IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Четврток, 26.04.2018 || Марко Абрамовиќ е новиот генерален менаџер на „Сојапротеин“  |  Ефикасна даночна администрација и олеснување на царинските процедури  |  „Алкалоид“ - полигон за идните хемичари и фармацевти  |  Производството на вино најниско во последните 60 години  |  „Кока-кола“ со зголемена продажба во првиот квартал  |  Прв „Стокомак“ во Прилеп  |  Domaine Lepovo Grand Cuvée светски шампион  |  Повторна продажба на имотот на компанијата „Малина“  |  „Хајнекен“ оствари солиден количински пораст  |  „Агрокор“ продолжува непречено да работи од 15 јули?  |  „П & Г“ презеде дел од портфолиото на „Мерк“ за 3,4 милијарди евра  |  „Гринјард“ бара снабдувачи во Македонија  |  „Сите сити“ - нов систем за донирање вишок храна  |  Медицинска опрема од „Жито лукс“ за четири болници  |  Во „Веро“ - Тафталиџе бесплатен паркинг 30 минути  |  „Млин и пекара Љубаче“ со нова инвестиција  |  Natur Premium пристигнува на македонскиот пазар  |  „Монделез“ вложува 90 милиони евра во „фабрика на иднината“  |  „Рамстор“ го отвори 25.маркет  |  „Хенкел“ отвори нова фабрика Somat во Крушевац  |   ||
   

Маалска продавница: „Ел-Де трејд“

21.08.2017

Се чекаме пред „Ел-Де" 

Кога решиле да отворат продавница, во скопска Автокоманда, пред 26 години, биле првиот дуќан во зградата. Денес маалото е мал трговски центар, а нивниот дуќан - топоним за ориентирање во населбата

Разговараше: Васко Марковски, vasko@instore.mk

Mаркетот „Ел-Де" повеќе од 25 години е дел од секојдневието на скопската населба Автокоманда (ул. Јани Лукровски, бр. 5), речиси низ целото деноноќие, од 5.30 наутро до полноќ. Трговска приказна што заедно ја испишуваат семејството Тасевски, вработените, жителите на населбата и многуте „минувачи" од раздвижениот дел на градот, како што упатува и името на населбата.

Разговараме со Елена Стојковиќ и Дејан Тасевски, денешното раководство на семејниот бизнис, основан во 1991 од нивната мајка, Пандора Тасевска, некогаш раководителка на продавница во „Жито лукс", и од нивниот татко, Ганчо, израснат во соседна Керамидница, со искуството што го стекнал како трговски патник на индустријата за сувомесни производи „29 Новембар" од Суботица. Некогаш живееле во Чаир, кус период имале продавница во Топанско поле, по што решиле да си ја пробаат среќата во Автокоманда.

Иницијатор беше мајка ми. Уште од девојче на 18 години работеше во „Жито лукс", 33 години искуство, се сеќава Дејан.

Дејан бил првиот што се загреал за трговија, а подоцна се придружила и Елена. Дејан е посветен повеќе на оперативните работи, а Елена на административните.

Уште од дете, кога ќе завршеа часовите на училиште — право кај мајка ми во дуќанот, со теговите, со вагата, да продавам сладоледи, се сеќава Дејан, додавајќи:

Ја гледав како работи, како се мачи - борец! Така, почнав и јас да се интересирам за трговија. Имав другар со пиљара, во Јаја-паша. Кога ќе ги светнеше овошјето, зеленчукот! — ја имаше најубавата пиљара во Скопје. Од што ми беше мерак, сум седел со часови кај него, да му помагам.

Кога завршил војска, татко му го прашал каков автомобил би сакал, веќе како полнолетен. Имал голема желба за џип „сузуки витара", какви што биле хит тие денови, но, во последен миг се решил за нешто сосема друго: комбе. Повеќе ќе им вршело работа за дуќанот.

Почнале со 50 квадратни метри, низ годините се прошириле на 100 (80 м2 продажен простор, 20 м2 магацин). Во моментов се шестмина вработени. Тројца од нив се членови на семејството.


Се трудиме да бидеме љубезни, да обезбедиме акции, да добиеме подобри цени,но, најмногу - со персоналот во дуќанот.

 

Најчестите купувачи се „минувачи" - од големите фирми во опкружувањето, од блиската автобуска станица и од соседните населби. Но, секојдневно се тука и „мештаните".

Не сме типична маалска продавница. Речиси цела индустриска зона, јавни установи, автобуски станици, луѓе од соседните населби. И, нè знаат, одамна сме тука, појаснува Елена.

На полиците имаат околу 10.000 производи. Притисокот од големите трговски синџири во непосредната близина бара да бидат вешти со комерцијалистите, посветени постојано да бидат во тек со новите производи и да ги имаат на полиците. Соработуваат со 110 компании.

Се трудиме да бидеме љубезни, да обезбедиме акции, да добиеме подобри цени, но, најмногу - со персоналот во дуќанот. Имаме вработени што се тука и по 20, речиси 25 години. Денес е тешко воопшто да најдеш луѓе за работа, затоа среќни сме што сме успеале да ги задржиме на работа по 20 - 25 години, вели Дејан.

Си ги знаат сите муштерии, дури и карактерно, си знаат со кого како треба. Муштериите, пак, знаат да го ценат тоа. Од друга страна, внимаваме да не ни се случи муштерија да излезе од дуќанот со „нема", додава Елена.

Работата со дуќанот, велат, бара голема посветеност, но знае и да ги награди, со пристоен живот. Годините што ги посветиле на семејниот дуќан, направиле покрај материјалната, да чувствуваат и духовна сатисфакција од тоа што го создале, гледајќи колку „Ел-Де" станал дел од животот на луѓето во населбата. Се обиде да ни долови Елена:

Самите муштерии ни велат „Ел-Де е веќе бренд". И, многу ни е мило кога ќе ги слушнеме како на таксистите им велат „Една кола пред Ел-Де", или младите кога се договараат: „Кај се чекаме?" - „Пред Ел-Де".


 
 
 
 
back to top