IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Четврток, 19.07.2018 || Добивката на „Плантаже“ изнесува 2,4 милиони евра  |  „Ошан“ воведе гласовен четбот за вино и храна  |  Нова франшизна продавница „Шпар партнер“  |  Специјално пиво по повод средбата Трамп-Путин  |  Доделени првите грантови за домашни компании  |  „Карлсберг“ отвора нова пиварница  |  Кинези ќе градат индустриски парк за овошје и зеленчук  |  Нов ИнфоЛогистички центар во Љубљана  |  „Велпро“ ќе ги поддржува малите трговци  |  Белград стана побогат за уште еден dm  |  Резултатите на „Пепсико“ се подобри од очекуваните  |  Кратошија меѓу најдобрите вина на британскиот пазар   |  „Интермарше“ за постари лица  |  Повисоки трошоци за живот и малопродажни цени во јуни  |  „Бимилк“ подари ново место за спорт и рекреација  |  „Унилевер“ го купи бугарскиот бренд сладоледи Denny  |  „Нилсен“ именуваше нов раководител за Јадранскиот Регион  |  „Макпрогрес“ на „Summer Fancy Food Show“  |  „Перно Рикар“ ќе дистрибуира безалкохолен џин  |  Продажба на алкохолни пијалаци во секое време  |   ||
   

Петар Васиќ: Волшебниот збор е „фејсбук“

19.03.2015

Најпрвин, мора да го заборавите класичниот модел на рекламирање и да почнете да размислувате на поинаков начин – како да ги привлечете клиентите, а не како да платите за да го видат тие вашиот оглас.

Автор: Петар Васиќ, сопственик и директор, „Васиќ медиа"

Веројатно веќе многупати сте слушнале дека на „Фејсбук" се најевтините реклами и дека луѓето на тој начин заработуваат големи пари. Оваа статија ќе ве научи како самите да го тестирате овој комуникациски канал на вистинскиот начин. Ќе ви ги открие тајните што ги кријат агенциите, за да можете самите успешно да водите своја фејсбук-страница.

Јас сум еден од оние луѓе што маркетингот го оценуваат преку продажбата, наместо преку препознатливоста на брендот или некои други индикатори. За мене е важно она што функционира и ги празни магацините. Морам да ви кажам дека ова што ќе ви го објаснам навистина носи резултати. Најпрвин, мора да го заборавите класичниот модел на рекламирање и да почнете да размислувате на поинаков начин – како да ги привлечете клиентите, а не како да платите за да го видат тие вашиот оглас.

Подготовка

Пред да направите своја фејсбук-страница, размислете за што ќе пишувате. Вашата фејсбук-страница мора да биде корисна за клиентите. Ако сакате да објавувате рекламни постови, тоа никој нема да сака ниту да го слушне, ниту да го погледне. Со тој алгоритам, „Фејсбук" нема да ја прикажува вашата објава. Потребно е преку објавите да им дадете вредност на вашите клиенти. А вредност можат да бидат корисните информации, можноста за забава или да понудите увид во вашето раборење.

Целна група

Во моментов, „Фејсбук" е најдобрата машина за таргетирање на целните групи. Ќе бидете изненадени од можностите и прецизноста со кои „Фејсбук" може да ги таргетира различните демографии и психографии на популацијата. Колку што попрецизно ќе ја одредите вашата целна група, толку вашите реклами ќе бидат поевтини. Причината за тоа е едноставна: „Фејсбук" бара квалитетна содржина за своите корисници и ако огласите вистински ја погодуваат вашата целна група, тогаш алгоритамот тоа го препознава и ви пресметува значително помали трошоци за прикажување на огласот.

Одберете го тонот на говорот

Изберете на кој начин ќе зборувате на вашата страница. Замислете дека вашиот бренд е жив и доделете му карактеристики и глас. Полн погодок би било да одговорите на класичните лексиконски прашања: омилен филм, омилена книга, возраст... Оваа техника е одлична – само запрашајте се како одредена личност (според лексиконот) би реагирала и одговорот самата ќе ви го каже.

Гледајте на фејсбук-страницата како на инвестиција, а не како на трошок

Сакале или не, сите фирми полека стануваат медиумски компании. Размислувајте за вашата страница како за списание во кое вие ги пишувате статиите. Развивајќи го тој комуникациски канал, ќе добиете многу повеќе од реклама. Вие добивате лојални следбеници – луѓе што зборуваат наместо вас и ве рекламираат на своите пријатели. Овој процес е долг и мора да се вооружите со трпение.

Направете распоред на објавите

Распоредот на објавите е особено важен, затоа што ќе ви го даде ритамот што мора да го почитувате. Клучот за успешен маркетинг на „Фејсбук" се зачестеноста и истрајноста. Не откажувајте се по првиот месец, бидејќи не сте добиле резултати. Резултатите доаѓаат тогаш кога ќе се спријателите со вашите следбеници, а за тоа е потребно време. Исто како и во животот! Кога е вистинското време за постирање и во кои денови, ќе дознаете преку искуството – затоа е важно да ги испробате различните варијанти и да ја изберете најдобрата. Ви предлагам колку што е можно повеќе објави дневно, но внимавајте квантитетот да не влијае врз квалитетот!

Анализа и следење

Секоја страница има свој аналитички дел, кој се нарекува Insights, каде што можете да ги добиете сите информации за вашите објави, целната група, опсегот на вашите пораки итн. Ви предлагам да инвестирате неколку часови и да сфатите на кој начин функционира аналитиката на „Фејсбук". По првиот месец, ќе ви стане јасно дека мора барем еднаш во неделата сериозно да се позанимавате со анализа, за да ги подобрите своите објави. Запомнете дека сè на интернет може да се измери, а обично овде лежи успехот на вашиот маркетинг на „Фејсбук".


 
 
 
 
back to top