IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Среда, 24.01.2018 || „Карлсберг“ мора да плати пазарна цена за уделот во „Хабеко“  |  Норвешкиот амбасадор ја посети фабриката „Књаз Милош“  |  И „Сеинсберис“ ќе крати менаџерски позиции  |  „Карфур“ ја објави визијата за 2022 година  |  „Амазон“ ги објави 20 потенцијални локации за новото седиште  |  „Теско“ затвора 1.700 менаџерски работни места  |  Мрежата на „Профи“ достигна 700 објекти  |  „АЦ фуд“ го купува последниот дел од имотот на „Агрокомерц“  |  „Шпар“ - Словенија ја претстави онлајн-продавницата  |  Отворен е првиот „Амазон гоу“ за потрошувачите  |  Промоција на Fuzetea, бренд достапен и на македонскиот пазар  |  Нов „Алди-М плус“ во Гевгелија  |   „Бивода“ планира извоз во Македонија и во Грција  |  Престижен орден од Финска за Светозар Јаневски  |  „Мигрос“ останува лидер, најголем скок во интернет-каналот  |  „Биедронка“ станува сè посилна  |  „Тривит“ ги презеде постројките на пекарницата „Алимпије“  |  „Плодине“ го отворија 81. продажен центар   |  „Гомекс“ планира отворање на 30 продавници  |  „Бел фуд груп“ го презема „Хугли“  |   ||
   

Олаф Кордс: Повеќе од 120 години со вас!

15.09.2015
Олаф Кордс, генерален директор на „Др. Еткер"- Хрватска

Dr.Oetker е бренд што речиси сите туристи кои ја посетуваат Хрватска го познаваат како водечки производ во својата држава. За нив Dr.Oetker претставува доверба и сигурност, што е особено важно кога престојувате во странска држава. Но, важен е и квалитетот додека уживате во најдобриот период од годината.

Разговараше: Јелена Домовиќ, jelena@instore.hr

Доаѓајќи од „Унилевер", во 1990 година, Олаф Кордс почна да работи во одделот за маркетинг во седиштето на компанијата „Др. Еткер"во Билефелд, Германија. По стекнувањето на исклучително искуство на пазарот на прехранбените производи, повеќе од 10 години беше на позицијата регионален менаџер за Источна Европа, каде беше одговорен за Полска, Унгарија, Хрватска, Словенија, Србија, Грција и за Турција. Во 2007 година се пресели во Загреб и ја презеде позицијата генерален директор на компанијата „Др. Еткер"- Хрватска, со што стана одговорен за пазарите во Хрватска, Словенија и во Босна и Херцеговина.

Кои се главните разлики и сличности на пазарите за кои Вие сте одговорен?

Словенија почнува да закрепнува од рецесијата која почна поради специфичната банкарска криза. Меѓутоа, побарувачката во Словенија e сè уште ниска поради консолидацијата на буџетските приватни домаќинства. Како производител на стока за широка потрошувачка, го чувствуваме овој недостиг на побарувачката. Но, очекуваме дека Словенија повторно ќе оди по патот на порастот, благодарение на нејзината силна конкурентност, поради различните структурни предности.

Хрватска е држава што поради недостиг од значајни индустрии, во моментов има ниска база за примање на надворешните циклични импулси и за нивно претворање во пораст и во нови работни места. Затоа економските проблеми се подлабоки и неспоредливи со повеќе краткорочни предизвици на цикличката криза. Меѓутоа, човечките потенцијали и инфраструктурата се во напредно ниво и можат да бидат сигурна основа за странските инвеститори. 

БиХ, пред која се наоѓаат неколку конститутивни предизвици, сè уште се бори со и не толку ефикасна јавна администрација и со висок степен на невработеност. Државата има одредени можности за пораст благодарение на ниската база. Исто така, евтината работна рака може да биде конкурентна предност, ако еден ден се постигне конститутивна стабилност. 

Иако се значителни разликите во купувачката моќ меѓу државите од регионот, заедничката историја на потрошувачите им овозможува на компаниите од FMCG - секторот да ги здружат активностите во иновации и во огласувања.

Она што е заедничко за државите од Југоисточна Европа е силниот инстинкт што локалниот потрошувач го има за квалитетот произведен во Германија. Веќе 120 години „Др. Еткер" ја користи предноста за супериорен квалитет на своите производи, во повеќе од 40 држави.

Дали некои сознанија стекнати на хрватскиот пазар „Др. Еткер" ги имплементираше на некои други пазари? На пример: ѕaѕики од Грција е лансиран во Германија. Постои ли некој сличен регионален производ што може да биде интересен за пазарот во Германија или на некој друг развиен пазар каде што е присутен „Др. Еткер"?

На Dr.Oetker како интернационален бренд со силни германски корени, дел од секојдневното работење му е пренесување на успешни идеи и концепти од една во друга држава.

Така не нè изненадува тоа што неколку специфични концепти поврзани за производ потекнуваат од „Др. Еткер" - Хрватска, а што се приспособени во развиените држави кои имаат споредлива купувачка моќ. Од нашиот конкурент на пазарот е видливо дека е несомнено тешко на компанија од чисто хрватско потекло да се одвои од локалната заднина. 

