IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Понеделник, 15.10.2018 || „Лакталис“ го купува „Нестле“ во Малезија за 40 милиони долари   |  Трговците избраа ТОП 100 производи  |  Милијардер купи удел во Starbucks  |  Перутнина Птуј“ ќе продава салами во САД   |  „Метро Бугарија“ воведува автентични млечни продукти  |  Сертификати за компаниите што се фер со потрошувачите  |  „Унилевер“ нема да се сели во Холандија   |  Трговците бираат топ 100 производи   |  Битола стана дел од големиот проект „Coca-Cola Активни зони“   |  Производителите на чоколадо се насочуваат кон Исток   |  Трошоците на живот на месечно ниво намалени, на годишно имаат раст   |  Расте добивката на „ПепсиКо“   |  „Нестле“ е заинтересиран да купи бренд за минерална вода  |  Германските трговци продаваат преку интернет   |  Нов „Стокомак“ во Тетово  |  Експресна услуга на нова локација во Струга  |   Увозот на храна расте побрзо од извозот   |  Во септември пад на светските цени на храната   |  „Фуд стар“ ќе извезува пилешко месо во Кина   |  „Цедевита“ доби концесија за вода   |   ||
   

Мурат Јуксел: „Рамстор“ додава вредност во секој град

15.10.2015
Мурат Јуксел, директор за маркетинг „Рамстор"

Нашите купувачи за кратко време го открија конфорот што го нудиме, квалитетот на услугите, како и леснотијата да се пазари 365 дена во годината.
 
Разговараше: Алма Растодер, alma@instore.mk

 
„Рамстор", кој во Македонија почна да функционира на 11 јуни 2005 година, е синџир на интернационални малопродажни супермаркети на „Мигрос Тиџарет А.Ш.". Во Македонија, „Рамстор" има вкупно 19 маркети, од кои три се од новиот формат продавници „Рамстор експерс". Овој трговски синџир непрестајно, веќе десет години по ред, вложува во зголемување на бројот на продавници, но покрај тоа, вложува во креирање комплетно искуство на купувачите преку реализирање програми за лојалност, голем број акции и намалувања на цените на производите. Освен тоа, маркетите и трговскиот центар „Рамстор" постојано се центар на вниманието на потрошувачите, каде се организираат многубројни настани со кои се поттикнува креативноста, дружењето, општествената одговорност итн. За ова, како и за сите други активности и планови на „Рамстор", на наше задоволство, зборувавме со директорот за маркетинг Мурат Јуксел, во период кога гордо ја прославуваат десетгодишнината од своето успешно работење во Македонија.

 
Како инвеститор, кои се причините поради кои инвестирате во Македонија?

Според индексите на живот спроведени во различни градови низ светот, Македонија стабилно напредува и направени се значајни чекори кон урбанизација. Секторот за малопродажба игра клучна улога во откривањето на смислата на овие чекори и во создавање бренд низ градовите. Очигледното неговото влијание врз економијата е во зголемувањето на квалитетот на живот, преку можностите за пристап до точките за купување. Токму ова е клучниот елемент во создавањето бренд во градовите. „Рамстор" има цел да почне една поинаква раздвиженост во секој град каде има свој маркет, преку создавање на свој бренд и додавање вредност на градот. Ние, како „Рамстор" ˗ Македонија, предвидувајќи го овој развој, имаме свои маркети во Скопје, Охрид, Струга, Тетово, Куманово и во Кичево.  

Какви се условите за инвестирање во Македонија?

Владата на Република Македонија веќе неколку години интензивно ја спроведува политиката за привлекување странски инвестиции и за поттикнување на домашните инвеститори и претприемачи. 

Како резултат на овие активности создадени се потребните основи како и инфраструктурата која се однесува на правните процедури и финансиската поддршка од формирање на фирмата до отворањето.
 
Од кога сте на позицијата маркетинг-менаџер во „Рамстор" ˗ Македонија? Што значи оваа позиција за Вас и со кои предизвици досега се соочивте?

Приближно година и пол сум на позицијата директор за маркетинг на „Рамстор". Одредувањето на сите стратегии за купување и за маркетинг во странска подружница на „Мигрос Тиџарет А.Ш.", кој го насочува малопродажниот сектор, за мене е значајна и многу важна должност. 

Во 2005 година, кога како „Мигрос Тиџарет А.Ш." решивме да инвестираме и кога почнавме со работа, не се соочивме со никакви тешкотии, благодарение на стратегијата што Владата на Република Македонија ја применува за поттикнување на странските инвестиции. Меѓутоа, доколку зборуваме од аспект на малопродажниот сектор, не беше воопшто лесно да ги навикнеме нашите купувачи на еден трговски центар кој функционира со поинаков концепт и воедно да ги смениме нивните стари навики. Сепак, нашите купувачи за кратко време го открија конфорот што го нудиме, квалитетот на услугите, како и леснотијата да се пазари 365 дена во годината. 

Покрај тоа, Вие учествувате и во преговорите со доставувачите. На што се должи тоа? Дали е тоа дел од општата политика на „Рамстор" или Ваше лично инсистирање?

