IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Четврток, 26.04.2018 || Domaine Lepovo Grand Cuvée светски шампион  |  Повторна продажба на имотот на компанијата „Малина“  |  „Хајнекен“ оствари солиден количински пораст  |  „Агрокор“ продолжува непречено да работи од 15 јули?  |  „П & Г“ презеде дел од портфолиото на „Мерк“ за 3,4 милијарди евра  |  „Гринјард“ бара снабдувачи во Македонија  |  „Сите сити“ - нов систем за донирање вишок храна  |  Медицинска опрема од „Жито лукс“ за четири болници  |  Во „Веро“ - Тафталиџе бесплатен паркинг 30 минути  |  „Млин и пекара Љубаче“ со нова инвестиција  |  Natur Premium пристигнува на македонскиот пазар  |  „Монделез“ вложува 90 милиони евра во „фабрика на иднината“  |  „Рамстор“ го отвори 25.маркет  |  „Хенкел“ отвори нова фабрика Somat во Крушевац  |  „Сан Пелегрино“ со приход од 895 милиони евра  |  „Карфур“ ги отвори првите пунктови испорака за пешаци  |  „Персу“ ги повика локалните производители да соработуваат  |  „Кимберли Кларк“ ќе го проширува капацитетот во Алабама  |  „Витамин“ на саемот во Мостар  |  Владимир Косијер нов генерален директор на „Пивара Скопје“  |   ||
   

Маалска продавница – збор по збор: „Бистрица“, СН, „Будровиќ“ и „Вукашин“

08.03.2013
Словенија: „Бистрица" не пресекна

Сопственик: Зоран Оцепек
Име на продавницата: „Бистрица"
Адреса: ул. „Ројска", бр. 20а, Домжале
Година на отворање: 1992
Квадратура: 100 м²
Број на каси: 1
Број на вработени: 5
Просечна потрошувачка кошница: 2-3 евра

За трговија мора да бидеш роден. Или си или не си! Нема на половина. Тајната на добриот трговец е да ги најдеш вистинските производи и на своите купувачи да им ги понудиш на вистинскиот начин. Најважни се односот, чесноста во работењето и финансиската дисциплина. Почнавме на околу 40, а денес имаме речиси 100 квадратни метри. Во големите центри има многу луѓе кои шетаат, за да се покажат, за да се сретнат со некого и да разгледаат. Постои и друга група луѓе која нема време за тоа и доаѓаат во продавниците како нашата.

Од разговорот со сопственикот на „Бистрица" дознавме интересен податок за дејствувањето на здружението на избрани мали трговци, што работат повеќе од десет години. Избрани се затоа што не прифаќаат секого, а условите се добро и долго работење и, пред сè, финансиска дисциплина. Трговците што имаат такви продавници доаѓаат од околината на Љубљана, Горењска, па сè до Церкинца, а целта им е заедничка, да доаѓаат до доставувачите здружено, да издаваат флаери и сè со слоганот „Заедно е поевтино".

БиХ: Мали рабати на основните производи
 
Сопственик: Нихад Смејчанин
Име на продавницата: СН
Адреса: ул. „Града Бакуа", бр. 4, Сараево
Година на отворање: 2001
Квадратура: 30 м²
Број на каси: 1
Број на вработени: 2
Просечна потрошувачка кошница: околу 15 КМ

Најголемиот проблем се малите рабати на одредени артикли. Пред сè, мислам на лебот и на цигарите. Тоа е голем проблем со кој се соочуваат сите мали трговци и основната причина за затворање на малите продавници. Покрај тоа, тука е и тешката економска ситуација што и тоа како влијае на работата. Луѓето сè помалку купуваат и го купуваат само она што им е потребно. До нашата продавница во круг од 300 метри се наоѓаат „Меркатор", „Конзум" и ДП. Предноста на малите продавници е што постојано сме во комуникација со луѓето и ги знаете нивните потреби, па на тоа можете адекватно да се приспособите, бидејќи ги познавате потребите на купувачите што ви доаѓаат секој ден. Во исто време, близината на нивните станови и куќи е голема предност. За неколку минути, без никакви чекања, го завршуваат купувањето.
 
Хрватска: Се обидуваме да го задржиме секој наш купувач

Сопственик: Бранко Будровиќ
Име на продавницата: ДОО „Будровиќ"
Адреса: ул. „Стјепан Радиќ", бр. 1, Суха Каталена
Година на отворање: 1992
Квадратура: 48 м²
Број на каси: 1
Број на вработени: 2
Просечна потрошувачка кошница: 25 куни

Најголемиот проблем со кој секојдневно се соочуваме и се бориме е купувачката моќ на нашите сограѓани. Нашите секојдневни купувачи се луѓе што се занимаваат со земјоделство и живеат од него. Нивната купувачка моќ падна и веќе ги немаат оние примања како порано. Иако нашата продавница се наоѓа на село, профилот на нашите купувачи се промени. Многу млади луѓе заминаа и малку луѓе останаа. Во близината на нашата продавница се наоѓаат „Плодине" и КТЦ и овде пазарат оние чиишто примања сè уште се големи и постојани. Големите трговци добиваат рабат на количество што им се исплаќа, додека на малите трговци тој рабат ништо не им значи.

Предноста на малите продавници во однос на големите е токму љубезноста и личниот контакт, нешто што не можат да го добијат во големите маркети. Меѓутоа, малите трговци се во многу тешка ситуација и не знаеме каква ни е иднината. Моменталната ситуација покажува лоши прогнози, но ние се бориме и сакаме да опстанеме.
 
Србија: Муштериите не ги менуваат навиките

Сопственик: Никола Курбалија
Име на продавницата: СТР „Вукашин"
Адреса: ул. „Старца Милије", бр. 31, Белград
Година на отворање: 2011
Квадратура: 30 м²
Број на каси: 1
Број на вработени: 2
Просечна потрошувачка кошница: 400 динари


Минатата година ми се укажа финансиска можност, па вложив во оваа работа. Ја презедов продавницата што во соседството постои веќе 15 години, така што, освен името, ништо друго не се сменив. Во близина има училиште, па има многу ситни, вообичаени купувања. Неодамна, на неколку десетици метри од нас, се отвори маркет на еден трговски синџир, меѓутоа продажбата не ми падна. А кај мене нема многу чекање, сè се работи според принципот „влези-излези", набрзина се завршува сè и на крајот сите се задоволни. Во продавницата имам 1.000 производи, а најмногу се продаваат цигари, овошје и зеленчук, како и сладолед и сокови во сезоната. Немаме поголеми проблеми со набавката, стигнуваме да платиме сè, а досега се случило само еднаш да бидеме во блокада и тоа само еден ден. Компанијата „Метро", каде што сме постојани муштерии, ни помогна да изработиме рекламен плакат на продавницата. Би сакал за десет години да ја проширам продавницата на 100 м² и да имам 10 вработени.




 
 
 
 
back to top