IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Вторник, 17.07.2018 || Нова франшизна продавница „Шпар партнер“  |  Специјално пиво по повод средбата Трамп-Путин  |  Доделени првите грантови за домашни компании  |  „Карлсберг“ отвора нова пиварница  |  Кинези ќе градат индустриски парк за овошје и зеленчук  |  Нов ИнфоЛогистички центар во Љубљана  |  „Велпро“ ќе ги поддржува малите трговци  |  Белград стана побогат за уште еден dm  |  Резултатите на „Пепсико“ се подобри од очекуваните  |  Кратошија меѓу најдобрите вина на британскиот пазар   |  „Интермарше“ за постари лица  |  Повисоки трошоци за живот и малопродажни цени во јуни  |  „Бимилк“ подари ново место за спорт и рекреација  |  „Унилевер“ го купи бугарскиот бренд сладоледи Denny  |  „Нилсен“ именуваше нов раководител за Јадранскиот Регион  |  „Макпрогрес“ на „Summer Fancy Food Show“  |  „Перно Рикар“ ќе дистрибуира безалкохолен џин  |  Продажба на алкохолни пијалаци во секое време  |  „Лидл“ отвори логистички центар во Нова Пазова  |  Нова „Кораб Трница“ во скопско Црниче  |   ||
   

Мирослав Милетиќ: Борба за опстанок на врвот

13.11.2014
 
Мирослав Милетиќ, генерален директор, „Бамби" 

Компанија со традиција долга речиси еден век, со брендови кои секоја година се фалат со многубројни иновации, со единствената Plazma која трговските полици ја „обожаваат"... Тоа се само некои од причините поради кои генералниот директор Мирослав Милетиќ, кој ја води компанијата од 1996 година, е еден од првите учесници на претстојната FMCG конференција, која InStore ја организира на 25 ноември во белградскиот хотел „Crowne Plaza". Една од клучните ставки за економско закрепнување на Србија, според него, е заедничкиот настап на домашните компании во извозните потфати, а повеќе за можностите за глобално пласирање на локалните производи, тој ќе зборува и на конференцијата.
 
Разговараше: Милица Петровиќ, milica@instore.rs

Почнавте во далечната 1967 година соPlazma. Денес имате 14 брендови (Plazma, Wellness, Yo’Doro, Još!, Zlatni pek, Belvit, Scarlet, Juhu, Bambi, YoYo, Poslastina, Boni Fazoni, Krem Banana, Charger). Дали вашата идна стратегија е проширување на портфолиото или зацврстување на постојните брендови на пазарите?

Секако, традицијата е една од ставките што ги одвојува нашите брендови во споредба со конкуренцијата. Во нашето портфолио постојат многу брендови со повеќедецениска традиција. Ќе признаете дека ретко која компанија може да се пофали со тоа, како во Србија, така и во светот. Освен тоа, постојано вложуваме во развојот на нашите брендови, ги унапредуваме рецептурите и сите сегменти на производство, внимателно го слушаме пулсот на пазарите и во духот на еден лидер ја креираме иднината на компанијата. Приспособувањето на барањата на пазарот е нешто кон кое секоја успешна компанија треба да стреми.

Благодарение на иновациите во поглед на портфолиото, кои ги воведуваме внимателно наслушнувајќи ги потребите на потрошувачите, а наспроти сите тешкотии што влијаат врз кондиторскиот пазар во минатиот период, успеавме да останеме на врвот на пазарот во Србија и на пазарите во регионот. Најдобра оцена за тоа е погледот на полиците во продавниците и во маркетите, каде што нашите производи заземаат најголем простор. Зачувувањето на суштината на работењето е начин да се одржите на пазарот и да можете и понатаму да се борите.

Сведоци сме на многубројните иновации во вашето портфолио. Последните две се Plazma Shake & Go иWellness Start. Како сте задоволни од нивната продажба и како се прифатени од страна на српските потрошувачи? Дали планирате со нив да излезете надвор од границите на нашата земја?

Во „Бамби" постојано вложуваме како во процесот на производство, така и во маркетинг-кампањите. Сметаме дека е неопходно да им се приближиме на потенцијалните купувачи на иновативен и интересен начин. Свесни сме дека компанијата која сака да се одржи на пазарот, со вака силна конкуренција, мора да вложува во своите производи и постојано да внесува иновации и да го привлече вниманието на потрошувачите на интересен и неочекуван начин. Секогаш бараме нови идеи и иновации, па така успешно ги креиравме новите трендови и ги поставивме новите стандарди. Тоа резултираше со нови производи како што се Plazma Shake & Go, Wellness Start, но и новите чоколади WellBE, премиум новитети во понудата на „Бамби". За сите нови брендови, добивме одлични реакции од потрошувачите и тие остваруваат одлични резултати. Со тоа, тие веќе се присутни на извозните пазари, особено на пазарите во регионот.

