IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Четврток, 26.04.2018 || Марко Абрамовиќ е новиот генерален менаџер на „Сојапротеин“  |  Ефикасна даночна администрација и олеснување на царинските процедури  |  „Алкалоид“ - полигон за идните хемичари и фармацевти  |  Производството на вино најниско во последните 60 години  |  „Кока-кола“ со зголемена продажба во првиот квартал  |  Прв „Стокомак“ во Прилеп  |  Domaine Lepovo Grand Cuvée светски шампион  |  Повторна продажба на имотот на компанијата „Малина“  |  „Хајнекен“ оствари солиден количински пораст  |  „Агрокор“ продолжува непречено да работи од 15 јули?  |  „П & Г“ презеде дел од портфолиото на „Мерк“ за 3,4 милијарди евра  |  „Гринјард“ бара снабдувачи во Македонија  |  „Сите сити“ - нов систем за донирање вишок храна  |  Медицинска опрема од „Жито лукс“ за четири болници  |  Во „Веро“ - Тафталиџе бесплатен паркинг 30 минути  |  „Млин и пекара Љубаче“ со нова инвестиција  |  Natur Premium пристигнува на македонскиот пазар  |  „Монделез“ вложува 90 милиони евра во „фабрика на иднината“  |  „Рамстор“ го отвори 25.маркет  |  „Хенкел“ отвори нова фабрика Somat во Крушевац  |   ||
   

Марија Делиоланова: Совети при користењето на ЕСЈН

10.08.2016

Автор: Марија Делиоланова, дипломиран економист

Бирото за јавни набавки (БЈН), како централна институција што се грижи за системот на јавните набавки, има надлежности да дава мислења во врска со одредбите и со примената на Законот за јавните набавки. Целта е решавање на дилемите и на проблемите кои ги имаат вклучените субјекти при спроведувањето на постапките за доделување на договорите за јавни набавки. Оваа надлежност БЈН ја остварува, главно, на три начини и тоа:

  • Со давање мислење на писмените дописи доставени преку пошта;
  • Одговарање на прашања поставени преку контакт-формата на веб-страницата на БЈН и на електронскиот систем за јавни набавки (https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/askquestion); и
  • Преку одговарање на прашања поставени преку телефонскиот центар за корисничка поддршка.

Во 2015 година евидентно е дека прашањата кои се поставуваат преку Центарот за корисничка поддршка забележаа континуирано зголемување и тоа за 45 отсто во однос на 2014 годна. Тоа значи дека вклучените субјекти претпочитаат директна комуникација со вработените во БЈН. Барањата за мислења доставени преку пошта се намалени за 44 отсто во однос на 2014 година, што оди во прилог на тоа дека вклучените субјекти во спроведувањето на постапките имаат потреба од брзи, едноставни решенија за своите проблеми, со избегнување на бирократските процедури.

БЈН континуирано ги ажурира најчесто поставуваните прашања поставени на веб-страната на БЈН, со додавање нови прашања, како и со изменување и со дополнување на одговорите во согласност со измените на Законот.

БЈН во 2013 година ја воспостави практиката на организирање на „Ден на отворени врати", кој континуирано се спроведува секоја година, каде вклучените субјекти можат да дадат мислење за законот и за начинот на кој тој се спроведува во практика, што е од особено значење.

Во 2013 година главна причина за почнување на обуките за процесот на јавните набавки е зајакнувањето на капацитетите и на договорните органи (ДО) и на економските оператори (ЕО) за правилна примена на прописите за јавни набавки. Но, во текот на 2015 година интересот од страна на економските оператори беше слаб, па од наведените термини, немаше реализирано ниту еден.

Задолжителна употреба и развој на ЕСЈН

Задолжителната употреба на ЕСЈН повлече низа активности за негово надградување и за развој на нови алатки за полесен и поедноставен пристап и користење. За да се надминат тешкотиите и предизвиците со кои се соочуваат корисниците на ЕСЈН и за да ја олесни примената на законот, БЈН континуирано изработува и ги приспособува прирачниците, водичите и моделите на тендерските документации. Тие се јавно достапни преку веб-страницата на Бирото за јавни набавки. Последната електронска верзија на „Прирачникот за начинот на користење на ЕСЈН за ЕО", објавена на 24 февруари 2016 година, се наоѓа на левата страна од јавниот дел на ЕСЈН во делот за ЕО. На 16 март, пак, БЈН ја објави и електронската верзија на брошурата за „Општи и технички препораки при користењето на ЕСЈН" што се наоѓа во делот „документи".

Апликација на ЕСЈН е приспособена за употреба и на мобилни уреди и на таблет-уреди. Со тоа на економските оператори им се нуди поголема можност за информирање и за поднесување понуди за јавни набавки.

