IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Четврток, 21.06.2018 || „Крафт-Хајнц“ го продава Complan?  |  Отворена е 100. „Бипа“  |  „Кока-кола“ го проширува погонот во Унгарија  |  „Прилепска пиварница“ донира за Центрите за аутизам  |  „Збербанк“ ќе биде сопственик на 39,2% од „Агрокор“  |  „НТ Болеро“ отвори погон за преработка на овошје во Топола  |  „Шпар“ го отвори првиот супермаркет во Малта  |  Нови можности за квалитетните македонските вина   |  „Мегле“ почнува со дигитален процес на откуп  |  „Млекара Здравје“ се закити со 5 златни ѕвезди   |  „Нектар“ со линија за иновативни пакувања  |  „Слатка куќа“ на улица Македонија  |  „Тинекс“ со поддршка за ранливите групи  |  Tip of the Week® на англиски јазик  |  „Барила“ ќе вложи милијарда евра за одржливо работење  |  „Теско“ ја објави добивката од приватните марки  |  Успешно одржан првиот FMCG-самит во Љубљана  |  Најдобар HR менаџер e Eлизабета Мирчевска  |  „Генеза“ отвори нов погон  |  Попусти за корисниците на „Амазон прајм“ во „Хол фудс“  |   ||
   

Препорака: Поголема конкурентност на македонските производи

14.02.2018
 План на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот за 2018 година

Во планот на активности за 2018 година на Агенцијата е предвидено зголемување на вредноста на извозот генериран од страна на македонските компании и подобрување на конкурентноста на производите и услугите.

Пишува: Елена Костадиновска Клисаровска, раководител на маркетинг и комуникации, elena.klisarovska@investinmacedonia.com

Активностите на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија во текот на 2018 година ќе бидат насочени кон промоција на македонските производи на странските пазари, што ќе овозможи поддршка за зголемен обем на извозот, со тоа поголема добивка за компаниите, а и поголем девизен прилив за државата.

Од искуството што досега сме го имале со домашните компании можеме да заклучиме дека најголем проблем со кој се соочуваат е предизвикот да најдат вистински пазар за нивните производи и услуги, но и да ги усогласат своите производи или услуги од аспект на стандарди, квалитет и доверба за потребите на тие странски пазари. Па затоа, изготвивме план со кој ќе им станеме сигурен партнер на домашните компании во освојувањето нови пазари.

Во рамките на планот за активности за 2018 година поврзани со промоција на извозот, акцентот е ставен на четири клучни индустрии, и тоа: текстилна индустрија, индустрија на метали и прецизна механика, прехранбена индустрија и информатички и комуникациски технологии – ИКТ. Ова значи дека ќе им овозможиме на компаниите организирано да учествуваат на најголемите саеми од овие области, како ANGACOM во Германија или PolAgra во Полска, и така да ги претстават своите производи и услуги, да остварат контакти со потенцијални партнери, но и да ја оценат побарувачката на тие пазари.

Целта на Агенцијата со оваа програма не е само да ја зголеми вредноста на извозот генериран од страна на македонските компании, туку и да ја промени делумно структурата на извозот со негова диверзификација, што може да дојде само како одговор на зголемена побарувачка или освојување поголем пазар.

Услов за пријавување на компанијата за учество на саем е да има свој производ и желба да го пласира на странски пазар. Со објавување на секој Повик тие ќе можат да се пријават и да учествуваат на настанот, а Агенцијата ќе ги покрие трошоците за закуп на штанд, брендирање и рекламен материјал, но индивидуалните трошоци надвор од саемските, како сместување и пат, ќе ги покриваат компаниите.

Обуки за развој на брендот

Македонските компании имаат потреба од поддршка за да можат да го постигнат тоа. И кога велиме поддршка, не мислиме само на остварување контакти, презентирање производи и учество на саеми, туку и подобрување на степенот до кој компаниите и нивните производи би можеле конкурентно да ја задоволат таа побарувачка на среден или на долг рок. Агенцијата е подготвена да им помогне да ја подобрат конкурентноста на  производите и услугите што ги нудат македонските компании преку обуки и советувања за развој на сопствен бренд, кој ќе го олесни одлучувањето на купувачите и ќе го намали ризикот од купување производи од земја што не е членка на ЕУ - проблем со кој се соочуваат производителите од Источна и од Средна Европа. Компаниите што сакаат да учествуваат на овие обуки треба да се јават во АСИПИРМ за да се пријават и кога ќе имаме доволен број пријавени компании, ќе закажеме обука.

Поддршка за учество на саеми

Што се однесува до поддршката за учество на саемите, единствен услов е компанијата да има свој производ и желба да го пласира на странски пазар. Со објавување на секој Повик за учество на саем тие ќе можат да се пријават и да учествуваат на настанот, а Агенцијата ќе ги покрие трошоците за закуп на штанд, брендирање и рекламен материјал, но индивидуалните трошоци надвор од саемските, како сместување и пат, ќе ги покриваат самите компании. Целта е да учествуваат компаниите од иста индустрија заедно со нас и стопанските комори под капата InvestMacedonia. Овој вид групно учество на саеми како дел од национален штанд би бил од предност за домашните произведувачи, особено за малите и средните компании.

Во зависност од бројот на компании што можат да учествуваат на одреден саем, учесниците ќе се избираат по принципот „прв пријавен". Секако, во духот на соработката, би сакале да слушнеме и предлози од самите компании за сите други работи за кои им е потребна поддршка и заедно да ги изготвуваме плановите за идните активности. Тука не би ги изоставиле и стопанските комори, кои веќе се наши партнери и со кои имавме одлична соработка при изготвувањето на овој план.



 
 
 
 
back to top