IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Среда, 24.01.2018 || „Амазон“ ги објави 20 потенцијални локации за новото седиште  |  „Теско“ затвора 1.700 менаџерски работни места  |  Мрежата на „Профи“ достигна 700 објекти  |  „АЦ фуд“ го купува последниот дел од имотот на „Агрокомерц“  |  „Шпар“ - Словенија ја претстави онлајн-продавницата  |  Отворен е првиот „Амазон гоу“ за потрошувачите  |  Промоција на Fuzetea, бренд достапен и на македонскиот пазар  |  Нов „Алди-М плус“ во Гевгелија  |   „Бивода“ планира извоз во Македонија и во Грција  |  Престижен орден од Финска за Светозар Јаневски  |  „Мигрос“ останува лидер, најголем скок во интернет-каналот  |  „Биедронка“ станува сè посилна  |  „Тривит“ ги презеде постројките на пекарницата „Алимпије“  |  „Плодине“ го отворија 81. продажен центар   |  „Гомекс“ планира отворање на 30 продавници  |  „Бел фуд груп“ го презема „Хугли“  |  „Фереро“ го купува американскиот кондиторски сегмент на „Нестле“  |  „Маркс & Спенсер“ го продаде бизнисот во Хонг Конг  |  „Лакталис“ повлекува 12 милиони пакувања млеко за бебиња  |  „Атлантик група“ ја презема дистрибуцијата на „Марс“  |   ||
   

Никола Јовановиќ: Демократизација на маркетинг-истражувањата (прв дел)

17.11.2015

Во овој број ќе зборуваме за синдикалното истражување со користење интернет-панели.

Автор: Никола Јовановиќ, директор, „Плaм марк"

Постојат две заблуди во маркетинг-истражувањата. Прво, истражувањата може да ги прават само големи агенции и тие се многу скапи. Ова гледиште е особено застапено кај малите и неразвиени пазари, како што се пазарите од земјите од јадранскиот регион.

Од друга страна, застапено е и гледиштето дека истражувањата можат да се направат со користење бесплатни софтвери, со користење на „pool plug in" на веб-страниците и со посетители на своите веб-страници или на „Фејсбук". Можат да се направат и на овој начин, но резултатите од таквата методологија сосема погрешно се толкуваат од тие што истражувањата ги спроведуваат според сопствена режија.

Дали некаде постои нешто многу скапо, а во исто време да биде и бесплатно? Вистината, како и секогаш во животот, се наоѓа некаде помеѓу.

Демократизација на маркетинг-истражувањта

Веќе неколку години меѓу првите пет трендови во светот се истакнува управувањето со обемните податоци – Big data. Истовремено, работата на статистичарите и на аналитичарите се наведува како работа на иднината со најголеми предвидени примања во наредните години.

За да управуваме со (големи) податоци, прво мораме да ги имаме, зарем не? Донесувањето правилни одлуки е во зависност со собирање и со правилна употреба на податоците за нашите потрошувачи, за нашите конкуренти и пазарот во целост.

За што ни служат истражувањата? Тие, самите по себе не се цел. Тие му помагаат на менаџментот подобро да донесува одлуки, му овозможува однапред да го знае развојот на пазарот, да влезе во главата на купувачите и полесно да ги задоволи нивните сè поголеми потреби. Тие помагаат да ја разбереме конкуренцијата, да ги предвидиме нивните потези и на тој начин да го олесниме тешкиот пазарен натпревар.

А колку фирми во Србија, во минатата година направиле маркетинг-истражување? Помалку од 0,5 отсто. За 99,5 отсто од претпријатијата и од претприемачите, истражувањата, токму поради наведените заблуди, се надвор од нивните размислувања, планови и од финансиските буџети.

Како прво, до огромен број претприемачи не доаѓа суштинската информација дека истражувањата не мора да бидат премногу скапи!

Втора заблуда, користењето бесплатни софтвери го доведува претприемачот во друг вид проблеми. Користејќи ги бесплатните софтвери, самостојно спроведуваат истражувања, но најчесто добиваат неупотребливи податоци врз основа на кои носат погрешни одлуки, кои подоцна ги чинат многу пари и време. Поради таквиот развој на настаните, кај претприемачите се создава отпор и кон истражувањата и кон истражувачите. Наместо истражувањата да им помогнат, тие многу повеќе им отежнуваат во управувањето со бизнисот.

Како маркетинг-истражувањата да им бидат достапни на сите?

 Истражување на национално репрезентативен примерок за само 500 евра? Можно е.

Денес, во светот, повеќе од 25 отсто од сите анкети се прават по пат на интернет-панели (во развиените економии тој број се зголемува на повеќе од 40 отсто), наспроти истражувања преку телефон (12 отсто) и преку анкета лице в лице (9 отсто). Интернет-панелите се надвор од влијанијата на големите агенции, па со тоа и цената на маркетинг-истражувањата е значително пониска.

Уште, ако станува збор за синдикален истражувачки проект, каде што повеќе клиенти ги делат трошоците за истражување, цената може да биде и помала од наведената цифра. Синдикалните истражувања најчесто се спроведуваат на иницијатива на агенциите. Тие, речиси секогаш, опфаќаат повеќе теми и целини што се обединуваат во рамките на еден прашалник (омнибус пристап). Во овој тип на истражувања, клиентите може да учествуваат со едно или повеќе прашања што посебно се анализираат за нивните потреби. Тоа значи дека поединечен клиент има увид единствено во резултатите на оние прашања што тој ги нарачал. Таквото здружување на клиентите овозможува значително намалување на трошоците за секој од нив.

За само четири дена, на репрезентативен примерок од 1.000 испитаници, може многу лесно да се добијат одговори на сите прашања. Како и кај традиционалните омнибус-истражувања, и кај синдикалните интернет-панели, вкупната цена на истражувачкиот проект ја делат неколку учесници во истражувањето (секој со својата ексклузивна група на прашања). Социо-демографските и прашањата за животен стил не се наплатуваат. Секој од клиентите, освен одговорите на секое прашање, добива можност за вкрстување на одговорите за социо-демографските прашања и за прашањата за животниот стил.


 
 
 
 
back to top