IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Петок, 20.04.2018 || „Млин и пекара Љубаче“ со нова инвестиција  |  Natur Premium пристигнува на македонскиот пазар  |  „Монделез“ вложува 90 милиони евра во „фабрика на иднината“  |  „Рамстор“ го отвори 25.маркет  |  „Хенкел“ отвори нова фабрика Somat во Крушевац  |  „Сан Пелегрино“ со приход од 895 милиони евра  |  „Карфур“ ги отвори првите пунктови испорака за пешаци  |  „Персу“ ги повика локалните производители да соработуваат  |  „Кимберли Кларк“ ќе го проширува капацитетот во Алабама  |  „Витамин“ на саемот во Мостар  |  Владимир Косијер нов генерален директор на „Пивара Скопје“  |  „Амазон“ е во преговори со авио-превозникот „Азул“  |  „Домаќа трговина“ со ново место за пазарење  |  Клучно одобрување на „Бајер“ за „Монсанто“  |  „Витаминка“ го рестартира производството на Брилијант  |  Во Сплит отворен првиот супермаркет „Шпар гурмет“  |  Розовиот Kit Kat пристигнува и во Европа  |  „Млекарнa Целеиа“ забележа пораст од 9%  |  „Ошан“ лансира нов формат во Украина  |  „Мирана“ ја купи „Аронија здрава храна“  |   ||
   

Марија Делиоланова: Јавните набавки во Македонија

19.04.2016
Интеракција меѓу државните институции и приватниот сектор

Значењето на јавните набавки е огромно бидејќи преку нив државните институции не ги обезбедуваат само сопствените потреби, туку и јавните добра.

Автор: Марија Делиоланова, дипломиран економист

Под поимот јавни набавки се подразбира обезбедување на стоки, услуги и работи од страна на државните институции, најчесто преку компании од приватниот сектор. Целта е да се добијат производи со што е можно подобар квалитет, за пониска цена, односно обезбедување на најдобра вредност за потрошените пари. Значењето е огромно бидејќи преку јавните набавки државните институции не ги обезбедуваат само сопствените потреби, туку преку нив се обезбедуваат и јавните добра. Преку јавните набавки доаѓа до интеракција меѓу државниот и приватниот сектор, така што државата учествува на пазарот и влијае на пазарните текови. Сето ова укажува на фактот дека е поле кое е под најголема закана и ризик од корупција, а со тоа може да има огромно влијание врз економијата воопшто. Оваа констатација се поткрепува доколу обемот на јавните набавки се стави во однос со БДП. Во текот на 2014 година, во Македонија склучени се договори за јавни набавки во вкупна вредност од околу 60,4 милијарди денари или околу 980 милиони евра, што претставува 12 отсто од БДП. Поради ова е важно да се воспостави здрав и стабилен систем на јавни набавки
.
Кон крајот на 2007 година Собранието на Република Македонија го усвои новиот Закон за јавните набавки, кој стапи на сила на 1 јануари 2008 година. Меѓу другото, тој претставува и одговор на дел од предизвиците во процесот на придружување кон Европската Унија. Со донесувањето на законот се влијаеше на намалување на вкупниот деловен ризик во Македонија, што e клучно за правилен развој на пазарната економија и на конкуренцијата.

Законот го поставува Бирото за јавни набавки како најзначајна институција која се грижи за системот на јавните набавки. Меѓутоа, јавните набавки претставуваат мултидисциплинарна област, па така, и други институции имаат влијание врз тој систем, како што се: Државната комисија за жалби по јавните набавки, Советот за јавните набавки, Државниот завод за ревизија, Комисијата за заштита на конкуренција, Државната комисија за спречување корупција, Управниот суд и Вишиот управен суд.

Во 2010 година, со воведувањето на електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) на сите договорни органи им се даде можност да ги спроведуваат јавните набавки по електронски пат.

За нив е задолжително објавување на огласите за доделување на јавните набавки и за тендерските документации во ЕСЈН. Спроведувањето на постапката преку ЕСЈН остана на доброволна основа, што резултираше со релативно мал број електронски постапки. Како одговор на тоа, се усвоија законските измени за задолжителни електронски постапки за договорните органи и тоа најмалку 30 отсто во 2016 година, 50 отсто во 2017 година и 100 проценти во 2018 година. Со ова ќе се овозможи полесно, побрзо и поевтино спроведување на јавните набавки, но и подобра конкурентност, транспарентност, економичност и ефикасност. Генерална оцена е дека ЕСЈН ги исполнува стандардите и функционалните барања за развој на современите системи за спроведување на постапките за јавни набавки по електронски пат, како во поглед на безбедноста и олеснетиот недискриминирачки пристап, така и од аспект на едноставноста на неговата употреба. Во 2014 година ЕСЈН го користеле околу 1.390 договорни органи, регистрирани се околу 10.400 економски оператори, објавени се 15.738 огласи и спроведени се 29.477 аукции. 

