IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Петок, 20.07.2018 || „Луксол“ повторно работи  |  Трговски vs А-брендови  |  „Волмарт“ се повлекува од јапонскиот пазар  |   Нови бензиски пумпи на КТЦ  |  Добивката на „Плантаже“ изнесува 2,4 милиони евра  |  „Ошан“ воведе гласовен четбот за вино и храна  |  Нова франшизна продавница „Шпар партнер“  |  Специјално пиво по повод средбата Трамп-Путин  |  Доделени првите грантови за домашни компании  |  „Карлсберг“ отвора нова пиварница  |  Кинези ќе градат индустриски парк за овошје и зеленчук  |  Нов ИнфоЛогистички центар во Љубљана  |  „Велпро“ ќе ги поддржува малите трговци  |  Белград стана побогат за уште еден dm  |  Резултатите на „Пепсико“ се подобри од очекуваните  |  Кратошија меѓу најдобрите вина на британскиот пазар   |  „Интермарше“ за постари лица  |  Повисоки трошоци за живот и малопродажни цени во јуни  |  „Бимилк“ подари ново место за спорт и рекреација  |  „Унилевер“ го купи бугарскиот бренд сладоледи Denny  |   ||
   

Полесена Ристеска: Вселенска авантура за секое дете

19.12.2013
Кампањата „Вселенска авантура" претставуваше патување во светот на вселенските откритија преку интерактивна изложба во која децата имаа можност не само да видат туку и да доживеат некои од возбудите на вистинските астронаути. Замислата беше децата на интерактивен начин да ги откријат чекорите на човекот во неговото фантастично освојување на вселената.


Автор: Полексена Ристовска, маркетинг-менаџер во „Млекара Битола"

Кампањата „Вселенска авантура" се роди од идејата да се организира настан што ќе ги едуцира децата на нов, невообичаен, интерактивен и, пред сè, забавен начин. Имено, во мај годинава, управата на „Рамстор Мол" достави до нас предлог за заеднички настап преку голема едукативна кампања каква што досега немало на македонскиот пазар. Ентузијазмот за спроведување на ваква кампања кај двете страни беше огромен, а тоа претставуваше силна појдовна точка за успешна соработка. И двата тима напорно работевме за совршено спроведување на кампањата и, благодарение на напорната работа, постигнавме одлични резултати.

„Вселенска авантура" претставуваше патување во светот на вселенските откритија преку интерактивна изложба во која децата имаа можност не само да видат туку и да доживеат некои од возбудите на вистинските астронаути. Замислата беше децата на интерактивен начин да ги откријат големиот број чекори преземени од страна на човекот во неговото фантастично освојување на вселената и на рекреативен и педагошки начин да се воведат во основите на развојот на технологијата, што ќе доведе до зголемување на нивното знаење за вселената.

Подготовките за кампањата почнаа во јуни годинава. Основниот постулат, односно првичната идеја почнавме да ја надградуваме со креативни решенија. Моравме да внимаваме на секој чекор за да стигнеме до посакуваната цел – да одбереме нешто со кое секое дете ќе се идентификува, слика во која секое дете ќе се пронајде. Процесот на добивање на финално креативно решение претрпе повеќе промени, за на крајот да го добиеме решението што го видоа сите дечиња и родители.
 
Откако се финализираше дизајнот за сите материјали, почнавме со изработка и на 7 октомври почнавме со поставување на материјалите во „Рамстор Мол". За кампањата да биде спроведена и водена по највисоки критериуми се погрижија и група на обучени лица кои своето знаење им го пренесуваа на децата, а истовремено внимаваа да го задржат нивното внимание.

Настанот беше поделен на три дела. Во првиот дел децата има можност да учат за првиот човек кој стапнал на Месечината и да видат реплика од неговиот вселенски костум. Во вториот дел од настанот децата носеа роботски очила, запознавајќи се со глетката на еден робот и разговара со нивниот водич за вселената. Третиот дел од настанот им овозможи на децата да носат вселенски шлем и да се забавуваат во лунарниот дел од поставката.

