IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Четврток, 19.07.2018 || Добивката на „Плантаже“ изнесува 2,4 милиони евра  |  „Ошан“ воведе гласовен четбот за вино и храна  |  Нова франшизна продавница „Шпар партнер“  |  Специјално пиво по повод средбата Трамп-Путин  |  Доделени првите грантови за домашни компании  |  „Карлсберг“ отвора нова пиварница  |  Кинези ќе градат индустриски парк за овошје и зеленчук  |  Нов ИнфоЛогистички центар во Љубљана  |  „Велпро“ ќе ги поддржува малите трговци  |  Белград стана побогат за уште еден dm  |  Резултатите на „Пепсико“ се подобри од очекуваните  |  Кратошија меѓу најдобрите вина на британскиот пазар   |  „Интермарше“ за постари лица  |  Повисоки трошоци за живот и малопродажни цени во јуни  |  „Бимилк“ подари ново место за спорт и рекреација  |  „Унилевер“ го купи бугарскиот бренд сладоледи Denny  |  „Нилсен“ именуваше нов раководител за Јадранскиот Регион  |  „Макпрогрес“ на „Summer Fancy Food Show“  |  „Перно Рикар“ ќе дистрибуира безалкохолен џин  |  Продажба на алкохолни пијалаци во секое време  |   ||
   

Мирослав Сарачевиќ: Успешни СМС-кампањи

20.06.2014

СМС-пораки можат да се испраќаат само до личности што претходно ја дале својата согласност за тоа. Тоа ќе го постигнете со собирање податоци од своите купувачи користејќи: обрасци што вашите касиери ќе им ги нудат на купувачите, промотори, лојалти-програми и слично. Бидете упорни и вашите списоци ќе се зголемуваат.

Автор: Мирослав Сарачевиќ, директор за бизнис-развој, „Логософт", www.logosoft.rs

Веројатно никогаш не било поважно за една трговска компанија да биде во блиска комуникација со своите купувачи отколку денес. Главната причина е тоа што технолошкиот напредок му олеснува секому (па и на вашата конкуренција) лесно да комуницира со потрошувачите, но и да се справи со нивното променето однесување. Од една страна, тие навикнале да добиваат изобилство од информации за понудата на различни продавници, а од друга страна ги споредуваат тие информации во потрагата по најдобра понуда. Финансиската криза на нашите простори само дополнително го зголеми овој модел на однесување.

Една од најефективните техники за контакт со купувачите е спроведувањето на СМС-кампања (истовремено испраќање на иста порака на голем број потрошувачи). За разлика од пораките што се испраќаат по електронска пошта, испраќањето СМС-пораки кон потрошувачите не е бесплатно. Добрата страна на оваа кампања е веројатноста (90%) дека оној кому му е наменета пораката, навистина ќе ја прочита. Ова ги прави СМС-кампањите ефикасен метод на комуникација.

Видови СМС-кампањи

Сите кампањи не се исти: од целта на компанијата ќе зависи и видот на кампањата, текстот што ќе им го испратите на купувачите и целната група (сите кампањи не се наменети за секој купувач). Најчестите видови кампањи што ги спроведуваат трговските претпријатија можат да бидат:

Акции/попусти – Повик кон потрошувачот за учество во акцијата. Им се испраќа на потрошувачи за кои знаеме дека се потенцијални купувачи на производот на акција или, ако не постои таква евиденција, на сите. Содржи информации за тоа кои артикли се на акција, до кога трае акцијата и повик кон потрошувачот за учество (повик за акција).

Нови производи – Известување за сите или за најатрактивните нови производи во вашата понуда. Многу често им се испраќа на сите, затоа што целта на оваа кампања е двојна: да се постигне свесност кај потрошувачите за вашата нова понуда и уште поважно, да го одржувате контактот со потрошувачот и да останете во неговиот фокус (да имате причина да го контактирате потрошувачот и тогаш кога нема актуелна акција).

Наградни игри – Ако решите да ги анимирате купувачите и да ги соберете нивните податоци организирајќи наградна игра, испратете им благодарница или известување што може да гласи вака: Почитувани, ви благодариме на учеството во наградната игра xyz. Извлекувањето на наградите е во понеделник, датум. Среќно! Вашиот минимаркет. Патем, ако за првпат организирате наградна игра, задолжително распрашајте се за условите што ги поставува државата.

Што морате да знаете

СМС-пораки можат да се испраќаат само до личности што претходно ја дале својата согласност за тоа. Тоа ќе го постигнете со собирање податоци од своите купувачи користејќи: обрасци што вашите касиери ќе им ги нудат на купувачите, промотори, лојалти-програми и слично. Бидете упорни и вашите списоци ќе се зголемуваат.

Примачот на пораката, според закон, има опција и да се одјави од списокот за испраќање; известувањето за одјава, софтверите за испраќање СМС-пораки и оние што ги нудат овие услуги, автоматски го вградуваат во вашата порака. Со тоа, на располагање имате 129 места за текстуални пораки, а не вообичаените 160. Остатокот преминува на текстот од типот бесплатна одјава на бројот xyzq. Бидете концизни.

Постојат различни компјутерски програми за испраќање СМС, каде што, меѓу другото, пораката кон купувачот може и да се персонализира – да се додаде име и презиме на секој од адресатите во пораките. Купувачите на оваа персонализација реагираат мошне позитивно.

Не ги претрупувајте купувачите со пораки, затоа штоможете да предизвикате и контраефект. Не би требало да испраќате повеќе од една порака неделно, а честопати и многу поретко.

Контакт:

ДОО „Логософт"

Бул. „Милутин Миланковиќ", бр. 110, 11070 Нов Белград

Е-пошта: office@logosoft.co.rs; miroslav.saracevic@logosoft.co.rs

Интернет-страница: www.logosoft.rs


 
 
 
 
back to top