IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Четврток, 19.07.2018 || Добивката на „Плантаже“ изнесува 2,4 милиони евра  |  „Ошан“ воведе гласовен четбот за вино и храна  |  Нова франшизна продавница „Шпар партнер“  |  Специјално пиво по повод средбата Трамп-Путин  |  Доделени првите грантови за домашни компании  |  „Карлсберг“ отвора нова пиварница  |  Кинези ќе градат индустриски парк за овошје и зеленчук  |  Нов ИнфоЛогистички центар во Љубљана  |  „Велпро“ ќе ги поддржува малите трговци  |  Белград стана побогат за уште еден dm  |  Резултатите на „Пепсико“ се подобри од очекуваните  |  Кратошија меѓу најдобрите вина на британскиот пазар   |  „Интермарше“ за постари лица  |  Повисоки трошоци за живот и малопродажни цени во јуни  |  „Бимилк“ подари ново место за спорт и рекреација  |  „Унилевер“ го купи бугарскиот бренд сладоледи Denny  |  „Нилсен“ именуваше нов раководител за Јадранскиот Регион  |  „Макпрогрес“ на „Summer Fancy Food Show“  |  „Перно Рикар“ ќе дистрибуира безалкохолен џин  |  Продажба на алкохолни пијалаци во секое време  |   ||
   

Маалска продавница – претставуваме: „Зоки комерц“

15.09.2015
 
Од 21 врвни доставувачи, за дури 19 од нив „Зоки комерц" е врата број еден во БиХ. „Зоки" во понудата брои повеќе од 27.000 артикли и тоа е местото каде што купувачите се навикнале на одличен избор и на уште подобри цени. На фејсбук-страницата на продавницата, со повеќе од 10.000 лајкови, обожавателите може да поставуваат прашања, молби, па дури и жалби, на кои ќе добијат одговор за најкраток рок.

Разговараше: Едина Мизиќ, edina.mizic@instore.ba

Луѓето веруваат дека патот кон успехот е поплочен со голем број препреки, трикови и тајни на мајсторите. Но, вистината е дека нема ништо од тоа! Колку навистина се трудите, колку ќе ги засукате ракавите, колку имате дисциплина... толкава ќе биде и наградата. Мојот труд е мојата посветеност, а дисциплината е во тоа што од ден на ден е така. Речиси без пауза. Не се плашам од неуспехот затоа што и кога тој ќе случи, го сфаќам како лекција. Некогаш полесна, некогаш – потешка. А за секој, дури и за најмалиот успех, еднакво се радувам и го почитувам. Од тоа и ја црпам енергијата за новите денови, месеци и години, вели за InStoreГоран Лукиќ, генерален менаџер во компанијата „Зоки комерц".

Според него, на прво место во работењето и во остварувањето добри деловни резултати се луѓето – тимот со кој работи, блиските соработници, деловните партнери, купувачите... Да се изградат и да се сочуваат добрите односи, партнерски и пријателски, вели тој, е голем предизвик. Но, со прецизно дефинирана цел и со јасни заеднички интереси, добриот резултат е неизбежен.

Најчестите проблеми со кои „Зоки" се соочува секојдневно е дилемата – или премалку, или премногу стока! Горан вели дека денешната нестабилност на пазарот ги отежнува работењето и планирањето на секој трговец и дека е тешко да се одржи константноста во понудата и да се исполнат очекувањата, пред сè на лојалните купувачи: Но, ако навистина се трудиме, купувачите препознаваат!

Со оглед на жестоката конкуренција и сèпоголемата застапеност на трговските центри, генералниот менаџер вели дека борбата не е лесна, но концептот на „Зоки" е помалку или повеќе во сигурен пазарен простор, преку опсегот на неговиот таргетен пазар, приспособувањето на понудата кон потребите на потрошувачите и најважното – цените.

Широката понуда ни е многу важна и затоа постојат повеќе параметри што влијаат на изборот на дистрибутер. Мора да имаме можност да се потпреме на дистрибутерот, во врска со количествата, изборот на производите и ценовната политика. Нашите купувачи навикнаа на одличен избор и на одлични цени, имаме намера така и да остане, ни ја открива Горан нивната практика за избор на добар дистрибутер.

Состаноците со доставувачите, според него, се добар натпревар – важни се подготовките, но и реализацијата. Концентрација и фокус, бидејќи полето е динамично и промените се случуваат во минута. Преговорите може да бидат исцрпувачки, но донесуваат и задоволство. Особено кога со некои луѓе соработувате со години и имате многу приказни и одиграни натпревари зад себе.

„Зоки" ги почитува и ги применува речиси сите начини за унапредување и за развивање на продажбата – позиции, брендирање, истакнување, воблери, промоции, наградни игри... Денес е неопходно да се работи на унапредување на продажбата. Премногу информации, премногу избор и на купувачот не му е лесно да донесе одлука. Тука унапредувањето на продажбата мора да го одигра својот дел од работата. Купувачот не треба да се информира за производите само преку АТЛ-активности, туку и на местото на продажбата – таму каде што се донесува вистинската одлука.

Горан смета дека современиот потрошувач треба да биде таков каков што е – информиран, едуциран и со посебни барања, бидејќи станува збор за неговите потреби и за неговиот домашен буџет. А, она што трговците треба да го прават е да го следат неговиот чекор и да комуницираат: Се трудиме да бидеме тука, на располагање. Не само на социјалните мрежи, туку и во продавницата, по телефон, лично или како што им одговара на купувачите.

Генералниот менаџер на „Зоки" постојано ги посетува конференциите што ги организира InStore. За тој начин на едукација и на комуникација, вели: Со оглед на тоа што за многумина од нас ритамот е пребрз и динамичен, тешко дека ќе одвоиме време и ќе направиме нешто за себе, во смисла на едукација. Конференциите се соломонско решение, кое ги соединува едукацијата и работата. Покрај тоа што секогаш добивам по некоја нова информација, нова идеја, сознание... успевам и да договорам состаноци и да завршам добра работа. Кога имам можност да учам и да работам во исто време, тоа сигурно нема го пропуштам!

 


 
 
 
 
back to top