IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Вторник, 16.10.2018 || „Лакталис“ го купува „Нестле“ во Малезија за 40 милиони долари   |  Трговците избраа ТОП 100 производи  |  Милијардер купи удел во Starbucks  |  Перутнина Птуј“ ќе продава салами во САД   |  „Метро Бугарија“ воведува автентични млечни продукти  |  Сертификати за компаниите што се фер со потрошувачите  |  „Унилевер“ нема да се сели во Холандија   |  Трговците бираат топ 100 производи   |  Битола стана дел од големиот проект „Coca-Cola Активни зони“   |  Производителите на чоколадо се насочуваат кон Исток   |  Трошоците на живот на месечно ниво намалени, на годишно имаат раст   |  Расте добивката на „ПепсиКо“   |  „Нестле“ е заинтересиран да купи бренд за минерална вода  |  Германските трговци продаваат преку интернет   |  Нов „Стокомак“ во Тетово  |  Експресна услуга на нова локација во Струга  |   Увозот на храна расте побрзо од извозот   |  Во септември пад на светските цени на храната   |  „Фуд стар“ ќе извезува пилешко месо во Кина   |  „Цедевита“ доби концесија за вода   |   ||
   

Мирослав Сарачевиќ: Изборот е ваш

14.04.2014

Основната разлика меѓу страницата на „Фејсбук" и веб-страницата е во нивната примена. Целта на веб-страницата е информирање на вашите постоечки или потенцијални купувачи. Од друга страна, целта на страницата на „Фејсбук" е комуникација со вашите постоечки и потенцијални потрошувачи.

Автор: Мирослав Сарачевиќ, директор за бизнис-развој, „Логософт", www.logosoft.rs

Во минатиот број пишував за користа што трговското претпријатие или продавницата можат да ја имаат ако ја користат страницата на „Фејсбук" за комуникација со своите купувачи. Како реакција на тој текст добив повеќе прашања во врска со тоа дали за трговскиот бизнис е подобро да се има веб-страница или страница на „Фејсбук" и која е разликата меѓу нив. Во овој текст ќе дадам одговор на второто прашање, а вие самите проценете што е подобро за вас.

Разликата меѓу страница на „Фејсбук" и веб-страница

Основната разлика меѓу страница на „Фејсбук" и веб-страница е во нивната намена. Имено, целта на веб-страницата е информирањето на вашите потенцијални и постоечки купувачи; еден вид на детална визит-карта на вашиот бизнис, достапна за клиентите по 24 часа на ден. Од друга страна, намената на страницата на „Фејсбук" е комуникација со вашите постоечки и потенцијални потрошувачи; еден вид (интерактивна) огласна табла на интернет.

Веб-страница

На веб-страницата ги имате сите информации што сметате дека се важни за вашите купувачи и за вашата работа. Тие информации не се менуваат често, најчесто се константни и поголемиот дел од содржината на страницата е статична, не се менува.

Кои податоци би требало да се најдат на вашата веб-страница? Пред сè, основните податоци за она со што се занимавате – на посетителот на страницата веднаш да му стане јасно дека се наоѓа на страница на малопродажна компанија, а не на страница на произведувач или дистрибутер.

Потоа би требало да ја претставите својата понуда, односно најважниот и најатрактивниот дел од својот асортиман. Би требало да ги информирате посетителите за своето работно време илокација, како и за начинот како може да оствари контакт со вас. Како што можете да видите, поголемиот дел од овие информации (освен оние за понудата) не се менуваат често. Така што, ако еднаш ја поставите својата страница на интернет, одржувањето нема да зазема премногу време и ангажирање.

Страница на „Фејсбук"

Од друга страна, поголемиот дел од содржината на ФБ-страницата е динамична, постојано со промена и додавање на нови содржини. Тоа е и логично, затоа што целта на ФБ-страницата е да комуницира со вашите потрошувачи.

Што треба да се објавува на ФБ-страницата? Сите новости во компанијата што мислите дека ќе бидат интересни и ќе привлечат нови купувачи. Потоа, информации за новите артикли и новите понуди. Ако планирате нова акција, ФБ-страницата е идеална за тоа да ги известите потрошувачите. Вашите купувачи очекуваат исто така да видат и одредени вести од компанијата, но и пошироко, поврзано со вашиот пазар. И можеби најважното, преку ФБ-страницата ќе добиете реакција од купувачите за вашите акции, понуди и работење, преку коментарите што ќе ви ги оставаат. Поради својата динамичност, ФБ-страницата бара многу повеќе ангажирање, за разлика од веб-страницата.

Трошоци

„Фејсбук" не го наплаќа отворањето и користењето на ФБ-страница, така што финансиски нема да имате никакви трошоци. Кај веб-страницата ситуацијата е поинаква.

Ова што ќе морате да го платите се трошоците за регистрација (домен – адреса на вашата страница); хостинг (годишен закуп на серверот на интернет, каде што ќе се наоѓа вашата страница); изработка на страницата и нејзино одржување. Компаниите што се занимаваат со хостинг можат да ви ја завршат и целата работа околу регистрацијата, а компаниите што се занимаваат со изработка на страници ќе ви понудат и одржување.

Ова може да биде и бесплатно, на некоја од специјализираните платформи, каде што можете да отворите свој налог и сè да работите сами – најчесто, тоа е обично пополнување на подготвени форми. Најпознати светски платформи се wordpress.com и blogger.com и тогаш вашата страница ќе има адреса од типот vashatafirma.blogger.com. Сепак, тоа не е најсериозен пристап кон купувачите и јас ви препорачувам да отворите своја веб-страница (платен домен).

Контакт:

ДОО „Логософт"

Бул. „Милутин Миланковиќ", бр. 110, 11070 Нов Белград

Е-пошта: office@logosoft.co.rs; miroslav.saracevic@logosoft.co.rs

Веб-страница: www.logosoft.rs


 
 
 
 
back to top