IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Понеделник, 15.10.2018 || „Лакталис“ го купува „Нестле“ во Малезија за 40 милиони долари   |  Трговците избраа ТОП 100 производи  |  Милијардер купи удел во Starbucks  |  Перутнина Птуј“ ќе продава салами во САД   |  „Метро Бугарија“ воведува автентични млечни продукти  |  Сертификати за компаниите што се фер со потрошувачите  |  „Унилевер“ нема да се сели во Холандија   |  Трговците бираат топ 100 производи   |  Битола стана дел од големиот проект „Coca-Cola Активни зони“   |  Производителите на чоколадо се насочуваат кон Исток   |  Трошоците на живот на месечно ниво намалени, на годишно имаат раст   |  Расте добивката на „ПепсиКо“   |  „Нестле“ е заинтересиран да купи бренд за минерална вода  |  Германските трговци продаваат преку интернет   |  Нов „Стокомак“ во Тетово  |  Експресна услуга на нова локација во Струга  |   Увозот на храна расте побрзо од извозот   |  Во септември пад на светските цени на храната   |  „Фуд стар“ ќе извезува пилешко месо во Кина   |  „Цедевита“ доби концесија за вода   |   ||
   

Русмир Хрвиќ: Се зголемува пласманот во Македонија

17.08.2015

Русмир Хрвиќ, директор на „Клас" 

За нашиот соговорник Русмир Хрвиќ, директор на „Клас", постојат неколку важни стратегиски определби во бизнис-политиката, а најважните се: развој на брендовите, успешност во работењето, секогаш и во сè да се даде нова вредност која треба да ја направи компанијата конкурентна на пазарот, како и општествена одговорност на компанијата, која се темели на зачувување на постојните и отворање што е можно повеќе работни места.

Разговараше: Игор Ѓуровиќ, igor@instore.si

Колку приходи остваривте минатата година и колкав е бројот на вработени?

Во 2014 година остварен е вкупен приход на групацијата од околу 240 милиони КМ. Во моментов вработени се 2.800 работници, а очекуваме дека наскоро ќе ни се приклучат уште 20 нови. Најголем број вработени имаме во прехранбената дивизија, каде што се вработени повеќе од 1.500 луѓе. Во текстилната дивизија, во рамките на компаниите „Напредак" во Тешањ и „Фортитудо" во Травник, вработени се повеќе од 1.000 луѓе, со тенденција за пораст на овој број. Очекуваме во Травник да се вработат 200 нови работници во текстилната дивизија.

Каква е структурата на приходите според категории во целата групација?

Најголемиот удел во вкупниот промет на „АС груп" од 150 милиони КМ се остварува со производство на готови производи. Околу 15 милиони КМ се остваруваат во текстилната дивизија во рамките на т.н лон-работи, а другиот дел од прометот, од околу 75 милиони, се реализира по пат на продажба на трговските стоки. Целиот извоз се однесува на пласман на сопствените брендови на странските пазари, кој достигна 15 милиони КМ  во 2014 година.

Во поглед на извозот, кои се идните планови во прехранбената дивизија? Каде сте особено успешни и каде сè се наметнавте со постигнување одлични резултати?

Плановите ни се големи. Постојано ја шириме продажбата на постојните и освојуваме нови пазари. Купувачите на странските пазари, еднакво како и на домашниот, ја препознаа нашата компетентност за босанска кујна и за босанско кафе. Станува збор за единствени вкусови и за јадења кои никого не оставаат рамнодушен. Во овој сегмент гледаме огромен потенцијал и уверени сме дека може да го искористиме. Нашите јуфки, пити, сомуни, потоа босанскиот локум, баклави, урми, но и кафето Zlatna džezva и водата Oaza, сè почесто ги наоѓаат своите купувачи на нови пазари. Засега, извезуваме на 25 пазари во светот, во земјите од регионот, земјите од ЕУ и од Источна Европа до земјите од Блискиот Исток, Северна Америка и Јапонија, каде што неодамна пласиравме 20 тони малини. На пример, во јануари оваа година забележавме рекорден извоз на јуфките на „Клас", кој е зголемен трипати во споредба со минатата година. Отвораме нови пазари, а Обединетите Арапски Емирати и Катар се новите дестинации, кои ни искажаа добредојде и каде е веќе реализиран влез во некои трговски синџири. Сериозно работиме на проширување на капацитетот за откуп и за преработка на малини. Се покажа дека босанските малини се многу ценети во светот и постигнаа високи оцени при контрола на нивниот квалитет. Така, освен на пазарот во Јапонија, малините од „Клас" се најдоа во детската храна на францускиот производител „Данон", а значително количество малини успеавме да извеземе на пазарот во Турција.

