IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Вторник, 16.10.2018 || „Лакталис“ го купува „Нестле“ во Малезија за 40 милиони долари   |  Трговците избраа ТОП 100 производи  |  Милијардер купи удел во Starbucks  |  Перутнина Птуј“ ќе продава салами во САД   |  „Метро Бугарија“ воведува автентични млечни продукти  |  Сертификати за компаниите што се фер со потрошувачите  |  „Унилевер“ нема да се сели во Холандија   |  Трговците бираат топ 100 производи   |  Битола стана дел од големиот проект „Coca-Cola Активни зони“   |  Производителите на чоколадо се насочуваат кон Исток   |  Трошоците на живот на месечно ниво намалени, на годишно имаат раст   |  Расте добивката на „ПепсиКо“   |  „Нестле“ е заинтересиран да купи бренд за минерална вода  |  Германските трговци продаваат преку интернет   |  Нов „Стокомак“ во Тетово  |  Експресна услуга на нова локација во Струга  |   Увозот на храна расте побрзо од извозот   |  Во септември пад на светските цени на храната   |  „Фуд стар“ ќе извезува пилешко месо во Кина   |  „Цедевита“ доби концесија за вода   |   ||
   

Маалска продавница – претставуваме: „Пингвин“

17.08.2015
 

Младата и енергична Лиле Опарова е наследник на бизнисот на родителите Александра и Марјан, кои со трговска дејност се занимаваат уште од 1989 година. Тројцата членови на семејството, засилени со тим од седум вработени, се заслужни за успешното и беспрекорно функционирање на дисконтот „Пингвин", лоциран во непосредна близина на Амбасадата на Романија.

Разговараше: Данче Драгинова, danche@instore.mk

Дисконтот „Пингвин", со продажна површина од околу 65 квадратни метри, се наоѓа на улицата „29 Ноември", бр. 42, лок. 1. Продавницата е отворена во 2001 година како логично и современо продолжение на семејниот бизнис, чиишто почетоци се означени со отворањето на трафика во Кисела Вода, еден од првите приватни продажни објекти во Скопје.

Целокупното работно искуство на моите родители е во секторот трговија на мало. Искуствата, знаењето и довербата што тие ги стекнале низ годините, секојдневно ми ги пренесуваат и заедно продолжуваме понатаму, го почнува разговорот Лиле. Првиот продажен објект, односно трафиката во Кисела Вода, бил отворен уште пред Лиле да биде родена. По трафиката следувало отворање дуќан, па поголем дуќан, па по него два, па три... сè додека семејството Опарови не ја достигнало бројката од шест дуќани. Речиси сите продажни објекти се наоѓале во делот околу улиците „Илинденска", „Партизанска" и во населбата Капиштец, со исклучок на првиот дуќан во Кисела Вода и еден во населбата Аеродром. Сепак, поради обемноста на работата и преголемата ангажираност, семејството одлучило да се фокусира само кон овој продажен објект.

Засега немаме планови за отворање нова продавница. Работата е обемна и задоволни сме од работењето на дисконтот „Пингвин". Целата енергија и посветеност ја насочуваме кон задржување на довербата што ја стекнавме уште од почетоците. Потрошувачите и комерцијалистите нè познаваат и ни веруваат, а токму тоа е главниот стимул што нè води кон успехот, со гордост раскажува Лиле.

Асортиманот на „Пингвин" располага со повеќе од 5.000 производи. Во богатиот асортиман се застапени речиси сите трговски групи, освен зеленчукот и овошјето. На нашето прашање што најмногу се продава, Лиле со насмевка ни одговори: Па, сите прехранбени производи, затоа што луѓето мора да јадат! Нашите купувачи се од соседството, но голем е и бројот на минувачите, кои наоѓајќи го она што им е потребно, во иднина нè не одминуваат. Токму во тоа е и нашата тајна за долг опстанок и успех – вниманието и услугата што потрошувачите ги заслужуваат, овде ги наоѓаат на едно место!

Бидејќи во околината на „Пингвин" во игра се и големите трговски синџири со нивната ценовна предност, дисконтот се приспособува и приближува кон нив преку ниските цени: Нашите купувачи се задоволни бидејќи ние работиме со ниски маржи. Од друга страна, луѓето немаат многу време, а постојано нешто им недостига да докупат... Тоа е нашата предност во однос на големите – „Пингвин" е вистинското место за брза услуга и голем избор за сè што им е потребно на купувачите.

За подобра иднина и подобро функционирање на сите колеги што се занимаваат со малопродажна трговија, семејството Опарови смета дека е неопходна комуникација за размена на добрите и на лошите искуства: Работата со различни луѓе го исполнува секојдневието со секакви случки, пријатни и непријатни. На сите колеги од истиот бизнис им препорачувам да се чуваат од внатрешните крадци. Од голема штета е што никој досега не се погрижи да имаме една интернет-страница, каде што ќе можеме да споделуваме искуства за вработените и да ги читаме досиејата на луѓето што бараат работа. Ако комуницираме непосредно и разменуваме искуства – стануваме посилни!

Според Лиле, иднината на малите продавници можеби е тешка, но светлоста на крајот од тунелот е видлива: Иднината постои за оние кои работат посветено и трудољубиво. Сите вредни и упорни луѓе можат да успеат!


 
 
 
 
back to top