IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Четврток, 26.04.2018 || Domaine Lepovo Grand Cuvée светски шампион  |  Повторна продажба на имотот на компанијата „Малина“  |  „Хајнекен“ оствари солиден количински пораст  |  „Агрокор“ продолжува непречено да работи од 15 јули?  |  „П & Г“ презеде дел од портфолиото на „Мерк“ за 3,4 милијарди евра  |  „Гринјард“ бара снабдувачи во Македонија  |  „Сите сити“ - нов систем за донирање вишок храна  |  Медицинска опрема од „Жито лукс“ за четири болници  |  Во „Веро“ - Тафталиџе бесплатен паркинг 30 минути  |  „Млин и пекара Љубаче“ со нова инвестиција  |  Natur Premium пристигнува на македонскиот пазар  |  „Монделез“ вложува 90 милиони евра во „фабрика на иднината“  |  „Рамстор“ го отвори 25.маркет  |  „Хенкел“ отвори нова фабрика Somat во Крушевац  |  „Сан Пелегрино“ со приход од 895 милиони евра  |  „Карфур“ ги отвори првите пунктови испорака за пешаци  |  „Персу“ ги повика локалните производители да соработуваат  |  „Кимберли Кларк“ ќе го проширува капацитетот во Алабама  |  „Витамин“ на саемот во Мостар  |  Владимир Косијер нов генерален директор на „Пивара Скопје“  |   ||
   

Совети: Повреда на правата на интелектуална сопственост преку интернет

20.12.2017
 
Со појавата на глобализацијата и со брзиот напредок на технологиите, обемот и опсегот на знаењата постојано се прошируваат и како резултат на дигиталното поврзување, од нас се оддалечени само на едно кликнување.
 

Пишува: Марија Ќосеска, раководител на одделение за трговски марки во „Берин" и застапник за индустриска сопственост

Интернетот создава огромни можности за компаниите да ги пренесат пораките на своите брендови. Тоа е причината поради која одделите за маркетинг се фокусираат и посветуваат многу време и пари на веб-дизајн, оптимизација на пребарувачи и на други дигитални маркетинг-стратегии. Наградите за нивните напори се сметаат по бројот на посети, кликнувања и конверзации, кои се извор на енергија за дигиталниот маркетинг и основа за мерење успех во денешниот интернет-простор.

Меѓутоа, глобалниот дострел, отвореноста, разновидноста и во голема мера нерегулираниот карактер, создаваат плодна почва и за злоупотреба на трговските марки. Повредите на правата од интелектуална сопственост, особено на трговските марки, се сметаат за главни закани, кои го попречуваат порастот на интернетот, електронската трговија и дигиталната економија. Едно од главните прашања, кое сè уште не е допрено, е тоа за секундарната одговорност за повреда на трговската марка од трети страни, кои на некој начин се вклучени во продажба, рекламирање, испорака или во други активности поврзани со производите и услугите во кибер-просторот.

Со зголемувањето на електронската трговија на интернет низ целиот свет, фалсификаторите ги менуваат активностите и дистрибуираат фалсификувани стоки преку мрежата, па  трговијата со фалсификувани производи денес во светот најбргу се развива преку интернет.

Злоупотребата на трговските марки преку интернет во најширока смисла ги опфаќа „класичните" акции, како што е продажбата на фалсификувани производи, како и низа други практики, вклучувајќи оптимизација на интернет-пребарувачи (SEO), несакана електронска пошта (spam), ловење (phishing) и киберсквотинг (cybersquatting – користење домени со имињата на познати брендови). Овие активности го сочинуваат тоа што многумина го сметаат за темна страна на дигиталниот универзум.

Едно од главните прашања, кое сè уште не е допрено, е тоа за секундарната одговорност за повреда на трговската марка од трети страни, кои на некој начин се вклучени во продажба, рекламирање, испорака или во други активности во кибер-просторот.

Интернет-фалсификатите се шират и подалеку од традиционалните сфери на индивидуалните веб-продавници и платформи за електронска трговија, на нови области, како што се мрежите на социјалните медиуми. Притоа, не се таргетирани само носителите на големите брендови, туку засегнати се и сопствениците на мали и на средни претпријатија во сите сектори на индустријата, на меѓународно ниво. Тоа е сериозна закана за легитимните бизниси, ризик за здравјето на потрошувачите, како и финансирање на организираниот криминал.

Во 2007 година, Организацијата за економска соработка и развој и Заводот за интелектуална сопственост на Европската Унија проценија дека глобалната трговија со фалсификати и пиратските производи изнесува до 250 милијарди долари. Тој износ во 2013 година изнесувал 461 милијарда долари, а до 2022 година би можел да достигне до 991 милијарда долари.