Водени од високообучени лица, пријавените дечиња најпрвин го посетуваа модулот на Земјата (структура со големина од 5,8 х 2,8 х 2,6 м) направен од оптички влакна и поликарбонат. Неговата внатрешност беше украсена со слики од вселената и панели од вселенскиот шатл. Структурата на внатрешноста на овој модул беше направена од PVC и винил и беше поделена на три панели. Подот беше обложен со тепих. Во овој модул имаше LCD-телевизор од 96 см, поврзан со мултимедијален DVD-читач. Мултимедијалната структура им овозможи на посетителите да видат различни слики од темата на овој настан. Посетата на овој дел во просек траеше од десет до дваесет минути и се разговараше за Земјата како планета и за другите планети во сончевиот систем.

Оттука, дечињата заедно со своите водичи ги посетуваа сите останати постулати на вселената. Како завршна фаза на посетата беше посетата на модулот Месечина (структура со големина од 5,5 х 2,8 х 2,6 м), направена од оптички влакна и поликарбонат. Внатрешноста беше украсена со слики тематски поврзани со настанот. Структурата на внатрешноста на овој модул беше од PVC и винил и беше поделена на два панела. Подот беше покриен со сунѓер покриен со црна ткаенина од ликра, со цел да се симулира површината на Месечината и да се добие ефектот на „месечево одење".

Надвор беше поставен телевизор со LCD-екран за да им се овозможи на посетителите пренос во живо од она што се случува во внатрешноста на вселенскиот модул Месечина.

Младите астронаути, комплетно опремени со астронаутски костум и шлем, влегуваа во модулот и извршуваа мала „вселенска симулација" како навистина да се на Месечината, а правеа и „мали скокови со месечево одење", „скок кон ѕвездите", „обука за астронаути" итн.

Додека траеше настанот беше изработена и апликација за „Фејсбук" со цел да се наградат сите наши фанови што ги посетија поставките во „Рамстор Мол" и се фотографираа како астронаути во рамките на „Вселенската авантура". Имено, преку апликацијата се постираа повеќе од 500 фотографии што собраа повеќе од 9.000 гласови од нашите фанови.
 
Како подарок за нашите потрошувачи на Битолско млеко со 10 витамини, во сите маркети на „Рамстор" имаа можност со купување на Битолско млеко со 10 витамини да добијат беџ „Витамини прави за астронаути здрави". Воедно, сите наши позиции во овие маркети ја комуницираа вселенската авантура под слоганот „Витамини прави за астронаути здрави".
 
Како што очекувавме, интересот беше навистина голем. Повеќе од 4.000 деца ја посетија поставката, а над 300 се вклучија во натпреварот за изработка на најдобра ракета од пакување на Битолско витаминско млеко со 10 витамини. За нас во „БиМилк" насмевката на децата, нивниот интерес да научат нешто ново, да ја изразат својата креативност и да се забавуваат е доволен мотив да бидеме дел од вакви и слични настани. Доброто на децата и во иднина ќе биде во фокус на сите активности на компанијата.

Ракети од Битолско млеко со 10 витамини
За дополнително да ги мотивираме дечињата, поставивме и систем на наградување – секое детенце што ќе донесеше ракета изработена од амбалажата на Битолско Млеко со 10 витамини имаше можност да добие една од трите главни награди. Во текот на целата кампања имавме можност да видиме најразновидни креации. Децата заедно со своите родители активно работеле на изработката на ракети. Наградени беа тројца учесници, при што третопласираниот си замина дома со професионален телескоп, второпласираниот со Samsung Galaxy Tab, а прво пласираниот со X-box.
 

Биди астронаут!
Кампањата траеше три недели. Секое дете на возраст од 6 до 12 години што сакаше да ја посети „Вселенска авантура", единствено што требаше да направи е да се пријави на пултовите во „Рамстор Мол" секој ден од 12 часот. Настанот најпрвин го најавивме во дневните пишани медиуми, со една тизер-комуникација, а потоа преку останатите медиуми (ТВ и радио) почнавме директно да ја најавуваме целата кампања. Како резултат на тоа многу училишта сами ги пријавија своите ученици и во групи го посетуваа едукативниот настан. Ова беше една од ретките можности децата да дојдат во допир со она што го гледаат во нивните учебници.



 
 
 
 
back to top