Во согласност со принципите на фирмата, секоја година со нашите доставувачи вршиме евалуација на перформансите од претходната година и одржуваме состаноци за одредување на плановите за следната година. Целта на овие состаноци е ревидирање на плановите по категории, преку запознавање со плановите, стратегиите и со целите на доставувачите за следната година. Освен тоа, сметам дека овие состаноци се корисни во смисла на подобро разбирање на пазарот во Македонија и за прифаќање на стратегиите на „Мигрос Тиџарет А.Ш." од страна на тимот. 

Колкава е улогата на маркетингот во тие преговори? Околу кои маркетинг-аспекти се кршат најмногу копја?

На преговорите учествуваме јас и надлежните лица за маркетинг. Целта на состанокот, покрај купувањето стока по пристапна цена, е забрзување на продажбата на стоката која се купува и создавање подлога врз основа на која сите ќе бидат задоволни во релацијата доставувач – продавач - купувач. 

Претходно работевте на пазарот во Турција. Можете ли да направите споредба во поглед на функционирањето на трговските синџири овде и во Турција (маркетинг, продажба, набавка и сл.)?

Во смисла на ефикасното користење на конкуренцијата на пазарот, рекламирањето и маркетингот на трговските синџири, Македонија и Турција поседуваат одредени сличности. Во поглед на доставувачите, се разбира дека постојат одредени разлики, додека голем број производи кои се продаваат во Турција се произведуваат таму, а тука се увезуваат. Во ваква ситуација, се зголемува цената на одредени групи производи. Во тек се наши проекти за управувањето со категории, полици и продажби. 

Какво е Вашето мислење за пазарот во Македонија?
Возбудени сме што даваме услуги под брендот „Рамстор" во региони кои се надвор од Турција. Како жители на блиски географии од социјален и од културен аспект, поседуваме слични навики на живеење. Тоа по што „Рамстор" се разликува од другите се услугата, свежите производи, големиот избор и новитетите. На нашите купувачи им нудиме безброј алтернативни, свежи производи и примена на нови технологии.  Придаваме  важност на уживањето во купувањето и притоа придонесуваме за домашната економија преку ниските цени. Иако се зголемува пазарниот удел на организираните трговци на мало, овој удел е сè уште мал. Потрошувачите секој ден стануваат посвесни и сакаат да купуваат подобри и поквалитетни производи и да добиваат подобри услуги за подобра цена. Токму, затоа за нас е значаен развојот на здравата и безбедна храна во организираниот пазар. Ние во секторот се позиционираме за да ја задоволиме токму оваа потреба.

Преку остварување на двојно поголем пораст во последните две години во Македонија, со стабилни чекори ја чуваме нашата позиција во секторот. Заклучно на ова и во наредниот период ќе продолжиме со нашите инвестиции и со порастот во Македонија, бидејќи веруваме во потенцијалот што го има оваа земја. Воедно и економијата на земјата оди кон подобро. 

Кои маркетинг-алатки ги користите за подобро промовирање на маркетите и на трговскиот центар „Рамстор"? Што е тоа што ве разликува од другите?

Веќе почнавме да користиме повеќе комуникациски маркетинг-алатки кои досега не ги користевме често и сметаме дека телевизиските и радиорекламите, билбордите, известувањата во рамки на маркетот, флаерите ќе бидат најважните маркетинг-инструменти. Редовно ќе ги информираме нашите муштерии како за нашите активности така и за новите апликации. Во периодот што следува, планираме да се сконцентрираме на активностите околу картичката „Рамстор" и CRM и да спроведеме одредени промоции. 

Колку луѓе се во делот за маркетинг за трговскиот центар, а колку за маркетите и каква е нивната соработката?

Тимот за маркетинг во трговскиот центар се состои од четири вработени, а тимот за маркетинг во маркетите, вклучително со мене, се состои од 14. Иако изгледа дека различни тимови се одговорни за трговскиот центар и за маркетите, кога станува збор за задоволството на муштериите и за продуктивноста, нашите тимови се во тесна соработка.  

Каква е хиерархијата во секторот за маркетинг и кој дава идеи за нови кампањи? На кој начин се развиваат тие идеи?

Моментално имаме четворица директори и тоа во категориите за непрехранбени производи, суви производи, свежи производи и детергенти-хартии-козметика. Идеите за нови кампањи ги разгледуваме на редовните состаноци што ги одржуваме со тимот за маркетинг. 

Во трговскиот центар „Рамстор" постојано се случуваат настани што ги привлекуваат купувачите да го посетат овој центар, како на пример „Гараж сејл". Беше ли тешко да се договорат сите тие попусти за да се реализира овој настан и со кои предизвици најчесто се соочувавте?

„Гараж сејл" е нашата кампања што најмногу привлече внимание меѓу маркетинг-активностите на трговскиот центар. Оваа активност, која третпат ја организиравме оваа година, планираме да прерасне во традиција на трговскиот. Всушност, во поглед на организацијата, не постојат одредени тешкотии, најважното прашање кај ваквите кампањи е обезбедувањето на највисоките можни попусти од закупците во нашиот трговски центар. Искуството и фидбекот од купувачите досега ни покажа дека сме прилично успешни во однос на ова прашање. 

