IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Сабота, 20.10.2018 || Тридневна дружба на вработените на „Макпрогрес“  |  „Лакталис“ го купува „Нестле“ во Малезија за 40 милиони долари   |  Трговците избраа ТОП 100 производи  |  Милијардер купи удел во Starbucks  |  Перутнина Птуј“ ќе продава салами во САД   |  „Метро Бугарија“ воведува автентични млечни продукти  |  Сертификати за компаниите што се фер со потрошувачите  |  „Унилевер“ нема да се сели во Холандија   |  Трговците бираат топ 100 производи   |  Битола стана дел од големиот проект „Coca-Cola Активни зони“   |  Производителите на чоколадо се насочуваат кон Исток   |  Трошоците на живот на месечно ниво намалени, на годишно имаат раст   |  Расте добивката на „ПепсиКо“   |  „Нестле“ е заинтересиран да купи бренд за минерална вода  |  Германските трговци продаваат преку интернет   |  Нов „Стокомак“ во Тетово  |  Експресна услуга на нова локација во Струга  |   Увозот на храна расте побрзо од извозот   |  Во септември пад на светските цени на храната   |  „Фуд стар“ ќе извезува пилешко месо во Кина   |   ||
   

Панче Штерјовски: Моќта на интернет-рекламирањето

17.02.2014
Живееме во нова ера, каде што многу луѓе од различна возраст му пристапуваат на интернетот на глобално ниво. Ако сакате вашиот бизнис да го достигне крајниот успех, потребна ви е комбинација од онлајн- и офлајн-маркетинг. Сепак, онлајн-маркетингот е местото каде што сте во можност да се поврзете со вашата публика на пошироко ниво.

Панче Штерјовски, специјалист за маркетинг и е-трговија, „Екупи Македонија"

Ако се направи споредба на онлајн-рекламирањето со традиционалното офлајн, можат да се добијат различни мислења и искуства. Од ден на ден, интернетот драматично се менува во позитивна насока, што придонесува за менување и на маркетингот.

Терминот онлајн-маркетинг се однесува на моќта на интернетот за рекламирање, за да се создаде реакција кај целната публика. Онлајн-маркетинг може да се сретне и под терминот интернет- или веб-маркетинг. Овој начин на рекламирање овозможува неколку клучни придобивки, на пример: соодветност, достапност и можност брзо и лесно да се следат резултатите и одѕивот. Интернет-маркетингот им овозможува дури и на малите компании да се истакнат локално, регионално и глобално.
Во Македонија бројот на интернет-корисници е околу 1,1 милион луѓе или 58% од населението, а 1.038.000 се приклучени на социјалната мрежа „Фејсбук", според податоците на „Internet World Stats", специјализирана интернет-страница за статистика.

Најчести корисници се лица на возраст од 25 до 34 години, а речиси половина од младите од 18 до 24 години, веднаш откако ќе се разбудат наутро се вклучуваат на „Фејсбук". Најмасовно „Фејсбук" се користи од 13 до 15 часот, во четврток и петок. Според статистичките податоци, 40% од македонските корисници минуваат во просек по четири часа во денот на социјалните мрежи и на порталите.

И покрај извонредните и оптимистичките податоци за развојот и достапноста на интернетот во Македонија, сепак за мудро и соодветно користење на интернетот, потребна е подлабока анализа на однесувањето на онлајн-потрошувачите и донесувањето на нивните одлуки при купување.

Културата и моралните вредности се темелите на една нација, што во голема мера се определени од етникумот, возраста, географската поставеност и животниот стил. Според Државниот завод за статистика (ДЗС), македонските потрошувачи го одбираат онлајн-купувањето поради следниве причини и придобивки (подредени по важност):
  • Подобри цени;
  • Подобар избор на производи на едно место;
  • Можност за купување во кој било период од денот;
  • Можност за добивање повеќе информации за производите; и
  • Можност да се најдат производи што се недостапни во обичните продавници.
Од друга страна, одредена група интернет-корисници не би купувале онлајн поради следниве причини:
  • Можност за физички допир со производот, пред да биде купен;
  • Недоверливост во поглед на заштитата на личните и финансиските податоци и
  • Евентуално враќање на производот и негово сервисирање.
Доколку сте во потрага по одредени целни групи, имате можност да ги користите онлајн-алатките за анализа на „Google Analytics", за детална анализа на посетителите и нивното однесување на вашата интернет-страница. Правењето промени и адаптирањето на вашите маркетинг-кампањи на интернет е брзо и лесно и ви овозможува да реагирате на промените од бизнис-околината. Со следењето на сообраќајот и однесувањето на онлајн-корисниците, вие можете да бидете активни и веднаш да ја персонализирате содржината.

Со онлајн-маркетингот ги немате вообичаените трошоци за печатење на рекламен материјал, со што добивате повеќе средства за рекламирање по другите, алтернативни, комуникациски интернет-канали, како социјалните медиуми и оптимизација на интернет-пребарувачи (СЕО). Ќе заштедите многу време и пари, ако сте во можност да ги научите следниве комуникациски алатки за онлајн-рекламирање:
  • Традиционално онлајн-рекламирање – користење на рекламниот простор на порталите со различни содржини, преку банери и креативни решенија, дигитални каталози и брошури, промоции, наградни игри од различен карактер, партнерски програми итн.
  • Е-маркетинг – генерирање листа со електронски пошти од редовни корисници на кои редовно им се испраќаат содржини од различен карактер; новитети и промоции; преглед и рејтинг на одредени производи; нови услуги и сервиси итн.
  • Интеракција и рекламирање преку социјалните мрежи – „Фејсбук" како највлијателна, потоа „Твитер", „Гугл+", „Линкдин", „Пинтерест", „Инстаграм" и други. Со постирањето новитети, понуди, настани, како и користење на платените простори за рекламирање во форма на мини-банер и „њузфид" се овозможува интеракција и коментирање со обожавателите.
  • Оптимизација за интернет-пребарувачи – употреба на добро осмислени наслови, едноставни и клучни зборови за пребарување, оптимизирање на интернет-страницата за поголема брзина и полесно прелистување на содржините.
Живееме во нова ера, каде што многу луѓе од различна возраст му пристапуваат на интернетот на глобално ниво. Ако сакате вашиот е-бизнис да го достигне крајниот успех, потребна ви е комбинација од онлајн- и офлајн-маркетинг. Сепак, онлајн-маркетингот е местото каде што сте во можност да се поврзете со вашата публика на пошироко ниво.


 
 
 
 
back to top