IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Четврток, 19.07.2018 || Добивката на „Плантаже“ изнесува 2,4 милиони евра  |  „Ошан“ воведе гласовен четбот за вино и храна  |  Нова франшизна продавница „Шпар партнер“  |  Специјално пиво по повод средбата Трамп-Путин  |  Доделени првите грантови за домашни компании  |  „Карлсберг“ отвора нова пиварница  |  Кинези ќе градат индустриски парк за овошје и зеленчук  |  Нов ИнфоЛогистички центар во Љубљана  |  „Велпро“ ќе ги поддржува малите трговци  |  Белград стана побогат за уште еден dm  |  Резултатите на „Пепсико“ се подобри од очекуваните  |  Кратошија меѓу најдобрите вина на британскиот пазар   |  „Интермарше“ за постари лица  |  Повисоки трошоци за живот и малопродажни цени во јуни  |  „Бимилк“ подари ново место за спорт и рекреација  |  „Унилевер“ го купи бугарскиот бренд сладоледи Denny  |  „Нилсен“ именуваше нов раководител за Јадранскиот Регион  |  „Макпрогрес“ на „Summer Fancy Food Show“  |  „Перно Рикар“ ќе дистрибуира безалкохолен џин  |  Продажба на алкохолни пијалаци во секое време  |   ||
   

Слободан Јагодиќ: Оптимална комбинација

14.05.2014
Формирањето на асортиманот во малопродажниот трговски синџир е особено важно за пазарното позиционирање и за успешниот имиџ.

Приреди: Слободан Јагодиќ, менаџер на програмата пијалаци, сектор за набавка на програмите за маркети, „Меркатор-С"

Имајќи предвид дека асортиманот е високо позициониран на листата за одлучување на купувачот при изборот на продавница каде што ќе купува, трговците му посветуваат големо значење. На тој начин овозможуваат производите на полиците да ги задоволат различните потреби на купувачите.

Планирањето на асортиманот е континуиран процес, при што плански се создава оптимална комбинација меѓу соодветните структури на асортиманот и планираниот профит, за да се остварат колку што е можно подобри резултати во тргувањето. Тоа е една од најважните причини за блиска соработка и за заедничка одлука на менаџерите на категориите производи, на логистиката и на малопродажниот сектор.

При формирањето на асортиманот, во фокусот се потрошувачот и неговите потреби. Во таа смисла, треба да се одговори на следниве прашања: кои се потрошувачите, зошто сакаат одредени производи, каде ги купуваат, во колкаво количество и кога.

Асортиманот на количество има определена широчина, должина, длабочина и конзистентност.
Широчината се однесува на различниот број групи производи што ги поседува еден малопродажен објект (вино, пиво, жестоки алкохолни пијалаци, вода, сокови, кафе...). Интересно е што, според најновите истражувања, близината на малопродажниот објект е на прво место при донесувањето одлука за купување, додека широчината на асортиманот е на второто место, бидејќи сè поголем број купувачи прават детален список на производи за купување. Цената на производите е дури на третото место при изборот на место за купување.

Должината на асортиманот го претставува вкупниот број на поединечни производи во асортиманот. Должината на асортиманот исто така е особено важна, затоа што е важно на полицата секогаш да има одреден вид производи. Празното место на полицата предизвикува два негативни ефекта: краткорочен, што се манифестира како пропуштена продажба и долгорочен, многу поболен и далекосежен – изневерување на купувачот и ризик за тој веќе да не се врати во продавницата.

Длабочината на асортиманот се однесува на бројот на понудени варијанти од секој производ во линијата.
Конзистентност на асортиманот е складноста на продажниот асортиман со реалните потреби на купувачите. Конзистентноста означува дали и во која мера структурата на понудениот асортиман одговара на реалните потреби и барања на купувачите.

Една од клучните одлуки што малопродажниот трговец треба да ја донесе е одлуката кои производи да им ги понуди на своите потрошувачи. Тоа зависи од големината на објектот, односно од големината на полицата што е предвидена за одредена категорија производи. Потребно е да се обезбеди соодветен асортиман во однос на големината на полицата, што во најголема мера ќе ги задоволи потребите на потрошувачите.
Добриот менаџер го планира асортиманот што мора да биде соодветен за купувачите што живеат во одредена област, бидејќи секоја област е специфична, како што е и куповната моќ и локалните навики за консумирање на одредени производи. Не треба да се занемари ниту националното значење на некои производи, што најмногу се консумираат во средини каде што претежно живее население од одредена национална заедница. Дури и одредени делови од големите градови се издвојуваат по куповната моќ на жителите, кои живеат овде или доаѓаат да купуваат во одреден објект, така што асортиманот мора да биде приспособен кон нивните потреби.

Промените во асортиманот не треба да бидат големи, бидејќи поради влијанието на ТВ-рекламите, интернетот и општата глобализација, вкусовите и навиките во различни региони особено се изедначуваат.

Кај асортиманот треба да се води сметка за понудите на производи поради што потрошувачите доаѓаат во продавницата. Тоа се производи за кои купувачот смета дека за неговите пари, очекувањата ќе му не само бидат исполнети, туку и надминати. Меѓу нив се познатите брендови, чиишто произведувачи обично имаат национални маркетинг-кампањи и постојано работат на промоцијата на нивните производи и развојот на свеста на потрошувачите за тие брендови.

Покрај познатите брендови, на полиците се наоѓаат и производи што го создаваат имиџот на одредена малопродажна продавница и поради што таа се разликува од конкуренцијата.

Не смееме да ги заборавиме ниту предизвиците што се појавуваат при дополнувањето на нови производи во асортиманот. Во овие случаи, целта е секој нов производ да оствари синергија со зголемување на прометот на трговската група каде што се наоѓа. Со воведувањето на нов производ се анализираат неколку параметри, како што се финансискиот промет што производот може да го оствари, волуменот на продажба, учеството на прометот во трговската група, планираната бруто-маржа, како и пробивот на конкретен производ. Од друга страна, погрешно избраните производи наместо синергија имаат ефект на канибализација, што претставува секојдневен ризик што мора да се елиминира или барем да се намали.
 
Создавањето, одржувањето и корекцијата на асортиманот во програмата пијалаци е постојана и динамична работа, што бара посветеност и креативност од целиот тим, познавање на специфичноста на секоја поткатегорија, следење на трендовите, анализа на сегашните и предвидување на идните потреби на потрошувачите. Резултатот е лојален купувач што препознава одредени малопродажни објекти како дестинации, каде што покрај најголемиот избор на артикли, за своите пари ќе го добие и најдобриот квалитет и најдобрата услуга.





 
 
 
 
back to top