Тука може да се споменат и вкрстените кампањи со компании од различни сектори, како, на пример, кампањата со „Бимилк" – „Вселенска авантура"? Кои се придобивките од овој вид кампањи за компаниите и за трговците и дали „Рамстор" останува отворен и за друг вид кампањи со други компании?

Кампањата „Бимилк – Вселенска авантура" е еден од проектите за социјална одговорност на трговскиот центар „Рамстор". Нашата цел со оваа кампања е подигнување на свеста и информирање на нашите млади посетители за вселената и за вселенските тела преку нивно доживување и воедно социјализирање на децата, кои како резултат на развојот на технологијата се „изолираат" со паметните телефони, таблети, компјутери и конзоли за игри. Со оваа кампања, овозможиме во една средина, како трговскиот центар, да дојдат во директен контакт меѓу себе, да комуницираат, да си играат и да се забавуваат. За таа цел странски едукатори донесоа материјали за интерактивна едукација. Беше применета едукативна програма што им овозможи да научат нешто за вселената преку нејзино доживување, со тоа што ги облекувавме во астронаутска облека и ги учевме за вселената и за вселенските тела. За истакнување на важноста на млекото во животот на децата, оваа кампања ја спроведовме во соработка со „Бимилк". Во оваа кампања беа вклучени вкупно 4.500 деца и на крајот од едукацијата им беа поделени сертификати. Овие деца си заминаа дома со искуства кои, можеби, нема да ги заборават до крајот на животот. Ваквите активности ќе продолжат и во иднина. Како „Рамстор", отворени сме за секоја применлива кампања која ќе придонесе за задоволството на купувачите. 

Дали денес постојат лојални купувачи? Како би го дефинирале лојалниот купувач во „Рамстор" и како досега функционира програмата за лојалност во овие маркети?

Нов тренд во малопродажбата, покрај конкуренцијата фокусирана на цена, е пружање различни искуства на купувачите за време на купувањето и обезбедување тие да се чувствуваат посебно и различно. Сметам дека трговците на мало кои ќе успеат во ова, ќе можат да го зголемат бројот на лојални купувачи.  

Лојалноста на купувачите е тема на која ѝ придаваме големо значење и голем дел од продажбата на „Рамстор" се остварува со картичката Рамстор. Успехот на картичката за лојалност на „Рамстор" произлегува од тоа што навистина на купувачот му овозможува дополнителна придобивка и лесно се употребува.   

Благодарение на картичката што може да се купи од кој било наш маркет и за само 20 денари, нашите купувачи имаат шанса да ги купат производите за поповолна цена и воедно да соберат поени. Поените што ќе ги соберат денеска, имаат шанси да ги искористат уште следниот ден со покажување на картичката на касиерот. Всушност, со картичката „Рамстор" можат да купуваат евтино и воедно да добијат привилегии во текот на следното купување со поените што ќе ги добијат. Еден поен на картичката „Рамстор" е еднаков на 1 денар. 

Собирањето поени врз база на производ што го спроведувавме досега, по повод 10-годишнината од постоењето на „Рамстор", го направивме врз база на направена сметка и купувачите покажаа голем интерес.  

Накратко, со Рамстор картичката нашите купувачи добиваат повеќе.  

„Рамстор" почна со отворање нов формат маркети, „Рамстор експрес". Дали постои разлика во поглед на спроведување на промоциите (производи на акција, попусти, гратис производи исл) во овој формат и оној што веќе постои?

Зголемувањето на бројот на вработени во развиените економии и желбата на луѓето да си посветат повеќе внимание себеси се причини за лицата да посветуваат помалку време за социјални активности, како што е пазарувањето. Во оваа смисла, нашите купувачи сакаат повеќе различни производи да купат во близина на нивното место на живеење или работно место и купувањето да биде брзо. 

Токму ова е најголемата разлика помеѓу „Рамстор" и „Рамстор експрес". Во маркет од приближно 300 квадратни метри, продаваме околу 5.000 производи, нашите купувачи можат да најдат многу повеќе производи и брендови отколку во продавница со иста површина. 

Кои се плановите на „Рамстор" до крајот на оваа година? Што ново и интересно може да очекуваме во наредниот период?

Нашите активности околу прославата на 10-годишнината од нашето постоење сè уште траат. Во првиот период, како што знаете, за секоја одредена сметка дадовме атрактивни поени, а на почетокот на октомври, кога ќе почне вториот период, ќе имаме атрактивни поени врз база на производ. 

Со отворањето на маркетот во Аеродром, во текот на октомври, до крајот на годината ќе ја достигнеме бројката од вкупно 20 маркети. Надминувајќи го нашиот таргет од четири нови маркети во буџетот за 2015 година, ќе имаме вкупно пет новоотворени маркети. 



 
 
 
 
back to top