IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Среда, 25.04.2018 || Domaine Lepovo Grand Cuvée светски шампион  |  Повторна продажба на имотот на компанијата „Малина“  |  „Хајнекен“ оствари солиден количински пораст  |  „Агрокор“ продолжува непречено да работи од 15 јули?  |  „П & Г“ презеде дел од портфолиото на „Мерк“ за 3,4 милијарди евра  |  „Гринјард“ бара снабдувачи во Македонија  |  „Сите сити“ - нов систем за донирање вишок храна  |  Медицинска опрема од „Жито лукс“ за четири болници  |  Во „Веро“ - Тафталиџе бесплатен паркинг 30 минути  |  „Млин и пекара Љубаче“ со нова инвестиција  |  Natur Premium пристигнува на македонскиот пазар  |  „Монделез“ вложува 90 милиони евра во „фабрика на иднината“  |  „Рамстор“ го отвори 25.маркет  |  „Хенкел“ отвори нова фабрика Somat во Крушевац  |  „Сан Пелегрино“ со приход од 895 милиони евра  |  „Карфур“ ги отвори првите пунктови испорака за пешаци  |  „Персу“ ги повика локалните производители да соработуваат  |  „Кимберли Кларк“ ќе го проширува капацитетот во Алабама  |  „Витамин“ на саемот во Мостар  |  Владимир Косијер нов генерален директор на „Пивара Скопје“  |   ||
   

Мирослав Сарачевиќ: Добивте пошта

14.05.2014
Сите и-мејлови имаат иста содржина, а таа содржина е нашето огласување: со нив одржуваме добар контакт со купувачот или за нешто го известуваме или го повикуваме да преземе некаква акција.

Автор: Мирослав Сарачевиќ, директор за бизнис-развој, „Логософт", www.logosoft.rs

Човекот што ќе го прекине огласувањето за да заштеди пари е како човек што го запира часовникот за да заштеди време. Оваа изрека, што му се припишува на познатиот индустријалец Хенри Форд, може да послужи како одличен вовед во денешната тема, за уште еден ефикасен начин на кој трговското претпријатие може да комуницира со купувачите.

Пожелно е тој начин на комуникација да исполнува и одредени услови: да биде ефикасен (пораката навистина да стигне до потрошувачот); да биде изводлив (фирмата да има ресурси – човечки, финансиски, и знаење за да го спроведе) и да може да си го дозволи (да не чини многу, односно да носи значително повеќе пари од вложеното).

Денес ќе зборуваме за еден начин на комуникација што ги задоволува наведените услови. Станува збор за комуникација со потрошувачите по пат на електронска пошта, т.н. и-мејл маркетинг.

Што е и-мејл маркетинг
Во суштина, тоа е постапка во која на сите клиенти од листата (или понекогаш само на некои, избрани за одредена пригода), ќе им пратиме и-мејл. Сите меjлови имаат иста содржина, а таа содржина е нашето огласување: со него одржуваме добар контакт со купувачот, го известуваме за нешто или го повикуваме да преземе некаква акција.

Кои се предностите
– Финансиски поволно – практично не бара финансиски вложувања.
– Ефикасно – пораката стигнува директно до оној кому му е наменета, а притоа има многу високо ниво на одѕив.
– Мерливо – ефектите од секоја кампања можат лесно да се измерат.
– Лесно е – дури и личност без никакво искуство лесно може да научи да подготвува и-мејл-кампања.

Како да се праќаат и-мејловите
Масовната порака на вашите потрошувачи можете да им ја испратите сами на начинот на којшто ги испраќате поединечните пораки – користејќи бесплатни и-мејл сервиси како gmail.com, yahoo.com, live.com или некој сличен. Добра практика е адресите на кои го праќате и-мејлот да ги впишете на следниот начин: пораката оригинално испратете ја на својата адреса, а сите адреси на клиентите ставете ги во т.н. bcc. Така примачот на пораката нема да ги види адресите на останатите примачи и со тоа ќе ја чувате нивната приватност.

Напреден начин е да користите некој интернет-сервис што ќе ви овозможи да правите многу професионални огласи со фотографии. Јас го препорачувам сервисот што се вика MailChimp (www.mailchimp.com), што е целосно бесплатен за праќање до 12.000 пораки месечно. Ќе ви понуди подготвени шаблони што само ќе ги пополнувате со своја содржина.

Што е целта на и-мејл маркетингот
Постојат различни видови на и-мејл формати и секоја служи за остварување на различни цели и предности. Јас тука ќе наведам само два најважни формата: 
Редовни вести (т.н. њузлетер) – редовно известување за новостите од вашата фирма, најчесто еднаш месечно. Служи за да ја зајакне верноста на потрошувачите на вашата фирма; овозможува на купувачите да им пласирате разновидна содржина, од известувања за нови артикли до посебни понуди.
Посебни известувања – најчесто за акциите или за попустите што ги нудите. Содржи конкретен повик на акција на купувачот од типот „посетете нè до крајот на месецот и ќе добиете х% попуст на овие артикли". Овој формат е најсличен на оглас во класичен печат; се праќа по потреба.

Како да се дојде до и-мејл адреси на корисниците
Така што самите ќе ви ги дадат, со дозвола да им праќате известувања. И-мејл адресите најлесно ќе ги соберете ако спроведувате некаков вид на лојалти-програма; ако не, убедливо најлесен начин е да организирате наградна игра за потрошувачите.

Што ќе правиме со оние купувачи што не читаат и-мејлови или што воопшто немаат е-пошта? Па, за нив мораме да смислиме друг начин на комуникација; а единствениот што има приближно исти (и подобри) карактеристики, но е и поскап, е комуникацијата со потрошувачите преку СМС.

 
 
 
 
back to top