Каква беше состојбата кога дојдовте на челното место на „Клас", кој е еден од најдобрите брендови во Босна и Херцеговина веќе 112 година? Какви се идните планови?

Навистина сте во право кога кажавте дека „Клас" е еден од најдобрите брендови на Босна и Херцеговина. Неговото создавање изгледа фасцинантно, како и неговиот развој, во текот на веќе 113 години постоење. Го следевме развојот на „Клас" во набљудуваниот период. Се уверивме во силата на брендот, кој во голема мера е втемелен врз силата на корпоративната филозофија на работење и врз вредностите кои нè мотивираат да му понудиме на пазарот нешто ново, а во исто време нешто автохтоно и непроценливо. Има толку многу брендови во „Клас" што на сериозен и на смислен начин единствено само ние можеме да ги произведуваме и да ги развиваме. Поради сето тоа, година по аквизицијата, можевме да се увериме во силата на брендовите на „Клас". Се вративме на продажните полици и паралелно работиме на иновации и на развој на нови вкусови и на нови производи. Формално и реално добиени се услови за развој на целото производство, од примарно производство, преку преработувачката индустрија, па сè до силните брендови на продажните полици. Ова, на пример, се покажа во време на поплавите што ги имаше во БИХ, кога со силата на нашите капацитети успеавме да ја одржиме стабилноста на пазарот. Нашите капацитети овозможуваат годишно производство на 140.000 тони здрава и квалитетна храна.

Што се случува со реализацијата на идејата за отворање нов трговски синџир „БХ базар" и како дојдовте до таа идеја?

Пред сè, морам да истакнам дека имаме многу добра соработка со големите трговски синџири. Ние сме свесни дека треба да вложуваме во развој на нашите брендови, да бидеме иновативни и конкурентни, а големите трговци сè почесто го препознаваат таквиот начин на работење и самите ја истакнуваат нашата конкурентска предност. Од друга страна, тоа што ќе го ветиме, го исполнуваме. Нашата цел, покрај на големите да им овозможиме пласман на производите и на малите производители, бидејќи ним им е тешко, речиси и невозможно со своите производи да дојдат до полиците на големите трговски синџири. Сметаме дека во тој сегмент постои огромен простор за развој. Нашиот фокус е насочен на ширење и на развој во рамките на прехранбениот сектор, но сериозно ќе пристапиме и кон овој проект. Ако мислевте на тоа, во нашата деловна историја никогаш не сме повлекле избрзани потези, па нема да го направиме тоа ниту сега. Но, точно е дека ќе дадеме сè од себе за да го развиеме овој сектор во рамките на групацијата.

Вашиот слоган е познат и го промовира купувањето домашни производи за зајакнување на економијата во БиХ, така што отворањето трговски синџир е добредојдено и за пласирање на производите од „АС груп"...

Секако. Ние сега имаме 1.000 готови производи, кои поинаку многу тешко можат да се пласираат на пазарот. Доказ дека сите наши производи се конкурентни со квалитетот и со цената е тоа што ни носат профит и покрај тоа што воопшто не користи ситуацијата со поларизација и со исклучивост која владее во секторот. Од друга страна, треба да имате на ум, дека доколку сакате сериозно да работите во трговијата, потребно е да имате широка, разновидна и квалитетна понуда. Сè друго е импровизација, што неминовно, кога-тогаш, доведува до застој во развојот.

