IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Понеделник, 15.10.2018 || „Лакталис“ го купува „Нестле“ во Малезија за 40 милиони долари   |  Трговците избраа ТОП 100 производи  |  Милијардер купи удел во Starbucks  |  Перутнина Птуј“ ќе продава салами во САД   |  „Метро Бугарија“ воведува автентични млечни продукти  |  Сертификати за компаниите што се фер со потрошувачите  |  „Унилевер“ нема да се сели во Холандија   |  Трговците бираат топ 100 производи   |  Битола стана дел од големиот проект „Coca-Cola Активни зони“   |  Производителите на чоколадо се насочуваат кон Исток   |  Трошоците на живот на месечно ниво намалени, на годишно имаат раст   |  Расте добивката на „ПепсиКо“   |  „Нестле“ е заинтересиран да купи бренд за минерална вода  |  Германските трговци продаваат преку интернет   |  Нов „Стокомак“ во Тетово  |  Експресна услуга на нова локација во Струга  |   Увозот на храна расте побрзо од извозот   |  Во септември пад на светските цени на храната   |  „Фуд стар“ ќе извезува пилешко месо во Кина   |  „Цедевита“ доби концесија за вода   |   ||
   

Маалска продавница – претставуваме: „Македонија трејд“

19.03.2015

Историјата на „Македонија трејд" почна во 1992 година, на љубљанската улица „Нова Фужина", бр. 33, каде што беа отворени првата продавница и магацин. На оваа адреса и денес се наоѓа седиштето на претпријатието, кое во моментов во Љубљана располага со две продавници. Втората продавница е лоцирана во центарот „Меркатор", во населбата Нове Јарше, на Беблерјев трг 2, отворена пред две и пол години.

Разговараше: Игор Ѓуровиќ, igor.durovic@instore.si

Сопственик е м-р Трајче Андонов, искусен трговец, кој по вторпат го има мандатот и во раководството на Трговската комора на Словенија. Моментално во нашето претпријатие се вработени 7 луѓе, ако не се бројам себеси како пензионер (се смее). Пред три години, управувањето го презеде ќерката Билјана, а јас ѝ помагам во водењето и организацијата, колку што можам. Особено сега, кога имаме големи планови за отворање на нови продавници и увоз на производи од Балканот, односно извоз од Словенија.

Продавницата на „Фужина" се простира на 200 квадратни метри, а во Нове Јарше на 55 квадратни метри. Во понудата се вклучени околу 1.000 различни производи. На препознатливиот слоган „Одбрани производи од сончевиот Балкан", прва се сетила ќерката Билјана Андонова, универзитетски дипломиран економист и директор на претпријатието. И таа има прилично искуство во продавницата, а претходно работела и во „Меркатор".

Билјана за InStore го изјави следново: Во животот мора да се следи срцето. Во еден момент заклучив дека дојде време да ја преземам фирмата на моето семејство. Не ми е жал поради таа одлука и мислам дека добро ни оди. Воведовме многу промени и се приспособивме кон состојбата на пазарот. А секако, најдоброто допрва доаѓа (се смее). Околу 2002 година, покрај ресторан, имавме дури десет малопродажни единици. Од тие продавници, три беа во наша сопственост: во Фужина, Марибор и Крањ, а уште три држевме во Љубљана (во рамките на трговскиот центар БТЦ, во Шишка и во Бежиград), три продавници во Марибор, една во Јесенице...

По многубројните притисоци од страна на трговските синџири, пред „Македонија трејд" се појавила дилемата: Дали сè уште да продолжи да се занимава со малопродажба и да оди во голема битка со гигантите или да се насочи кон големопродажба? Во фирмата посакуваат и понатаму во Словенија да бидат препознатливи како увозници на македонски, односно балкански производи и да не се ограничуваат на прехранбените производи, како за увоз, така и за извоз од Словенија.

Со својот малопродажен синџир, еднаш веќе го постигнале тоа во деведесеттите години од минатиот век, а сега имаат намера да го повторат. Тогаш имавме голем притисок и посакуваното не можевме во целост да го реализираме, а сега желбите ни се слични, но имаме голема предност – немаме притисоци. Денес, најмногу се фокусираме на приспособувањето кон желбите на купувачите и кон квалитетот. Неодамна во една емисија зборував на таа тема, а и дека ми е жал што македонската конзервна индустрија е принудена да произведува под брендот на трговците и на тој начин да го губи својот углед. Поради тоа веќе и не се знае дали ајварот навистина е македонски или не, го заврши разговорот Андонов, кој како стар и искусен трговски „лисец" добро знае што значи понуда, што побарувачка и што претставува вистинскиот купувач.

„Македонија трејд" не ја претставува само Македонија

Од 1992 година компанијата се занимава со трговија, односно со увоз на словенечкиот пазар, првенствено од Македонија, Бугарија, Турција, БиХ, како и со извоз од Словенија. Од производите најзастапени се виното, сирењето, зеленчукот и слатките, а покрај тоа, увезуваат и квалитетен текстил и долна облека од Турција. Од прехранбените производи, овде се првенствено производите под нивната трговска марка МТ, а најпродаваните од нив се: виното Refošk, лутеница, печена пиперка, ајвар, MT Vranec, овчо и кравјо сирење... Одлично се продаваат и тетовскиот грав, струмичката Мастика, Струмка, кочанскиот ориз, баклави, тулумби итн. Соработуваат со голем број трговски синџири („Шпар", „Меркатор", „Леклер", „Јагрос", „Туш", „Фама"...), со 15 словенечки селски задруги („КЗ Метлика", „КЗ Требње", „КЗ Крпан", „КЗ Лашко"...), како и со бројни помали купувачи. Застапници, односно дистрибутери се на: „Сковин", „Далвина", „Пивка", „Чока", „Задро", „Грозд", „Дентина", „Свислион", „Виспак", „Клас"...


 
 
 
 
back to top