IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Сабота, 20.10.2018 || Тридневна дружба на вработените на „Макпрогрес“  |  „Лакталис“ го купува „Нестле“ во Малезија за 40 милиони долари   |  Трговците избраа ТОП 100 производи  |  Милијардер купи удел во Starbucks  |  Перутнина Птуј“ ќе продава салами во САД   |  „Метро Бугарија“ воведува автентични млечни продукти  |  Сертификати за компаниите што се фер со потрошувачите  |  „Унилевер“ нема да се сели во Холандија   |  Трговците бираат топ 100 производи   |  Битола стана дел од големиот проект „Coca-Cola Активни зони“   |  Производителите на чоколадо се насочуваат кон Исток   |  Трошоците на живот на месечно ниво намалени, на годишно имаат раст   |  Расте добивката на „ПепсиКо“   |  „Нестле“ е заинтересиран да купи бренд за минерална вода  |  Германските трговци продаваат преку интернет   |  Нов „Стокомак“ во Тетово  |  Експресна услуга на нова локација во Струга  |   Увозот на храна расте побрзо од извозот   |  Во септември пад на светските цени на храната   |  „Фуд стар“ ќе извезува пилешко месо во Кина   |   ||
   

Први виртуелни продавници eLakolije на „Универекспорт“ во Србија

18.12.2015
Лесно во набавка

Приреди: Ана Филиповиќ, ana@instore.rs

Бариерите меѓу реалниот и виртуелниот свет стануваат сè помали. Во прилог на тоа сведочат и виртуелните полици, што неодамна се појавија на станиците од градскиот превоз во Белград и во Нови Сад. Тоа се вистински продажни места, каде што може да купувате како да сте во продавница или во трговски центар. Потребна ви е само бесплатната апликација eLakolije.

„Универекспорт" се реши на овој инвентивен чекор за продажба по виртуелен пат, во соработка со неколку водечки компании од српскиот пазар. Од компанијата се решиле за овој потег, водени од желбата на потрошувачите во Србија да им понудат пријатно и едноставно купување, кое досега можеа да го искусат во некои од странските метрополи.

Виртуелните продавници на потрошувачите им овозможуваат да купуваат производи со мобилни телефони, со брза испорака на домашната адреса. Кога потрошувачот не е во можност да оди во набавка или сака да се ослободи од таа обврска, купувањето може да го направи преку eLakolije, на пат кон работното место или при прошетка. По атрактивни цени и со едноставен механизам, омилените брендови на потрошувачот лесно и бргу ќе стигнат на домашна адреса. Потребно е само потрошувачот со мобилниот телефон да го скенира кодот QR, или преку „Гугл плеј стор" да ја преземе апликацијата eLakolije и да продолжи да ја полни кошницата со омилените брендови, објаснува за InStore Оливера Ќирковиќ, заменик-директор за маркетинг во „Универекспорт".

Како што додаде таа, услугите на виртуелното купување пред неколку години беа резервирани за жителите на Кина и на Кореја, како земји со најголем број корисници на услугите на е-трговијата, а воедно и со најголем пораст. Денес, поголемиот број од големите трговски синџири од целиот свет и најголемите производители на стоки за широка потрошувачка се натпреваруваат на купувачите да им овозможат што е можно побрзо и поедноставно купување. Буквално – им ги сервираат производите на секој чекор, по виртуелен пат.

Соработката на компаниите на нашиот пазар, кои инвестираат во иновативноста и им ги донесуваат на потрошувачите светските брендови, е своевиден новитет во регионот, со оглед на тоа што во Србија досега постоеше само моделот „продавница до домот" (store to home). Благодарение на виртуелната продавница eLakolije, „Универекспорт" е во чекор со големиот трговски синџир „Теско", чешкиот „Мол" и со многу други синџири и производители, кои во понудата го имаат овој сервис, заклучува Ќирковиќ. 
 
Купување во виртуелната продавница eLakolije

Главни предности:

  • Нарачка на производи со мобилен телефон;
  • Без временски ограничувања;
  • Едноставно за употреба – едно кликнување за скенирање на баркодот на производот;
  • Искуство при купување како во супермаркетите;
  • Сигурност при плаќањето – при испораката на производите;
  • Можност за рекламација на производите.





 
 
 
 
back to top