. 



 
 
 
 
back to top