IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Четврток, 19.07.2018 || Добивката на „Плантаже“ изнесува 2,4 милиони евра  |  „Ошан“ воведе гласовен четбот за вино и храна  |  Нова франшизна продавница „Шпар партнер“  |  Специјално пиво по повод средбата Трамп-Путин  |  Доделени првите грантови за домашни компании  |  „Карлсберг“ отвора нова пиварница  |  Кинези ќе градат индустриски парк за овошје и зеленчук  |  Нов ИнфоЛогистички центар во Љубљана  |  „Велпро“ ќе ги поддржува малите трговци  |  Белград стана побогат за уште еден dm  |  Резултатите на „Пепсико“ се подобри од очекуваните  |  Кратошија меѓу најдобрите вина на британскиот пазар   |  „Интермарше“ за постари лица  |  Повисоки трошоци за живот и малопродажни цени во јуни  |  „Бимилк“ подари ново место за спорт и рекреација  |  „Унилевер“ го купи бугарскиот бренд сладоледи Denny  |  „Нилсен“ именуваше нов раководител за Јадранскиот Регион  |  „Макпрогрес“ на „Summer Fancy Food Show“  |  „Перно Рикар“ ќе дистрибуира безалкохолен џин  |  Продажба на алкохолни пијалаци во секое време  |   ||
   

Славчо Бујароски: Следливост и безбедност

26.08.2014

Следливоста значи зголемување на безбедноста на производите, а тоа значи зголемена доверба кај потрошувачите. Со користењето на современи системи за автоматска идентификација на производите, мерењата, луѓето, транспортните средства, локациите, се обезбедува дури 100% елиминација на можни грешки и се зголемува ефикасноста на работењето.

Автор: Славчо Бујароски, управител и сопственик на „Сигма-СБ"

Важноста на следливоста на храната и на лековите не смее да се потцени. Со важечките законски барања во Европската унија, а со тоа и во Македонија, следливоста на производите до нивниот извор е задолжителна. Последните години има одреден напредок во оваа област, но голем дел од информациите се недостапни и неповрзани за повеќе партнери во снабдувачките канали. Реално, информациите пристигнуваат премногу доцна за да бидат искористени кога се потребни.

Со користење на соодветно софтверско решение, не само што ќе постигнете следливост туку тоа ќе го претворите во ваша конкурентска предност. Ваквите решенија обезбедуваат целосна следливост низ снабдувачкиот канал, со што се овозможува зголемување на безбедноста на производите и усогласување со законските барања или со индустриските стандарди. Доколку се појави потреба да се повлечат производи од синџирот за малопродажба, софтверските решенија даваат можност да одговорите брзо и професионално, претворајќи ја потенцијалната закана во можност да се изгради лојалност и доверба во брендот и во услугата. Со решенијата за безбедност ќе ја заштитите вашата најголема вредност – вашите потрошувачи.

Интерна следливост

Законската одредба за интерна следливост, во недостиг на алатки, производителите најчесто ја реализираат рачно, на хартија. Во најголем број случаи, оваа евиденција не е целосна, троши многу време, а понекогаш има грешки. За да се обезбеди интерна следливост на артиклите при прием во магацин (без разлика дали се работи за суровини за производство или за готови производи за понатамошна продажба) потребно е да се реализираат следниве постапки:

  • Да се евидентира ЛОТ-бројот и датумот на траење. Ако доставувачот не ги обезбедил овие информации, тогаш компанијата што ги набавува артиклите треба да го дефинира ЛОТ-бројот (датум на траење).
  • При пренос на артиклот од магацинот за набавка на други позиции во зависност од процесот низ кој проаѓа артиклот, треба постојано да се евидентира новата позиција на ЛОТ-бројот.
  • Доколку на влез се работи за суровина потребна за производство, тогаш на излез од производство готовиот производ треба да добие нов ЛОТ-број, при што ќе се евидентира врската со ЛОТ-броевите на сите суровини што се користеле за производство на готовиот производ.
  • Доколку се работи за артикл за трговија, тогаш ЛОТ-бројот треба да се следи и да се евидентира при промена на позициите на артиклот низ магацините или низ другите објекти (ако има таков чекор во процесот на складирање) и, секако, на излез од магацинот кон друг објект интерно или кон купувач.

Со соодветно софтверско решение за следливост, не само што ќе постигнете 100% следливост туку и ќе заштедите на ресурси.

Следење на снабдувачкиот канал

Понекогаш, идентификацијата на бројот на ЛОТ-от и рокот на траење е доволна следливост за да се постигне безбедност на производите. Но многу често, потребно е да се обезбедат и други информации: температурата во времето на складирање и транспортот, користени транспортни средства, луѓе кои биле во допир со производите, место каде што се чувале. На овој начин, доколку се појави небезбеден производ, ќе можете да го утврдите местото на коешто се случил инцидентот одреден производ да стане небезбеден и да утврдите чија е одговорноста. Со тоа ќе избегнете повторување на несаканиот настан преку корекција на постоечкиот начин на работа или преку промена на чекорите во работниот процес.