Препораки за полесно поднесување на понудите

Основни препораки кон кои економските оператори треба да се придржуваат за да ја олеснат постапката за поднесување понуда преку ЕСЈН се следниве:

  • Набавка на дигитален сертификат за електрoнско потпишување на документи од КИБС (www.kibstrust.mk) или „Македонски телеком" (www.telekom.mk/digitalni-sertifikati.nspx) или пак, проверка на важноста на дигиталниот сертификат со кој веќе располагаат;
  • Регистрирација како економски оператор во ЕСЈН (https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/eoregistration) и избор за кои области сакате да добивате известувања за објавени огласи. При преземање на тендерска документација (ТД) потребно е најавување на корисникот за автоматски да се добие известување преку ЕСЈН доколку има измени во ТД. Затоа е потребна континуирана проверка на известувањата од ЕСЈН. Тие овозможуваат и поставување прашања во врска со предметната набавка и добивање одговор за сите прашања поврзани со предметната набавка поставувани и од другите економски оператори;
  • Проверка дали е платена профактурата од БЈН доставена на пријавената мејл-адреса за да може да се овозможи пристап до ЕСЈН. Десет дена пред истекот на претплатата, ЕСЈН автоматски известува дали економскиот оператор сака да ја продолжи претплатата или не;
  • Понудата заедно со придружната документација треба да се „зипува" во еден документ, да не биде поголем од 10 мегабајти, или во неколку спакувани документи групирани по сродност, и тие треба да бидат поднесени преку системот;
  • Документите треба да се скенираат во црно-бела техника, во jpg-формат со резолуција од 72 до 150 dpi;
  • Името на секој документ да биде во формат „ime na firma_ime na dokument" напишани на латиница.

Економските оператори треба да бидат внимателни при пополнувањето на понудата во ЕСЈН, бидејќи во случај на разлики меѓу податоците во прикачениот документ и податоците впишани во полињата на ЕСЈН, како валидни ќе се сметаат податоците од понудата впишана во полињата на ЕСЈН. Економските оператори треба да се информираат и да ја испратат понудата во разумно време за да не се појави ризик таа да не биде примена во системот во утврдениот временски рок. На тој начин ја користат можноста, што може да ја понудат договорените органи, да биде избрана онаа понуда која е прва поднесена. Тоа е во случај кога се поднесени идентични најповолни понуди од различни ЕО.

Во случај кога понудата е веќе поднесена, сепак, корисно е уште еднаш да се проверат сите детали и да се искористи можноста што ја нуди ЕСЈН да се повлече понудата и/или да се измени, но сето ова пред крајниот рок за поднесување на понудите и електронското јавно отварање на понудите.

До тој моментот ЕСЈН овозможува и повлекување на веќе поднесена понуда на постапка со делив предмет на набавка, при што имате можност да изберете дали ќе ја повлечете понудата за само конкретен дел или, пак, целата.

Голема дилема за ЕО е дали нивната понуда е прифатлива и може да учествува на е-аукција доколу понудената цена е повисока од проценетата вредност на договорот за јавна набавка утврдена од договорениот орган.

Право на учество на е-аукција имаат сите електронски оператори кои доставиле прифатливи понуди независно од понудената цена и треба да бидат поканети на е-аукција. Олеснително за електронските оператори е објавувањето на проценетата вредност на договорот за јавна набавка, така што тие одлучуваат дали во тој ценовен опсег можат и сакаат да достават понуда.

При е-аукциите треба да се внимава на времето за кое е закажана е-аукцијата, на временскиот интервал од три минути за електронско наддавање и, секако, на најмалата единица за наддавање утврдена од договорниот орган.

Како да се постапи во случај на недостапност на ЕСЈН?

- Корисникот веднаш го пријавува проблемот во писмена форма или од службена мејл-адреса до БЈН, но не подоцна од три дена од денот на настанување на техничкиот проблем. Администраторот врши проверка за да се утврди дали се работи за технички проблем на ЕСЈН или техничка грешка кај корисникот на ЕСЈН. Доколку се утврди дека проблемот е настанат поради грешка кај корисникот, администраторот го известува за тоа, со што се смета дека пријавениот проблем е надминат. Доколку се утврди дека е потенцијален технички проблем со ЕСЈН или воопшто не може да се утврди причината за пријавениот проблем, администраторот врши детална анализа и во најкус можен рок го контактира договорениот орган, кој ја спроведува постапката, за да не презема понатамошни дејства. На крај, администраторот ги известува корисниците за природата на проблемот и за преземените дејства за негово надминување.


 
 
 
 
back to top