Секако дека се бара големиот јунак како споменатиот оригинално грчки специјалитет, што од Хрватска би бил лансиран во другиот дел од светот. Тоа што на странците би им било интересно да се преземе од хрватскиот пазар се оној вид интелигентни решенија за малите пазари, на пример, нашиот крем за крем-торта или нашиот крем за едно сервирање, за точно една торта. Тоа се идеи што се приспособени во неколку држави.

Од друга страна, не е чудно што нашата, специфично хрватска, линија на зачини за печење колачи „Рецепти од минатото" не го остварува тој потенцијал во странство. 

Понатаму, нашиот природно ароматизиран шеќер за колачи, со потекло од Хрватска, е локално решение без национална основа, така што претставува одреден потенцијал за странските пазари.

Производствениот погон во Србија треба да биде завршен до крајот на 2015 година. Кога може да се очекуваат првите испораки од новата фабрика на нашите пазари?

Новата фабрика во Србија е само замена за постојните локални капацитети. Поради тоа нема да има влијание врз изворите на снабдување за нашиот регион. Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина повеќето од производите на „Др. Еткер" ги добиваат од различни производствени единици во Европската унија.

Обично, колку време е потребно во „Др. Еткер" од идеја за лансирање на нов производ (на пр. на пазарот во Хрватска) до поставувањето на новиот производ на полиците? Кои се најважните чекори во тој процес?

Бидејќи висок процент на иновации доаѓаат од „Др. Еткер" – Хрватска, интерните процеси се фокусирани на креативност и на ефикасност. Развојот на производите во „Др. Еткер" е секогаш спој на локалниот развој и на предлозите на повеќе од 40 сестрински компании, така што времето за развој на производот варира. Тоа што нам ни е најважно е на крајот да бидеме најдобри во поглед на највисок квалитет на пазарот.

Должината на процесот е различна, од период пократок од шест месеци до период подолг од една година. Целиот процес вклучува анализа на пазарот, истражувања за потрошувачите, развој на дизајнот на новото пакување или приспособување на постојниот дизајн. Во средиштето на сите наши иновативни постапки е силниот фокус на развојот на рецепти со нашите интернационални оддели за истражување и за развој. Не смееме да ја заборавиме нашата единствена експериментална кујна на „Др. Еткер", каде се проверуваат сите производи и сите рецепти. Оттука е ветувањето дека со највисок понуден квалитет зад сите нив стои компанијата. Резултатот е производ што на потрошувачите им обезбедува целосно задоволство на вкусови и ветување за успех при готвењето.

Иако е сложен нашиот процес на развој, неодамна од трговијата ни кажаа дека на нашиот конкурент подолго време му е потребно да нè копира, отколку што нам ни е потребно да направиме оригинал. Ваквите забелешки се тие што нè прават горди.

Какво влијание има консолидацијата на трговските синџири во јадранскиот регион на работењето на компанијата „Др. Еткер"? 

Во процесот на создавање дополнителна вредност, секогаш се потребни двајца играчи: еден од нив е производителот „Др. Еткер" со својот бренд. За овој бренд потрошувачот е подготвен да плати одредена цена, бидејќи тој бренд е создаден со нашите редовни и интензивни вложувања во огласувањето. Вториот играч е трговецот: ги цениме сите структурни промени кај нашите партнери, ако тие водат кон ефикасност и значителен пораст.

Можете ли да дадете неколку примери на најдобро имплементирани промоции во трејд-маркетингот наменет за традиционалните канали во Хрватска, во изминатите две години?

Нашата трејд-промоција „Сакаме да печеме колачи", реализирана минатата божиќна сезона, повторно е примена со симпатии од потрошувачите што учествуваа во неа. Повторно покажа високо ниво на доверба во брендот и во нашата развиена компетентност за рецепти и за квалитет.

Планирате ли да воведете нови модели на работење во јадранскиот регион? Гледате ли потенцијал за производите на Dr.Oetker во секторот хорека и што сметате дека е најголемиот потенцијал во овој регион?

На пазарот на храна не постои модел на работење што досега не е разгледуван за приспособување во регионот. Тесното грло е внатре, во земјите, а не некое ограничување на пазарниот пристап.
 
Особено во Хрватска, најголем потенцијал е туризмот, а вредносното зголемување поголемо од количинското може да генерира пораст. Освен неколку регионални исклучоци, сè уште нема развиено вистинско разбирање на очекувањата на гостите од странство кои имаат одредена куповна моќ.

Dr.Oetker е бренд што го познаваат речиси сите туристи што ја посетуваат Хрватска како водечки производ во својата држава. За нив овој бренд претставува доверба и сигурност, што е особено важно кога престојувате во странска држава. Но, важен е и квалитетот додека уживате во најдобриот дел од годината.

Во текот на летото, се соочиваме со силни сезонски ефекти, особено кај нашите житарки за појадок и пица. Но, секогаш тоа се редовни трејд-канали каде што странските туристи се одлучуваат за купување на производите Dr.Oetker. Во моментов не гледаме потенцијал во небрендирани и ценовно контролирани производи на пазарот. 



 
 
 
 
back to top