IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Петок, 20.04.2018 || „Млин и пекара Љубаче“ со нова инвестиција  |  Natur Premium пристигнува на македонскиот пазар  |  „Монделез“ вложува 90 милиони евра во „фабрика на иднината“  |  „Рамстор“ го отвори 25.маркет  |  „Хенкел“ отвори нова фабрика Somat во Крушевац  |  „Сан Пелегрино“ со приход од 895 милиони евра  |  „Карфур“ ги отвори првите пунктови испорака за пешаци  |  „Персу“ ги повика локалните производители да соработуваат  |  „Кимберли Кларк“ ќе го проширува капацитетот во Алабама  |  „Витамин“ на саемот во Мостар  |  Владимир Косијер нов генерален директор на „Пивара Скопје“  |  „Амазон“ е во преговори со авио-превозникот „Азул“  |  „Домаќа трговина“ со ново место за пазарење  |  Клучно одобрување на „Бајер“ за „Монсанто“  |  „Витаминка“ го рестартира производството на Брилијант  |  Во Сплит отворен првиот супермаркет „Шпар гурмет“  |  Розовиот Kit Kat пристигнува и во Европа  |  „Млекарнa Целеиа“ забележа пораст од 9%  |  „Ошан“ лансира нов формат во Украина  |  „Мирана“ ја купи „Аронија здрава храна“  |   ||
   

Никола Јовановиќ: Предности на интернет-панелот за истражување

15.02.2016
Демократизација на маркетинг-истражувањата (втор дел)
 
Цената на истражувањето е најниска, потребното време за истражување на пазарот е најкратко, лесно се спроведува теренска контрола за време на истражувањето...

Автор: Никола Јовановиќ, директор, „Плум марк"

Истражување на национален репрезентативен примерок за само 500 евра? Можно е.

За тоа пишував во InStore бр.32. Уште еднаш да потсетам, во светот денес, повеќе од 25 отсто од сите анкети се направени преку интернет-панел (во развиените економии тој број се зголемува и достигнува до 40 отсто), наспроти 12 отсто од анкетите направени преку телефон и 9 отсто спроведени лице в лице. Затоа, овојпат пишувам за предностите на интернет-панелот за истражување.

Цената на истражувањето е најниска. Потребното време за истражување на пазарот е најкратко, лесно се спроведува теренска контрола за време на истражувачкиот процес, обезбедена е целосна географска покриеност итн.

Најниска цена за истражување

Цената на интернет-панелот за истражување е до 50 отсто пониска од цената на анкетата лице в лице во домаќинствата и до 25 отсто пониска од телефонските анкети. Кај интернет-панелот е изразена и ценовната ефикасност и кај малите примероци, што не е случај кај другите истражувачки методи, поради трошоци за организирање.

Најкратко време за реализација

За реализација на истражувачкиот проект преку интернет-панел потребно е до петпати помалку време, отколку за реализација на анкетата лице в лице или двојно помалку време за реализација на телефонските анкети. Краткиот рок за реализација овозможува достава на извештајот на нарачателите во рок од само три дена, што не може да се постигне со ниту една друга истражувачка техника. 

Перманентна контрола при собирањето податоци

Интернет-панелот за истражување, подобро од кој било истражувачки метод нуди можност за контрола на собраните податоци во реално време. Со многубројните методи на контрола на интернет-панелот за истражување, се овозможува потврда на квалитетот на добиените податоци, но и дополнителна анализа на сомнителните податоци и елиминација на неупотребливите податоци од остварениот примерок. 

Одлична географска покриеност

Една од предностите на интернет-истражувањето е одличната географска покриеност. Кај анкетирањето преку интернет, можно е брзо и лесно да се дојде до испитаници од многу општини, градови и села.

Лесно вклучување на мултимедијалните содржини

Никогаш не било полесно да се генерираат прашања со мултимедијална содржина. Со користењето на интернет-панелот, вклучуваме звук, слика, видеоматеријал и лесно тестираме: радиореклами, дизајнерски предлози од новинарските огласи и билборди, ТВ-реклами пред емитување. На овој начин се оневозможува релативно честата грешка да се почне рекламна кампања, вредна повеќе од десетина илјади евра, без претходна евалуација на креативните решенија.

Информација за статусот од теренското работење достапно во реално време

Нарачателот на истражувачкиот проект во секое време има целосен увид во текот на теренското работење, во развојот и во остварувањето на зададените цели на истражувањето. Тоа овозможува интервенција на примерокот или дури и на содржината на прашалниците за време на истражувањето, за да се постигнат резултатите за клиентот.

Прелиминарни резултати веднаш по завршувањето на истражувањето 

Клиентот има можност, прелиминарните резултати од истражувањето, вклучувајќи ги и сите потребни вкрстувања на податоците, да ги добие на денот кога завршува истражувањето.
 
За авторот                                                                                                                                                 
Никола Јовановиќ е директор на агенцијата „Плум марк", специјализирана за спроведување на интернетски панел-истражувања на пазарот. За десет години работа во индустријата на истражувања на пазарот и испитување на јавното мислење, водеше повеќе од 200 истражувачи проекти. Во рамките на агенцијата „Плам марк" го разви најголемиот панел за интернет-истражување во Србија - Pipl online panel.
За сите прашања во врска со истражувањата во индустријата хорека, можете да контактирате со него по телефон 063/263-463, nikola@plummark.com или користејќи ја контакт формата на веб-страницата www.pulmmark.com.





 
 
 
 
back to top