Состојбата на јавните набавки видена низ извештаите на државните институции

Државната комисија за жалби по јавни набавки претставува главен коректив. Извештајот за нејзиното работење покажува дека во 2015 година примени се 6 отсто повеќе предмети за работа во споредба со 2014 година. Секако, бројот на примени жалби од економските оператори укажува дека договорните органи помалку ги почитуваат законските одредби со кои се регулираат јавните набавки во Македонија. Но, позитивното е тоа што преку поднесувањето на жалбите, стопанството покажува дека е запознаено со своите права и на тој начин ја коригира недоследноста во почитувањето на законските одредби од договорните органи.
                           
Државните ревизори, пак, при увид во начинот на планирање, спроведување и реализација на постапките за јавни набавки во 2014 година, споредено со 2013 година, констатирале 13 отсто помалку наоди. Најголемо учество во констатираните наоди имаат следните:
  • Неспроведени постапки за јавни набавки и извршена набавка пред склучување на договорот за по стари договори од претходните години. Тие бележат намалување од 13 отсто на 11 отсто;

  • Слабости во фазата на склучување на договори со избраните понудувачи (несклучени договори со избраниот понудувач; склучени договори со цени, услови и други елементи различни од понудените; потпишување на договорите во рок пократок од законски предвидениот и сл.). Тие бележат намалување од 11 отсто на 8 отсто.
Секако ова се позитивни трендови кои имаат влијание врз ефикасноста на системот на јавните набавки во Македонија.

Коректив на можните манипулации на договорните органи

Користењето на тендерската документација како начин на манипулација, во смисла на предвремено откажување на економските оператори од учество во постапките, води кон намалување на конкуренцијата во јавните набавки. Ова беше увидено како голем недостаток на Законот за јавните набавки, што беше делумно надминат во 2013 година кога со измените и со дополнувањата на Законот се основаше Совет за јавни набавки. Во тој период Советот беше во состав на Бирото за јавни набавки, но од 1 јануари 2016 година е независен орган, кој директно одговара пред Владата на Република Македонија. Имено, најголемите проблеми во постапките за јавни набавки се јавуваа како резултат на нејасно изработена тендерска документација и техничка спецификација, што се случува кај дури 50 отсто од случаите. Многу често се случуваше техничката спецификација да биде изработена со премногу детални информации, така што однапред беше јасно кој бренд на производ се бара. Оттаму, основни надлежности на Советот за јавните набавки се утврдување на оправданоста од користењето на предметните критериуми, услови и стандарди при изготвување на тендерската документација. Практично, договорните органи се обврзаа пред објавување на огласот за доделување договор за јавна набавка да направат анализа, односно истражување на пазарот и доколку не се исполнети определените законски услови, должни се да бараат согласност од Советот за јавни набавки. Преку овие одлуки се обезбедува законитоста на постапките, зголемена транспарентност на државните институции, намалување на можноста за нивно компромитирање и подобрување на деловниот амбиент.

Основи за квалитетен развој на системот за јавни набавки во Македонија

Како основа за квалитетен развој на овој систем служат:
  • Нацрт-стратегијата за развој на ЕСЈН во Република Македонија 2016-2020 година;
  • Стратешките приоритети на БЈН за развој на системот на јавните набавки 2014-2018 година;
  • Прирачниците за користењето на ЕСЈН; 
  • Водичот за откривање незаконски договарања во постапките за доделување договори за јавни набавки;
  • Прирачникот за новинари за истражување и за известување за јавните набавки;
  • Постојаниот надзор од Центарот за граѓански комуникации, но и од Европската комисија.
Понатаму, во рамките на активностите предвидени во Акцискиот план за отворено владино партнерство 2014-2016 година, за подобрување на транспарентноста и за полесен пристап до планот и објавувањето на огласите за јавни набавки, Бирото даде свои препораки до сите договорни органи. 

Почнувајќи од 1 јануари 2016 година, на своите веб-страници институциите треба да ги објавуваат плановите за јавни набавки со сите измени и дополнувања, како и огласите за јавните набавки. Треба да се објавуваат и известувањата за склучен договор и известувањата за реализирани договори, со истовремено поставување на линк до нивните објави во ЕСЈН.

Покрај почитувањето на основните принципи, развојот на системот на јавните набавки треба да се развива и во насока на промовирање на начелата: иновации, одржливост, предвид за социјалните и еколошките аспекти, енергетска ефикасност, итн. На овој начин ќе може да се постават услови за поквалитетен развој на општеството воопшто.



 
 
 
 
back to top