Познати сте по кафето Zlatna džezva од програмата на „Виспак". Дали наскоро планирате лансирање на производи во други категории на кафе, за да го проширите асортиманот, а со тоа и да ја зголемите вашата препознатливост?

Неодамна на пазарот го пласиравме производот Mr.&Mrs Vi. Станува збор за нов бренд на „Виспак", топол пијалак со вкус на капучино класик, ванила, чоколадо, ајриш, карамела, стронг, тирамису и топло чоколадо. Речиси една година работевме на развој на овој бренд. Внимававме на сите детали и мислам дека сите можеме да бидеме горди на најновиот бренд на „Виспак" - Mr.&Mrs Vi. Понудата е многу широко поставена, од класичен до посебни вкусови и додатоци. Некои од вкусовите првпат се појавуваат на пазарот во БиХ, како што е капучино тирамису. Производот веќе се наоѓа во продажба, а се очекува наскоро да биде достапен на сите продажни места. Вреди да се истакне дека Mr.&Mrs Vi е плод на домашни умови и ангажмани. Од друга страна, сметаме дека, а за право ги земаме одличните успеси на кафето Zlatna džezva на пазарите во Хрватска, Словенија, Македонија, Косово и пошироко, босанското кафе е популарно и омилено не само во БиХ, туку и надвор од државата. Ако нешто треба и може да стане глобален бренд од овие простори, тогаш тоа е Zlatna džezva, како вистинско босанско кафе со сите негови особености.

Дали планирате влез на македонскиот пазар и кои производи прво ќе ги пласирате?

Дел од нашиот асортиман, брендовите Master и Kent веќе се присутни во Македонија, а во последните три години присутни се и брендовите на „Виспак". Задоволни сме со работата на моменталните дистрибутери на наведените брендови, и од година во година ја зајакнуваме нашата позиција на пазарот и го зголемуваме прометот. Оваа година неколкупати се обидовме за пласирање на асортиманот на „Клас", така што сум сигурен дека набргу и тие ќе се најдат на полиците во македонските продавници. Во преговори сме со купувач од Македонија за испорака на кондиторски производи и тестенини од „Клас". Се надеваме дека првата испорака ќе ја имаме во септември оваа година.

Вашето мислење за македонскиот пазар – кои се можностите кои како компанија можете да ги искористите, а кои се недостатоците кои можеби ги спречуваат поголемите инвестирања?

Интересно е што „Клас" имаше редовен пласман на своите производи на овој пазар сè до минатата година кога Македонија воведе забрана за увоз на брашно, по што нашиот купувач немаше интерес ниту за другите производи на „Клас". И сега имаме слична ситуација со брашното, само што увозот не е забранет, но се плаќаат дополнителни давачки за увоз, со што производот станува неконкурентен. Ако ги додадеме на ова и проблемите при извоз на вода во Македонија, при што, според мене, се подигнати непотребни бариери, јасно е дека во овој сегмент треба многу повеќе да се направи. Од друга страна, границите на БиХ се широко отворени за сите видови производи, за производите што ни доаѓаат од пријателската Македонија.

Дали тоа што БиХ не е членка на ЕУ создава некои проблеми при извозот?

Во поглед на извозот, еден од проблемите со кои се соочуваме е што не ни е дозволено да извезуваме пити што во својот состав имаат суровини со животинско потекло од БиХ. Тоа значи дека питата со сирење може да ја извезуваме ако докажеме дека сирењето е со потекло од ЕУ, а питата со месо никако не може да ја извезуваме на пазарите во ЕУ.

Какви се Вашите очекувања во поглед на деловните резултати на групацијата во оваа година?

Нашите деловни планови се темелат на развојот. Според нашите проекции, и оваа година ќе забележиме стабилен двоцифрен пораст во обемот на производство и пласман. Очекуваме дека ова ќе биде најдобрата година досега.


 
 
 
 
back to top