Секако, за да ги обезбедите овие информации, а подоцна и да ги анализирате, потребно е да набавите соодветна опрема и соодветен софтверски систем, во кој ќе се евидентираат и преку кој ќе се анализираат преземените податоци.

Зголемена ефикасност преку автоматска идентификација

Со користењето на современи системи за автоматска идентификација на производите, мерењата, луѓето, транспортните средства, локациите, се обезбедува дури 100% елиминација на можни грешки и се зголемува ефикасноста на работењето. Ваквите системи подразбираат означување со баркодови или RFID-тагови, согласно на тоа користење и на баркод читач и RFID-читачи. Во процесот на евиденција, човечкото присуство се сведува на минимум, при што се елиминираат намерни и ненамерни грешки при евиденција. Грешки од аспект на извршување на активноста – евиденција на податокот како дел од работниот процес и од аспект на точноста на евидентираниот податок.

На пример:

·         Во малопродажен објект: наместо на касата рачно да се внесе артиклот што се наплаќа, тоа да се стори со баркод-читач, што ќе го прочита баркодот со кој е означен артиклот.

·         На прием на палета во магацин: наместо магационерот рачно да прави приемница, па да ја внесува во системот за да им биде достапна на сите, тој со рачен компјутер со баркод читач, го вчитува SSCC-кодот со кој е означена палетата. На овој начин, со еден клик ја пополнува приемницата, од која сите податоци веднаш се подготвени за користење од сите корисници на целиот систем.

Означување производи и усогласеност со GS-1

Екстерната следливост подлежи на меѓународни стандарди што обезбедуваат ефикасност во целиот снабдувачки канал, каде што учесници се повеќе организации: производители, транспортери, трговци на големо и малопродажба. Голема предност е ако системот за следливост е усогласен со стандардите GS-1, со тоа сите компании што се учесници во синџирот, па сè до крајниот корисник добиваат дополнителна конкурентна предност. Особено важно за денешното работење, но и за работењето во блиската иднина, е користењето на датабар-кодовите, особено на производите за широка потрошувачка, што во себе, покрај другите важни податоци, ги содржат информациите за ЛОТ-от и датумот на траење на производот. Имајќи ги овие информации, релативно лесно можеме да манипулираме со производите (повлекување од продажба, блокирање и сл.) со цел заштита на потрошувачите.

Блокирање и повлекување на производи

Во случај на набавки на суровини или утврдена можност за проблем со производите, системот за безбедност и следење ќе обезбеди моментно блокирање на прометот на сите производи за кои постои потреба. Со тоа се обезбедува контрола над движењето на производите и зголемување на нивната безбедност.

Во ситуација кога е утврдена закана за безбедноста на одреден производ, системот за безбедност и следливост треба да обезбеди моментална дистрибуција на информацијата за заканата низ снабдувачкиот канал и повлекување на производите, со тоа што потрошувачите ќе бидат заштитени од понатамошна потенцијална закана.

Управување со краток рок

Системот за безбедност и следливост не дозволува производите со краток рок да бидат пуштени во редовен промет, со што се гарантира задоволството на потрошувачите.

Барањата за следливост, наметнати од законите, лесно можат да се сфатат како уште една пречка за зголемување на профитабилноста. Сепак, ова прашање исто така дава и можности. Следливоста значи зголемување на безбедноста на производите, а тоа значи зголемена доверба кај потрошувачите.

Користењето на софтверски решенија им помага на трговците и на производителите да ги усогласат нивните активности со важечките закони. Овие решенија даваат голем придонес во придобивање и зголемување на довербата и симпатиите на потрошувачите.

За компанијата:

„Сигма-СБ" е специјализирана компанија за имплементација на ИТ-решенија за компаниски менаџмент. Нашите решенија и услуги им помагаат на продавачите, дистрибутерите и производителите значајно да ги подобрат перформансите на нивниот бизнис. Ние ги оптимизираме финансиското работење, набавките, производството, логистиката, продажбата и други процеси во компаниите за да ги зголемиме нивните приходи и маржи, да го намалиме времето за реализација, трошоците и загубите и да ја подобриме достапноста на нивните производи и услуги. Основана во 1995 година, „Сигма-СБ" зад себе има докажана реализација на успешни проекти за познати регионални и македонски компании во индустријата, дистрибуцијата и малопродажбата.

Контакт:

„Сигма-СБ"

Ул. „Прашка", бр. 23, Скопје

Тел.: +389 2 3065 944

info@sigmasb.com.mk

www.sigmasb.com.mk


 
 
 
 
back to top