IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Среда, 17.10.2018 || Тридневна дружба на вработените на „Макпрогрес“  |  „Лакталис“ го купува „Нестле“ во Малезија за 40 милиони долари   |  Трговците избраа ТОП 100 производи  |  Милијардер купи удел во Starbucks  |  Перутнина Птуј“ ќе продава салами во САД   |  „Метро Бугарија“ воведува автентични млечни продукти  |  Сертификати за компаниите што се фер со потрошувачите  |  „Унилевер“ нема да се сели во Холандија   |  Трговците бираат топ 100 производи   |  Битола стана дел од големиот проект „Coca-Cola Активни зони“   |  Производителите на чоколадо се насочуваат кон Исток   |  Трошоците на живот на месечно ниво намалени, на годишно имаат раст   |  Расте добивката на „ПепсиКо“   |  „Нестле“ е заинтересиран да купи бренд за минерална вода  |  Германските трговци продаваат преку интернет   |  Нов „Стокомак“ во Тетово  |  Експресна услуга на нова локација во Струга  |   Увозот на храна расте побрзо од извозот   |  Во септември пад на светските цени на храната   |  „Фуд стар“ ќе извезува пилешко месо во Кина   |   ||
   

Милан Тадиќ: Секогаш со срце!

10.08.2016

Потенцијалот во Јадранскиот Регион е силата и препознатливоста на брендот Podravka, а можноста за пораст ја гледаме во регионалната консолидација на индустријата на одделни категории.

Разговараше: Јелена Домовиќ, jelena@instore.hr

По формално образование, Милан Тадиќ е дипломиран правник. Во корпоративниот свет тој влегува во 2001 година, со преминот во „Подравка". Најзначајните функции кои Тадиќ оттогаш ги извршуваше се позицијата извршен директор за пазарот на Средна Европа (Полска, Чешка, Словачка, Унгарија, Романија и Бугарија) од 2005 до 2009 година во „Подравка", по што премина на функцијата извршен директор за извоз и за продажба за сите пазари, од 2009 до 2014 година во „Творница духана Ровињ" („Адрис група"). По враќањето во „Подравка" во 2014 година, Тадиќ беше назначен за извршен директор за пазарите на Југоисточна Европа, а од 2015 година е постар потпретседател за Јадранскиот Регион и член на управата на „Жито" – Словенија.

Во кои сегменти се поделени стратешките бизнис-области на „Подравка"?

Постојат две основни стратешки бизнис-области во групацијата – прехрана и фармација. Во прехранбениот сектор, „Подравка" ги дели пазарите на: Јадрански Регион, Европски Регион, регион на Русија, ЗНД и Балтик, како и регион на новите пазари.

Кои се најзначајните европски и светски извозни пазари за компанијата?

Во стратешката област прехрана, Јадранскиот Регион е најзначајниот, во кој „Подравка" остварува повеќе од 70 отсто од вкупната реализација. Од голема важност се и пазарите на Средна Европа, а исто така се зголемува и значењето на рускиот пазар.

Кои се сличностите, а кои основните разлики на пазарите од Јадранскиот Регион?

Пазарите во овој регион се многу хетерогени, особено на ниво на консолидација на малопродажната индустрија: од високо консолидираната малопродажба во Словенија, до македонскиот пазар, кој е многу фрагментиран. Постојат многу малку бизнис-алатки кои би можеле универзално да се применат во целиот регион. Кога станува збор за потрошувачите, сличности постојат првенствено во нивните навики, кои произлегуваат главно од историски причини.

Како ја оценувате силата на приватните трговски марки во категориите, кои се конкурентни на брендовите на „Подравка" на регионалните пазари?

Приватните трговски марки веќе имаат значаен удел на пазарот, а за тоа е заслужна консолидацијата на малопродажбата. Во Словенија и во Хрватска, приватните трговски марки веќе сочинуваат повеќе од 20 отсто во пазарниот удел. Кога станува збор за категориите во кои тие се појавуваат, присутни се речиси во сите најзначајни категории на „Подравка".

Потенцијалот во Јадранскиот Регион е силата и препознатливоста на брендот Podravka, а можноста за пораст ја гледаме во регионалната консолидација на индустријата на одделни категории.

