IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Сабота, 20.10.2018 || Тридневна дружба на вработените на „Макпрогрес“  |  „Лакталис“ го купува „Нестле“ во Малезија за 40 милиони долари   |  Трговците избраа ТОП 100 производи  |  Милијардер купи удел во Starbucks  |  Перутнина Птуј“ ќе продава салами во САД   |  „Метро Бугарија“ воведува автентични млечни продукти  |  Сертификати за компаниите што се фер со потрошувачите  |  „Унилевер“ нема да се сели во Холандија   |  Трговците бираат топ 100 производи   |  Битола стана дел од големиот проект „Coca-Cola Активни зони“   |  Производителите на чоколадо се насочуваат кон Исток   |  Трошоците на живот на месечно ниво намалени, на годишно имаат раст   |  Расте добивката на „ПепсиКо“   |  „Нестле“ е заинтересиран да купи бренд за минерална вода  |  Германските трговци продаваат преку интернет   |  Нов „Стокомак“ во Тетово  |  Експресна услуга на нова локација во Струга  |   Увозот на храна расте побрзо од извозот   |  Во септември пад на светските цени на храната   |  „Фуд стар“ ќе извезува пилешко месо во Кина   |   ||
   

Мирослав Сарачевиќ: Стратешка предност

26.08.2014

Ако се квалитетни, деловните извештаи во голема мера го олеснуваат и го подобруваат донесувањето на деловните одлуки. Ако тие се прецизни, тешките и важни одлуки за избор и набавка на стока, ценовната политика, односот со купувачите и доставувачите, стануваат значително полесни и имаат поголеми шанси за успех.

Автор: Мирослав Сарачевиќ, директор за бизнис-развој, „Логософт"

Претпријатието добива две важни предности (можеме да ги наречеме оперативни предности) со користењето компјутери и соодветен софтвер во малопродажбата: значајно забрзување на работата и намалување на човечките грешки во работата.

Добриот софтвер овозможува забрзување на работата во сите аспекти на работата во малопродажбата: нарачување стока, прием, калкулации и нивелации, продажба на физички или на правни лица, а исто така и во подготовката на потребните документи за сметководството.

Со употреба на компјутерот се одбегнува препишувањето на податоците и се намалуваат можностите за појавата на сериозни човечки грешки. Ако на каса или при прием на стока се користи читач за баркод, тогаш нема ниту рачно внесување на шифрите или називите на артиклите. Истото важи и за печатењето етикети со цени и називи за производите.

Освен овие две оперативни предности, што го подигнуваат квалитетот на секојдневната работа, компјутерите и соодветниот софтвер овозможуваат уште една важна предност што можеме да ја наречеме стратешка: овозможуваат од „морето" деловни податоци што ги памети софтверот, да се извлечат само најважните и да бидат претставени во вид на различни извештаи. Ако се квалитетни, деловните извештаи во голема мера го олеснуваат и го подобруваат донесувањето на деловните одлуки. Ако тие се прецизни, тешките и важни одлуки за избор и набавка на стока, ценовната политика, односот со купувачите и доставувачите, стануваат значително полесни и имаат поголеми шанси за успех.

Извештаи за стоката

Добриот малопродажен софтвер во секој момент би требало да овозможи сет од основни извештаи, како што се извештаите за продажбата, за остварената маржа, за вратената стока, за состојбата на резервите, како и картичка за секој артикл. Покрај овие основни извештаи, би требало да ни понуди и некои понапредни: извештаи за артиклите што се на попуст, за нарачките, дневната продажба, за артиклите што не се продадени (одличен извештај што може да помогне во одлуката што да не се нарачува во иднина), како и статистика на продажбата (што обично се изразува со проценти и се однесува на одреден период, денови или часови, во зависност од можностите на софтверот).

Финансиски извештаи

Најважните финансиски извештаи се оние за дневната, неделната и месечната продажба, потоа извештаите за пазарот според средствата за плаќање, прегледите на даночните обврски, извештаите за нереализираните чекови (особено важни ако продавате стока на одложено плаќање), како и извештаите за побарувачката и долговите во однос на вашите купувачи и доставувачи.

Нагодување извештаи

За да имате максимална корист од деловните извештаи, тие мораат да бидат приспособени кон специфичностите на вашето работење. Добрата малопродажна програма би требало да ви овозможи нагодување на секој извештај, за да ја добиете потребната информација. На голем дел од бизнисот нема да му одговараат, на пример, само дневни, неделни или месечни извештаи за продажба. Честопати ќе ви биде потребно да имате извештај за продажбата „од-до", за точно одредени датуми.

Извештаите би требало да се нагодуваат според различни параметри: според периодот (датум или час), според артиклите (име, шифра, група), според средствата за плаќање, како и според процесите на коишто се однесуваат (попусти, акции, вратени артикли).

За крај, добриот софтвер би требало да овозможи комбинација од сите критериуми. На тој начин добиениот извештај ќе ја претставува токму онаа деловна информација што е потребна и важна за успешно донесување на следната одлука.

Контакт:

ДОО „Логософт"

Бул. „Милутин Миланковиќ", бр. 110, 11070 Нов Белград

Е-пошта: office@logosoft.co.rs; miroslav.saracevic@logosoft.co.rs


 
 
 
 
back to top