Електронската трговија опфаќа секаков вид комерцијална трансакција, која вклучува пренос на информации преку интернет, како и различни видови услуги бизнис-до-бизнис (B2B) и бизнис-до-потрошувач (B2C). Електронската B2C-трговија им овозможува на бизнисите да продаваат стоки и услуги на потрошувачите по електронски пат, со неколку временски или далечински бариери. Канцеларијата на ЕУ за интелектуална сопственост во октомври годинава, ја објави студијата „Истражување за модели на е-бизнис што вршат повреда на правата за интелектуална сопственост – Фаза 2". Според истражувањето, речиси 28.000 интернет-продавници се осомничени за продажба на стоки, со кои се повредуваат правата на трговските марки во ЕУ (особено во: Шведска, Германија, Велика Британија и во Шпанија), при што три четвртини од нив користеле имиња на домени што претходно биле во употреба.

Најчесто фалсификуваните категории производи се чевлите (67,5%) и облеката (20,6%), а 25,9% од осомничените е-продавници имаат хостинг повајдери во Турција, 19,3% во Холандија и 18,3% во САД.

Случаи на повреда на правата на трговските марки преку интернет

Тврдењата за повреда на правата преку интернет се во пораст, особено по неодамнешните спорови поврзани со продажба на фалсификувани производи на платформи како „И-беј" или „Алибаба".  Е-продавниците и е-продавачите треба да се осигураат дали услугите што ги нудат се во согласност со законите, со оглед на тоа што дел од системите за купување и за плаќање преку интернет, не успеале да се придржат кон правилата.

Речиси 28.000 е-продавници се осомничени за продажба на стоки, со кои се повредуваат правата на трговските марки во ЕУ, при што три четвртини од нив користеле имиња на домени што претходно биле во употреба.

Против „И-беј" и „Пејпал" е поднесена тужба за повреда на право на трговски марки, за продажбата на фалсификувани производи на интернет-платформата. Станува збор за голем бизнис, кој трговците на мало ги чини од 200 до 250 милијарди долари секоја година, а истовремено и ги „разводенува" трговските марки на производите. Тужбата била поднесена од „Вимо лабс" – компанија со големо портфолио регистрирани трговски марки, додатоци за iPhone и Apple,која наведува дека околу 2.000 продавачи на е-трговецот (именувани како обвинети во тужбата) ги користат нејзините трговски марки за продажба на фалсификувани производи и со тоа ги доведуваат потрошувачите во заблуда. „И-беј" и „Пејпал" се вклучени во повредата со тоа што свесно и со намера ја овозможуваат продажбата на тие производи и профитираат. Притоа, „Вимо лабс" испратила повеќе од 5.000 известувања за повреда од „И-беј", барајќи е-гигантот да ги отстрани лажните производи, затоа што продажбата на лажни производи предизвикува збунетост кај потрошувачите, негативно влијае на брендот и се одразува на продажбата на вистинските производи. Со оглед на тоа што „Пејпал" е врската меѓу купувачите и продавачите на фалсификуваните производи, компанијата би можела да ја спречи повредата со едноставно оневозможување на плаќањето.

Независно од тој случај, „Алибаба" неодамна беше критикуван поради тоа што е премногу мексо продавачите на фалсификувани производи. Како резултат на тоа, кинеската компанија лансира нова англиска верзија на системот за известување за фалсификувани производи, наречена TaoProtect. Иако „Алибаба" ја има платформата AliProtect, која ги покрива другите нејзини веб-страници, TaoProtect е развиена само за справување со широк спектар на повреди на интелектуалната сопственост – авторски права, патенти и трговски марки, како и за користење на тие права во согласност со начелата на совесност и чесност. Тоа укажува на обемот на проблемот, како и на сериозните чекори што ги прават конгломератите, за да се осигури ефикасна заштита на правата од интелектуална сопственост. Иако подобрувањето на системот е делумно и како резултат на тужбите од компании како „Гучи" и „Ив Сен Лорен", сепак, полека но сигурно, платформите за е-трговија сфаќаат дека успехот и интегритетот на нивните продажни места ќе зависат од довербата на потрошувачите.

Што треба да се направи за заштита?

За да обезбеди заштита од повреда преку интернет, особено е важно носителот на правото од интелектуална сопственост да има проактивен пристап во интернет-светот, но и надвор од него. Потребна е итна акција за да осигури дека инкриминирачката содржина повеќе не е достапна на интернет. Во тоа може да му помогнат компаниите што вршат веб-скрининг, односно надгледувањена  интернет-провајдерите и на водечките платформи за е-трговија. Со оглед на тоа што секоја минута од објавата на тие веб-страници експоненцијално го зголемува ризикот од неповратна штета за брендот – времето е суштинско.

Проактивната и повеќестраната стратегија за заштита на трговските марки им овозможува на компаниите да дејствуваат брзо и ефикасно против повредувачите на права на повеќе фронтови.

Проактивната и повеќестраната стратегија за заштита на трговските марки им овозможува на компаниите да дејствуваат брзо и ефикасно против повредувачите на права на повеќе фронтови. Ги обесхрабрува потенцијалните повредувачи на права и испраќа силна порака до потрошувачите дека сопственикот на брендот активно бара заштита на нивните интереси.

Со оглед на тоа што превенцијата е многу полесно решение отколку поправањето на ситуацијата по настанатата штета, особено е важно компаниите да бидат подготвени на вакви ситуации на повреда на правата и да инвестираат во заштитата на нивните трговски марки.


 
 
 
 
back to top