Кои новитети ги подготвувате за хрватскиот пазар до крајот на оваа и на почетокот на следната година?

„Подравка" спроведува значаен инвентивен процес во сегментот гастрономија, со оглед на тоа што токму таму препознаваме значаен потенцијал за пораст на домашниот пазар. Освен тоа, дел од новитетите произлегуваат и од проширувањето на асортиманот, со неодамнешното преземање на словенечката групација „Жито".

Каква е комуникацијата на „Подравка" со традиционалните малопродажни објекти во земјите од Јадранскиот Регион?

Со голем дел од малопродажните трговци, кои се застапени во регионот, имаме добри, дури и одлични односи. Секако, секогаш постои простор за подобрување, на што активно работиме во соработката со нашите партнери.

Кои инстор-активности би ги истакнале како заштитен знак на „Подравка"?

Со оглед на ширината и на разноликоста на асортиманот, сметам дека „Подравка" ја обележуваат ширината и разновидноста на промотивните инстор-активности. Со внимателно комбинирање на различните промотивни активности, настојуваме да допреме речиси до секој потрошувач и да го информираме за посебностите и за предностите на нашите производи, во однос на конкуренцијата.

Колку туристичката одредница на Хрватска е важна за понатамошниот развој на „Подравка" – и во малопродажниот и во хорека-каналот? Кои производи од „Подравка" туристите би требало да ги понесат со себе како сувенир од Хрватска?

Зајакнувањето на Хрватска како туристичка дестинација претставува огромен потенцијал за „Подравка". Компанијата може и мора да се развива заедно со порастот на домашната туристичка индустрија. Мислам дека токму ние може да понудиме цела низа производи, но исто така и услуга, за да ја развиеме вкупната туристичка понуда на земјава.

Со оглед на ширината и на разноликоста на асортиманот, сметам дека „Подравка" ја обележуваат ширината и разновидноста на промотивните инстор-активности. Со внимателно комбинирање на различните промотивни активности, настојуваме да допреме речиси до секој потрошувач и да го информираме за посебностите и за предностите на нашите производи, во однос на конкуренцијата.

Нето-добивката на групацијата „Подравка" во 2015 година изнесуваше 52,6 милиони евра, што претставува значителен пораст во однос на 12,2 милиони евра, колку што беа остварени во 2014 година. Дали на рекордниот пораст на нето-добивката најмногу влијаеше купувањето на „Жито"?

„Подравка" ги објави резултатите за 2015 година, како и структурата и влијанијата на тие резултати. Добрата вест е што и да го исклучиме влијанието на еднократните ставки, „Подравка" имаше многу добар оперативен резултат од работењето. Најголемото влијание за рекордниот пораст на нето-добивката доаѓа токму од редовното, односно од оперативното работење. И да го исклучиме уделот што дојде со купувањето на „Жито", вкупните приходи од продажбата и нето-добивката остварија значаен пораст.

Кој ќе биде вашиот следен инвестициски потег? Кои се планираните инвестиции во Јадранскиот Регион за следните две години?

Не сум во можност да го дефинирам следниот конкретен инвестициски потег, но мора да нагласам дека сме многу активни во дефинирањето и во барањето нови цели, кои најдобро ќе се вклопат во работењето во одделни региони. Во тек се одредени, многу значајни инвестиции и очекуваме силна поддршка за остварување на зацртаните планови.

Што очекувате во 2017 година и за која земја од регионот имате најпредизвикувачки бизнис-цели?

Целиот регион е многу активен – и деловно, и политички, па затоа е многу предизвикувачки и работно интензивен. Поради значењето на целокупното работење на „Подравка", вложуваме огромни напори да се приспособиме кон сите промени.

Ние немаме потрошувачи – имаме гости на трпезата 

Нашите темелни вредности се: креативноста – идеи што го активираат срцето, а срцето активира сè друго; довербата – како основа за секој добар оброк; страста – тоа што оброкот го претвора во гозба; задоволството на потрошувачот – ние немаме потрошувачи, имаме гости на трпезата; а, на сè што работиме, додаваме и извонредност.



 
 
 
 
back to top