IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Среда, 25.04.2018 || Domaine Lepovo Grand Cuvée светски шампион  |  Повторна продажба на имотот на компанијата „Малина“  |  „Хајнекен“ оствари солиден количински пораст  |  „Агрокор“ продолжува непречено да работи од 15 јули?  |  „П & Г“ презеде дел од портфолиото на „Мерк“ за 3,4 милијарди евра  |  „Гринјард“ бара снабдувачи во Македонија  |  „Сите сити“ - нов систем за донирање вишок храна  |  Медицинска опрема од „Жито лукс“ за четири болници  |  Во „Веро“ - Тафталиџе бесплатен паркинг 30 минути  |  „Млин и пекара Љубаче“ со нова инвестиција  |  Natur Premium пристигнува на македонскиот пазар  |  „Монделез“ вложува 90 милиони евра во „фабрика на иднината“  |  „Рамстор“ го отвори 25.маркет  |  „Хенкел“ отвори нова фабрика Somat во Крушевац  |  „Сан Пелегрино“ со приход од 895 милиони евра  |  „Карфур“ ги отвори првите пунктови испорака за пешаци  |  „Персу“ ги повика локалните производители да соработуваат  |  „Кимберли Кларк“ ќе го проширува капацитетот во Алабама  |  „Витамин“ на саемот во Мостар  |  Владимир Косијер нов генерален директор на „Пивара Скопје“  |   ||
   

Маалска продавница – претставуваме: „Рисал“

14.09.2017
 

Продавницата „Рисал" ќе ви падне в очи уште со првото минување низ скопско Горно Лисиче. Со мал прекин, објектот е продавница уште од 1965 година. Веќе две децении е еден од двата трговски објекти на ДТУ „Рисал" од Скопје.

Разговараше: Васко Марковски, vasko@instore.mk

Продавницата „Рисал" веќе 22 години е секојдневно свратилиште на жителите на скопско Горно Лисиче. Со својата локација, на автобуска станица, веднаш до основното училиште „Гоце Делчев", е најзгодното место за пазарување за локалното население, за учениците и за вработените во училиштето, но и за многубројните минувачи што чекаат автобус или што секојдневно си ги носат или си ги земаат децата од училиште.

Приказната почнала во 1995 година, кога Ристо Петрушевски, лисичанец, поттикнат од пријателите, решил да си ја проба среќата со трговијата, во објектот на некогашниот синџир „Славија", каде што некогаш работела неговата мајка. Нејзиното искуство му било потркепа и на почетокот, кога се впуштил во занаетот како 19-годишно момче, но и подоцна, сè до нејзиното пензионирање. Објектот е со површина од 100 квадратни метри (70 m2продажен салон, 30 m2магацин), а на полиците е присутен асортиман од 5.000 артикли. Реткост во асортиманот за ваквиот тип продавници, што ја прави „Рисал" поинаква, се ситните апарати за домаќинство и изборот од сервиси за јадење. Ако во другите делови од градот, свежите овошје и зеленчук се предност, овде со нив оди потешко. Речиси нема домаќинство во Горно Лисиче што нема своја градина и оттука потекнува голем дел од овошјето и од зеленчукот на пазарите и во малите маркети во општина Аеродром. Оттука, во продавницата најмал е интересот за свежи овошје и зеленчук.

Покрај дуќанот кај автобуската станица и училиштето, фирмата располага и со уште еден, помал дуќан (40m2), малку повнатре во селото (ул. Горно Врановска, бр.24, Горно Лисиче). Во двата објекта работи персонал од шест вработени. Асортиманот е речиси ист и во него најчесто пазаруваат жителите од околните куќи.

Ценовната разлика е главниот проблем, секаде. Единствената можност би било да се зголеми стандардот на муштериите, за да може секој да си пазари каде што ќе посака.

Најголемиот предизвик, и за едниот и за другиот, се големите трговски синџири, во непосредното опкружување, во населбата Лисиче и во Ново Лисиче. Но, велат, има и позитивни страни во тоа.

Каде што има конкуренција, мораш да се бориш. Здрава конкуренција е секогаш добредојдена, за да научиш да се бориш, да го најдеш модусот како да се бориш покрај големите синџири. Ќе се бориме додека можеме. Но, какво време доаѓа, ми се чини дека полека-полека маалските маркети ќе замрат, вели Петрушевски.

Најголемиот предизвик со големите е ценовната предност што ја имаат поголемите. Борбата е сè пожестока, но и за тоа, вели, има излез. Има надеж.

Ценовната разлика е главниот проблем, секаде. Единствената можност би било, мислам, да се зголеми стандардот на муштериите, воопшто, за да може секој да си пазари каде што ќе посака. Ако нема добар стандард за пазарување, ќе мора да оди таму каде што му е поевтино, вели Петрушевски.

Асортиманот постојано го збогатуваат со нови производи, според барањата од потрошувачите. Во работењето со муштериите, се случува и да ги пофалат и да ги искритикуваат, но, и грешките што ќе ги направат, се трудат да ги решат во полза на муштериите, а на сопствена штета. Со мал прекин во времето на транзицијата, објектот (бр. 1) е продавница од 1965 година, но работењето никогаш не било потешко и станува сè потешко. Но, решени се да издржат, ни рече Ристо.

Кога би требало сега да избирам, овој бизнис не би го работел никогаш. Но, кога сме се фатиле веќе со оваа работа, откако веќе ја знаеме оваа работа – ќе ја работиме, вели тој.

На испраќање, ни раскажаа и една несекојдневна случка поврзана со дуќанот. Едно утро, пред неколку години, морале многу рано да одат на работа. Околу два часот по полноќ, им јавиле несекојддневна вест: автомобил влетал во дуќанот, има штета, но, за среќа, нема повредени. Успеале да го оспособат за работење уште истиот ден и за кусо време да го обноват делот од објектот што бил оштетен.


 
 
 
 
back to top