Колкав процент во вкупната продажба на компанијата ја сочинуваат иновациите реализирани во текот на минатите три години?

Сите иновации настануваат со постојано вложување во истражувања на пазарот и наслушнување на желбите и потребите на нашите потрошувачи, така што тие имаат постојан стабилен тренд во пазарното учество. Така креираните производи секогаш претставуваат полн погодок и секако се исплатливи и во поглед на финансиите.

Според Вас, која иновација ви е најдрага (не мора да биде најпродаваната)?

Знам дека звучи како клише, но сите брендови на „Бамби" ми се подеднакво драги, бидејќи во сите нив, подеднакво, се вложени трпение и инвестиции, не само во финансиска смисла, туку и во смисла на време и посветеност. Сепак, морам да признам дека малку поголем приоритет има Plazma, сигурно најомилен и најпознат српски бренд, денес дел од семејната, но и дел од националната традиција. Бидејќи приказната за „Бамби" е, всушност, приказна за Plazma, која трае веќе 47 години, од далечната 1967 година.

Оваа година, Plazma е прогласена за најдобар бренд во претходната деценија, во акција на „Најдоброто од Србија". Која е тајната на успехот?

Особено сум горд што нашата Plazma е добитник на наградата „Најдоброто од Србија" за најдобар бренд во последните десет години, но и на признанието со кое нашата компанија е прогласена за најдобар корпоративен бренд во својата категорија. Plazma е присутна секој ден, речиси во сите српски продавници и има илјадници верни потрошувачи во целиот свет. Во својата историја, Plazma е добитник на стотици признанија за врвен квалитет, но признанието за децениски бренд во акцијата „Најдоброто од Србија" е најголемото признание доделено на „Бамби" и на Plazma, затоа што доаѓа од најкомпетентно место. Plazma е Famous Trade Mark, па затоа има најголем обем на заштита, ужива најширок углед, ја зголемува сопствената вредност, како и капиталот на својот носител. Колку што е значајна оваа потврда за добитникот и неговиот успех, толку е од корист за нашата земја. И уште еднаш морам да истакнам: годинешната награда „Најдоброто од Србија" за „Бамби" и добитникот им припаѓа на сите вработени во компанијата, но и на сите потрошувачи, кои сите овие години беа со нас.

Она што е куриозитет е фактот дека од основањето до 2002 година, односно за 35 години од своето постоење, произведовме онолку парчиња Plazma, па кога би ги наредиле, би можеле 27 пати да ја обиколиме Земјината топка. А за последните 10 години, кога ќе го пресметаме целото портфолио на Plazma, произведовме вкупна должина со која можеме 33 пати да ја обиколиме планетата Земја!

Присутни се сè поголем број приватни трговски марки. Дали нив ги доживувате како конкуренција и дали ви одзедоа дел од уделот на пазарот?

Приватните трговски марки не можат значително да ги загрозат големите компании како „Бамби", која стекна децениска доверба кај потрошувачите и оправдано важи за омилен српски бренд. Освен пониската цена на производот, не постои ниту еден показател кој може на каков било начин да ги загрози нашите производи.

Дали се согласувате со тоа дека државата може многу повеќе да направи за производствено-прехранбениот сектор?

Веќе кон крајот на минатата година, можеме да кажеме дека кондиторската индустрија покажа виталност и дека бележи пораст. За ова се особено значајни стабилноста на цената на инпутот и стабилноста на курсот, кои ги имавме минатата година, за разлика од минатите години. Но, во нашите услови, и спречувањето на негативните трендови е успех. Оваа година беше тешка поради усогласувањата на цените на животните производи и цената на струјата и гасот, а тука треба да се вклучат и реформите кои ги воведе Владата. Токму реформите, модернизацијата и економијата се клучните зборови за понатамошен развој на стопанството. Очекуваме дека по примерот на ваквите компании, како што е нашата, одат и државните органи и јавниот сектор.

Кои се пречките на кондиторската индустрија во Србија, како и на FMCG-секторот, за излез надвор од рамките на некогашната Југославија?

Секако, за закрепнувањето на домашната економија, излезот на регионалните пазари е еден од лековите, за да се поттикне производството и да се зголеми бруто- домашниот производ. Досега повеќепати нагласував дека е сè поважно пронаоѓањето нови пазари. Пазарот на ЕУ го набљудуваме како еден исклучителен потенцијал и нов извор на пораст, особено кога се во прашање земјите од окружувањето, како Бугарија, Романија, Унгарија, но и другите понови членки како Чешка и Словачка.

