IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Понеделник, 15.10.2018 || „Лакталис“ го купува „Нестле“ во Малезија за 40 милиони долари   |  Трговците избраа ТОП 100 производи  |  Милијардер купи удел во Starbucks  |  Перутнина Птуј“ ќе продава салами во САД   |  „Метро Бугарија“ воведува автентични млечни продукти  |  Сертификати за компаниите што се фер со потрошувачите  |  „Унилевер“ нема да се сели во Холандија   |  Трговците бираат топ 100 производи   |  Битола стана дел од големиот проект „Coca-Cola Активни зони“   |  Производителите на чоколадо се насочуваат кон Исток   |  Трошоците на живот на месечно ниво намалени, на годишно имаат раст   |  Расте добивката на „ПепсиКо“   |  „Нестле“ е заинтересиран да купи бренд за минерална вода  |  Германските трговци продаваат преку интернет   |  Нов „Стокомак“ во Тетово  |  Експресна услуга на нова локација во Струга  |   Увозот на храна расте побрзо од извозот   |  Во септември пад на светските цени на храната   |  „Фуд стар“ ќе извезува пилешко месо во Кина   |  „Цедевита“ доби концесија за вода   |   ||
   

Петар Васиќ: Пет совети за користење на „Линкдин“

17.08.2015
 

Автор: Пе­тар Ва­сиќ, сопс­тве­ник и ди­ре­ктор, „Ва­сиќ ме­диа"

1. Комп­ле­ти­рај­те го про­фи­лот!

Ед­на од нај­че­сти­те гре­шки што мно­гу­ми­на ја пра­ват на „Линк­дин" е не­це­лос­но по­пол­не­ти­от про­фил. Не­це­лос­ни­от про­фил да­ва сли­ка на не­мар­ност и на не­за­ин­те­ре­си­ра­ност, што, се­ка­ко, не е впе­ча­то­кот што са­ка­те да го оста­ви­те. Бо­га­ти­от про­фил све­до­чи за ва­ша­та про­фе­си­о­нал­ност и им по­ма­га на ва­ши­те се­гаш­ни и по­тен­ци­јал­ни кли­ен­ти и со­ра­бот­ни­ци да соз­да­дат ви­стин­ска сли­ка за вас. По­пол­не­те го про­фи­лот со ре­ле­вант­ни и со кон­циз­ни ин­фор­ма­ции, за оние што го по­се­ту­ва­ат да има­ат кон­крет­на иде­ја кој сте, кои зна­е­ња и ве­шти­ни ги по­се­ду­ва­те, ка­де ра­бо­ти­те во мо­мен­тов и слич­но.

2. На­пра­ве­те про­фил на ком­па­ни­ја­та (company page)!

Со ог­лед на тоа што линк­дин-про­фи­ли­те се соз­да­де­ни за прет­ста­ву­ва­ње на про­фе­си­о­нал­ци­те од све­тот на биз­ни­сот, оваа со­ци­јал­на мре­жа овоз­мо­жу­ва и ком­па­ни­и­те да има­ат со­од­вет­на пре­зен­та­ци­ја. Ова е осо­бе­но важ­но по­ра­ди ди­фе­рен­ци­ра­ње­то – лу­ѓе­то со ва­ша­та ком­па­ни­ја се по­вр­зу­ва­ат за­тоа што са­ка­ат да доз­на­ат по­ве­ќе за про­из­во­ди­те, про­це­си­те, мож­но­сти­те и сл. во неа, а тоа се­ко­гаш не се ин­фор­ма­ции што се со­од­вет­ни за об­ја­ву­ва­ње на лич­ни­от про­фил. На при­мер, „Линк­дин" ну­ди оп­ци­ја лу­ѓе­то да да­ва­ат ко­мен­та­ри за ва­ши­те про­из­во­ди и ус­лу­ги, по­ма­гај­ќи ви на тој на­чин во соз­да­ва­ње­то на ин­те­ра­ктив­на и про­а­ктив­на за­ед­ни­ца.

3. Би­де­те актив­ни!

