IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Сабота, 20.10.2018 || Тридневна дружба на вработените на „Макпрогрес“  |  „Лакталис“ го купува „Нестле“ во Малезија за 40 милиони долари   |  Трговците избраа ТОП 100 производи  |  Милијардер купи удел во Starbucks  |  Перутнина Птуј“ ќе продава салами во САД   |  „Метро Бугарија“ воведува автентични млечни продукти  |  Сертификати за компаниите што се фер со потрошувачите  |  „Унилевер“ нема да се сели во Холандија   |  Трговците бираат топ 100 производи   |  Битола стана дел од големиот проект „Coca-Cola Активни зони“   |  Производителите на чоколадо се насочуваат кон Исток   |  Трошоците на живот на месечно ниво намалени, на годишно имаат раст   |  Расте добивката на „ПепсиКо“   |  „Нестле“ е заинтересиран да купи бренд за минерална вода  |  Германските трговци продаваат преку интернет   |  Нов „Стокомак“ во Тетово  |  Експресна услуга на нова локација во Струга  |   Увозот на храна расте побрзо од извозот   |  Во септември пад на светските цени на храната   |  „Фуд стар“ ќе извезува пилешко месо во Кина   |   ||
   

Петар Васиќ: Пет совети за користење на „Твитер“

22.06.2015
 
Особено е важно прво да изградите односи, а дури потоа да барате можности за соработка. Во спротивно, ќе звучите „продажно", а со тоа и одбивно, бидејќи социјалните мрежи првенствено служат за дружење.
 
Автор: Петар Васиќ, сопственик и директор, „Васиќ медиа"
 
  1. Бидете јасни! Во описот на вашиот твитер-профил, наведете ги сите релевантни информации во врска со вашето работење. Што работите, линк кон вашата веб-страница – односно сè што на луѓето кои ќе наидат на вашиот пост ќе им понуди важни информации што сакате да ги споделите и ќе им даде појасна слика за тоа кои сте и што работите.
  2. Дознајте кои се влијателните и експертите во областа со која се занимавате. Поврзувајте се со нив секојдневно на „Твитер". Следете ги, почнете конверзација и изградете односи – тие можат да ги препознаат вашите квалитети и да станат пријатели на вашиот бренд (или ваши заговорници). Можете да ги пронајдете на „Твитер" со внесување на клучните зборови поврзани со вашиот бизнис (на пример, во случајот со компанијата „Васиќ медиа": маркетинг, ПР, социјални мрежи). Тоа не се вашите конкуренти, туку луѓе што се интересираат, ентузијасти или експерти, кои работат во областа на вашиот бизнис (на пример, блогери, влогери, новинари, јавни личности...). Особено е важно прво да изградите односи, а дури потоа да барате можности за соработка. Во спротивно, ќе звучите „продажно", а со тоа и одбивно, бидејќи социјалните мрежи првенствено служат за дружење. Направете листа, на пример, од 50 најважни луѓе на „Твитер" за вашиот бизнис и почнете разговор со нив. Ако доволно ги заинтересирате луѓето, тие ќе го разгледаат вашиот профил, каде што ќе ги пронајдат сите потребни информации за вашето работење.
  3. Бидете проактивни – во секоја смисла! Твитајте, фејвајте, ретвитајте (луѓето што ве следат секогаш можете да ги замолите за мала помош). Секако, пред сè, се разбира дека треба да знаете кои се вашите целни групи и да ја скроите содржината според нив, за да можат тие со задоволство да ве следат. Особено важно е да одговарате на сите твитови кои се насочени кон вас, и на позитивните, и на негативните, бидејќи „Твитер" е место за брза интеракција и честопати луѓето имаат конкретни прашања или сугестии за вас, така што е особено важно да се реагира во соодветно време. Со тоа создавате слика за својот бренд како одговорен, професионален и најважното – оној што е секогаш присутен и се грижи. Вашите конкуренти кои не се таму сè побрзо ќе станат ирелевантни. Проактивноста значи да ги откривате можностите секогаш и секаде, или уште подобро – да ги создавате! Следете ги хаштазите (#) што се релевантни за вашето работење и разговарајте со луѓето. На пример, ако сте стоматолог во Белград, следете ги хаштазите #стоматолог, #Белград. Може да се случи да наидете на некој што бара стоматолог во Белград (еве ја можноста за нов пациент).
  4. Бидете мултимедијални! Според сите статистики, сликите и видеоматеријалите добиваат од 3 до 4 пати повеќе реакции (кликања, фејвови и ретвитови), отколку обичниот текст. Освен тоа, „Твитер" го купи „Вајн" (социјална мрежа чијашто примарна содржина се видеоматеријали од 6 секунди) и алгоритамот е променет, така што на него сега повеќе се прикажуваат видеосодржини.
  5. Користете ги алатките за анализа. Многу е важно да ја следите успешноста на вашите твитови, за да имате вистински увид како реагираат на нив оние што ве следат. На тој начин, вашата комуникација ќе биде поуспешна. Постојат голем број апликации на интернет што можат да ви помогнат (една од поедноставните е analytics.twitter.com) и важно е да ја најдете соодветната алатка која ќе ви ги понуди токму оние информации што се релевантни за вас.
 

Покрај сето ова, се разбира дека треба да твитате фреквентно. Бидејќи оние што ве следат треба да знаат дека секогаш сте присутни и дека со нив градите квалитетни односи.


 
 
 
 
back to top