За пофалба се настапите на нашата држава за потенцијалните купувачи на домашните производи на пазарите на Блискиот и Средниот Исток, каде што економската криза немала ефект како во Европа и во Северна Америка. Кога зборуваме за извозот, потребна е јасна стратегија, односно домашните компании заеднички да настапуваат со цел освојување на странските пазари. Сите мора да бидеме обединети околу оваа задача, бидејќи тоа е клучот на економското закрепнување на нашата држава и создавање подобар деловен амбиент за идните странски инвестиции.

Искрено веруваме и во можноста за заеднички настап на сродните компании во целиот регион, како и за координација, како што е примерот во Италија, каде што 25 отсто од оваа индустрија се во соработка со италијанските кондиторски компании.

Сметате ли дека конференциите, како FMCGсамитот што го организираме во ноември, се добар начин за унапредување на секторот?

Секако дека е, без сомневање. Иако сите ние од кондиторската индустрија сме запознаени со трендовите, секогаш е корисно да ги чуете деловните совети на еминентните луѓе од FMCG-индустријата, како и да се запознаете со примерите на добрите деловни практики, предизвиците со кои се соочуваат трговците и производителите. Но, и да го изнесете сопственото мислење и да ги проверите своите гледишта во здрав и отворен дијалог.

Вашата компанија ги користи истражувањата. Обично владее мислењето дека тие се скапи и недостапни. Која е Вашата порака за помалите српски компании – колку навистина истражувањата можат да им помогнат во работењето?

Неопходен е добро дизајниран план за истражување на пазарот, ако сакате пораст на вашето работење. Може да се каже дека истражувањата на пазарот се круцијални за донесување на добрите бизнис-одлуки. Ако сакате да ја подобрите својата понуда, да ја унапредите продажбата, да ја зголемите свеста на потрошувачите за вашите производи или услуги или да ги задржите постојните купувачи, неопходни се податоци кои се резултат на маркетинг-истражувањата. Сметам дека инвестицијата, како што е вложување во истражување на пазарот, никогаш не може да биде премногу скапа, бидејќи од друга страна, ви носи многу повеќе. Во „Бамби" значењето на истражувањата има долга традиција, но посебна важност имаше во текот на изработката на Стратегијата за развој на компанијата, пред 10 години.

Кои се плановите за понатамошниот развој на компанијата и кој е вашиот фокус за 2015 година?

И понатаму, како и досега, внимателно ќе наслушнуваме како се менува свеста на потрошувачите во исхраната и кои се очекувањата на потрошувачите, како што половина од она што во минатите неколку години го пласиравме на пазарот е одговор на барањата на потрошувачите. Секако, ќе продолжиме со нашата деловна стратегија, која е во согласност со трендовите на пазарот и потребите на потрошувачите, поради што сме еден од топ-лидерите во Србија, со исклучително квалитетно учество на пазарите во регионот.

Најдобрата бизнис-одлука: Воведување стандарди за квалитет и стремење кон трансформација на компанијата, во согласност со европските стандарди и светските модели, што доведе до првите сертификати на овие простори ISO и HACCP и многу успешната приватизација и стратешкото партнерство, кое трае на задоволство на двете страни, веќе 10 години.

Деловна мантра: Погрижете се да го имате Бог за свој пријател и не плашете се од ништо – свети владика Николај Велимировиќ.

Деловен идол: Земјоделецот.

Од кого најмногу научивте? Од поранешниот директор на „Бамби", Петар Тутавац.


 

Кои се специфичностите на македонскиот пазар за производите на компанијата „Бамби"?

Секој пазар има свои специфичности, во зависност од навиките на потрошувачот, но и од нивната купувачка моќ. Ако го набљудуваме пазарот во регионот, навиките на потрошувачите се многу слични. На пример, пазарот во Македонија е пазар каде што најмногу доминираат ценовните акции, гратисите, промотивните пакувања, подароците и сл. Карактеристика на македонскиот пазар е постоењето на неколку синџири на хард-дисконти, како и големопродажни места што го генерираат движењето на пазарот.

Дали и колкав пораст бележите на македонскиот пазар?

Оваа година на македонскиот пазар бележиме исклучителен пораст, благодарение, пред сè, на правилното разбирање на трендовите и добро конципираните активности.

Кои маркетинг-стратегии и канали се примарни за „Бамби" на македонскиот пазар?

Македонскиот пазар е пазар каде што имаме пораст благодарение на правилното разбирање на трендовите и добро конципираните активности. Другите фактори се: квалитетното работење на дистрибутерите, одличната соработка со локалните и националните малопродажни синџири.

Кој е главниот бренд/производ на македонскиот пазар?

Секаде во регионот несомнено најпопуларна е Plazma. Во Македонија бележиме висок пораст и на брендот Wellness.



 
 
 
 
back to top