IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Среда, 25.04.2018 || Domaine Lepovo Grand Cuvée светски шампион  |  Повторна продажба на имотот на компанијата „Малина“  |  „Хајнекен“ оствари солиден количински пораст  |  „Агрокор“ продолжува непречено да работи од 15 јули?  |  „П & Г“ презеде дел од портфолиото на „Мерк“ за 3,4 милијарди евра  |  „Гринјард“ бара снабдувачи во Македонија  |  „Сите сити“ - нов систем за донирање вишок храна  |  Медицинска опрема од „Жито лукс“ за четири болници  |  Во „Веро“ - Тафталиџе бесплатен паркинг 30 минути  |  „Млин и пекара Љубаче“ со нова инвестиција  |  Natur Premium пристигнува на македонскиот пазар  |  „Монделез“ вложува 90 милиони евра во „фабрика на иднината“  |  „Рамстор“ го отвори 25.маркет  |  „Хенкел“ отвори нова фабрика Somat во Крушевац  |  „Сан Пелегрино“ со приход од 895 милиони евра  |  „Карфур“ ги отвори првите пунктови испорака за пешаци  |  „Персу“ ги повика локалните производители да соработуваат  |  „Кимберли Кларк“ ќе го проширува капацитетот во Алабама  |  „Витамин“ на саемот во Мостар  |  Владимир Косијер нов генерален директор на „Пивара Скопје“  |   ||
   

Маалска продавница – претставуваме: СИМС

15.10.2015
 

Instore месецов ја посети продавницата СИМС, лоцирана на улицата „Цицо Поповиќ", бр. 6, во непосредна близина на Железничката станица, во Скопје. Домаќините Игор и Мими Крстевски љубезно нè примија и, меѓусебно дополнувајќи се, со голем ентузијазам ни раскажуваа за почетоците, за работата и за предизвиците.

Разговараше: Данче Драгинова, danche@instore.mk

Сопружниците Крстевски потекнуваат од село Кадино, општина Илинден, каде што го отвориле и првиот дуќан, во сопствен деловен објект. Првата продавница беше отворена на 6 мај 2002 година, токму на роденденот на сопругот, а од 2003 година сме во брак. Оттогаш, паралелно ги водиме и ги развиваме и бизнисот и брачниот живот, со насмевка го почнува разговорот Мими.

Игор се надоврзува на разговорот и ни открива како решиле да почнат со овој бизнис: Во деловниот објект во Кадино имавме кираџии. Гледав како тие работат и забележав одредени недостатоци. Почнав да размислувам дека кога веќе го имам објектот, а имав и идеи, зошто да не се занимавам професионално со тоа? Првата поголема заштеда, до денар, ја вложивме во набавка на стока и почнавме...

Оваа продавница е петта по ред. Втората била во Трубарево, третата во близината на Железничката станица и четвртата во Ново Лисиче, во сопствен објект. Денес работат два маркета, во Кадино и овој, но Крстевски ни открија дека се во потрага по локација за нов маркет. Петтата продавница почнала со работа во март годинава, по целосна реконструкција на објектот. Површината на продавницата е околу 100 квадратни метри, од кои 80 квадратни метри се продажен простор и 20 – магацински. Во продавницата работат четири продавачки, а потрошувачите се услужуваат на една наплатна каса.

Асортиманот располага со повеќе од 2.000 производи и во него се застапени речиси сите категории производи. Единствено недостига облека и текстил, на шега ни велат сопствениците. Имаме и печка, во која печеме свежи бели печива. Се грижиме учениците да имаат свежо ѓеврече, а печеме и кикиритки. Освен учениците, студентите и соседите, локацијата на СИМС привлекува и голем број минувачи.

Со потрошувачите се однесуваме професионално и пријателски. Штом си се одлучил за оваа работа, едноставно, љубезноста, насмевката и непосредноста стануваат дел од тебе, вели Мими.

За односот со комерцијалистите, Игор вели дека имаат развиено меѓусебна почит и доверба: Меѓу нас владее т.н. балкански менталитет. Кога соработуваш со некој комерцијалист подолго време, се стекнува и блискост и пријателство. Од наша страна имаме „чист образ" дека сме редовни плаќачи и голем дел од дистрибутерите на големите фирми ни излегуваат во пресрет и сакаат да ни помогнат, и со цени, и со количества.

Во тој контекст, и изборот на асортиманот и новите производи станува полесен: На голем дел од комерцијалистите им верувам кога ќе кажат дека нешто е навистина добро и добро се продава. Сакаме да експериментираме, но со мали количества. Сепак, потрошувачите бараат реални цени, вели тој.

Крстевски признаваат дека големите синџири маркети претставуваат предизвик за работата на малите, а болката ја почувствувале и на „сопствена кожа". Но, сметаат дека предноста не е во цените, туку во големината на објектите: Овде игра улога и психологијата. Точно е дека има голем избор, но производите за секојдневна употреба секаде имаат иста цена, вели Мими. Во врска со ценовната предност, Игор додава дека овде и маркетингот игра голема улога: Некои производи кај нив се поевтини, а некои поскапи. Тие имаат поголем буџет за маркетинг и она што е на акција, кај нив е повидливо, иако истото кај нас може и да е поевтино.

За подобро функционирање на малите продавници, Крстевски сметаат дека потребна е поддршка и помош од државата, но, пред сè, зголемена комуникација со колегите од истата бранша.

Имав една иницијатива со фејсбук-групата „Маркети", почнавме мала комуникација, но без поголема поддршка, тоа замрзна. Комуникацијата може само да ни помогне – на пример, кога ќе слушнеме за некој закон, треба сите брзо да се информираме и поактивно да се организираме. Би можеле да поттикнеме законски регулативи за конкурентна оддалеченост и сл. Треба помудро да ги искористуваме предностите на социјалните мрежи. Ако се здружиме, ќе бидеме посилни, нагласува Игор.

На крајот на разговорот, Мими ја споделува својата порака со колегите што се занимаваат со истата дејност: Малопродажбата, како и животот, е битка што мора херојски да се води. Нема опуштање и чекање. Продолжуваме понатаму со полна пареа и не се откажуваме!


 
 
 
 
back to top