Ка­ко и на „Фејс­бук" и на „Тви­тер", та­ка и на „Линк­дин" има но­во­сти (news feed), но до­бра­та вест е што тој не е „пре­на­тру­пан" со ин­фор­ма­ции. И по­на­та­му се ре­тки оние што го гле­да­ат це­лос­ни­от по­тен­ци­јал на оваа со­ци­јал­на мре­жа, за­тоа во­де­те се од на­род­на­та по­го­вор­ка: Кој ра­но ра­ни, две сре­ќи гра­би! и иско­ри­сте­те го тоа ка­ко пред­ност. Ажу­ри­ра­ње­то на ста­ту­сот, блог или об­ја­ва на не­ко­ја акту­ел­на те­ма, екс­перт­ски со­вет..., мо­жат да ве по­зи­ци­о­ни­ра­ат ка­ко про­фе­си­о­на­лец кој е вре­ден за вни­ма­ние.

Спо­де­лу­вај­те ин­фор­ма­ции за се­бе, за сво­и­те искус­тва и зна­е­ња на „Линк­дин", би­деј­ќи тие ни­ка­де не се це­не­ти ка­ко што се на оваа пла­тфор­ма. Тоа ќе ви се исп­ла­ти по­ве­ќе­крат­но во вид на вер­на за­ед­ни­ца, ко­ја ќе ве пре­поз­на­ва ка­ко екс­перт од одре­де­на об­ласт. Мо­же­те да ба­ра­те пре­по­ра­ки од сво­и­те кон­та­кти на „Линк­дин", а и вие би­де­те ве­ли­ко­душ­ни во да­ва­ње­то пре­по­ра­ки за дру­ги­те. Ин­те­рак­ци­ја­та е нај­важ­на за из­град­ба на за­ед­ни­ца­та – за­тоа би­де­те отво­ре­ни во раз­го­во­ри­те со си­те!

4. Ко­ри­сте­те ги зна­ци­те на за­ед­ни­ца­та (community alerts)!

„Линк­дин" ви да­ва мож­ност ин­те­рак­ци­ја­та со дру­ги­те ко­рис­ни­ци да ја ос­тва­ру­ва­те на по­ве­ќе раз­лич­ни ни­воа. Про­нај­де­те ги гру­пи­те што се по­вр­за­ни со ва­ши­те ин­те­ре­си и зна­е­ња и би­де­те акти­вен дел од нив­ни­от раз­вој. На тој на­чин ќе го про­ши­ри­те кру­гот на ва­ше­то вли­ја­ние.

Исто та­ка, линк­дин-од­го­во­ри­те (answers) се од­ли­чен на­чин за по­вр­зу­ва­ње со ко­рис­ни­ци­те. Со од­го­ва­ра­ње­то и со по­ста­ву­ва­ње­то пра­ша­ња, по­ма­га­те во раз­во­јот на за­ед­ни­ца­та и се по­зи­ци­о­ни­ра­те ка­ко екс­перт во одре­де­на об­ласт. Тие се моќна алатка за ком­па­ни­ја­та, ако на­у­чи­те да ги ко­ри­сти­те на ви­стин­ски­от на­чин. Мо­же да ви по­мог­нат во ко­му­ни­ка­ци­ја­та за ми­си­ја­та, ви­зи­ја­та и за вред­но­ста на ва­ша­та ком­па­ни­ја, во истра­жу­ва­ње­то на кон­ку­рен­ци­ја­та или во по­тра­га­та за со­ра­бот­ни­ци, кли­ен­ти и за но­ви вра­бо­те­ни.

5. На­пра­ве­те линк­дин-гру­па

Ве­ќе ги спо­ме­нав гру­пи­те ка­ко од­лич­на ала­тка за по­вр­зу­ва­ње на „Линк­дин", за­тоа што тие прив­ле­ку­ва­ат ин­ди­ви­дуи со слич­ни ин­те­ре­си и афи­ни­те­ти. Кре­и­ра­ње­то линк­дин-гру­па мо­же да би­де од по­ве­ќе­крат­но зна­че­ње за ва­ше­то ра­бо­те­ње: мо­же да доз­на­е­те по­ве­ќе за за­ед­ни­ца­та (кои се и ка­кви се лу­ѓе­то во неа, ка­ко да ко­му­ни­ци­ра­те со нив), гру­па­та е од­лич­но ме­сто за стек­ну­ва­ње но­ви зна­е­ња, ка­ко и за ева­лу­а­ци­ја на ва­ша­та ра­бо­та. Нај­до­бро би би­ло да на­пра­ви­те линк­дин-гру­па со по­ши­рок кон­текст од она со што се за­ни­ма­ва­те, за да со­бе­ре­те што по­ве­ќе лу­ѓе и да го про­ши­ри­те кру­гот на вли­ја­ние.


 
 
 
 
back to top