IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Четврток, 26.04.2018 || Domaine Lepovo Grand Cuvée светски шампион  |  Повторна продажба на имотот на компанијата „Малина“  |  „Хајнекен“ оствари солиден количински пораст  |  „Агрокор“ продолжува непречено да работи од 15 јули?  |  „П & Г“ презеде дел од портфолиото на „Мерк“ за 3,4 милијарди евра  |  „Гринјард“ бара снабдувачи во Македонија  |  „Сите сити“ - нов систем за донирање вишок храна  |  Медицинска опрема од „Жито лукс“ за четири болници  |  Во „Веро“ - Тафталиџе бесплатен паркинг 30 минути  |  „Млин и пекара Љубаче“ со нова инвестиција  |  Natur Premium пристигнува на македонскиот пазар  |  „Монделез“ вложува 90 милиони евра во „фабрика на иднината“  |  „Рамстор“ го отвори 25.маркет  |  „Хенкел“ отвори нова фабрика Somat во Крушевац  |  „Сан Пелегрино“ со приход од 895 милиони евра  |  „Карфур“ ги отвори првите пунктови испорака за пешаци  |  „Персу“ ги повика локалните производители да соработуваат  |  „Кимберли Кларк“ ќе го проширува капацитетот во Алабама  |  „Витамин“ на саемот во Мостар  |  Владимир Косијер нов генерален директор на „Пивара Скопје“  |   ||
   

Маалска продавница – претставуваме: „Ботос јуниор“

31.12.2012
InStore во разговор со Борче Тодоров, сопственик на „Ботос јуниор"
 
Бренд на „Лептокарија"
 
Кај мене, во продавница, цената не игра улога. Луѓето ја препознаваат мојата љубов кон работата, истрајноста, еланот за работа и волјата за успех. Токму затоа купуваат од тука, изјави Тодоров за InStore.

Ако некогаш отидете на прошетка во трговскиот центар „Лептокарија" невозможно е да не ја забележите најстарата продавничка таму. Најпрвин, не можете да ги одминете насмеаните лица на сопствениците и турканицата што се прави пред продавницата зашто секој случаен минувач застанува да го поздрави Боро, сопственикот на „Ботос јуниор", да испие едно кафе со него или, пак, малку да поразговара. Таков беше случајот и со нас. Седнавме на клупата пред продавницата, каде, како што вели тој, се случиле многу љубовни приказни, почнале многу караници, се склучиле доживотни пријателства.
Кога го прашавме Боро за неговите почетоци, длабоко воздивна и почна да раскажува: Тоа беше многу одамна. Други времиња беа. Иако поминаа речиси 23 години, како денес се сеќавам на денот кога ја отворив продавницата. Пред да се одлучи на таков чекор, Боро, кој е економист по професија, работел во неколку приватни фирми, но незадоволен од работата и темпото на живот се одлучил на таков претприемачки чекор. Не беше лесно. Верувајте ми, воопшто не беше лесно. Тогаш немаше државна помош, лесен пристап до кредити. Се распаѓаше еден систем, почнуваше нов. Сè беше измешано. Во еден здив ни раскажа како продавницата ја отворил со сопствени средства, а секоја полица, плакар или рафт го направил сам, со вештината што ја поседувал. Не било поразлично ниту со подот, плочките и плафонот. Среќа што локалот е во моја сопственост, па не требаше да плаќам кирија, ни рече Боро.

Како одминувало времето, така и Боро ја увидел потребата за растење и развивање на неговата продавница. Од почетните 27 квадратни метри, таа денес се простира на површина од околу 45 квадратни метри. Ако на почетокот почнал да работи со само по пет артикли на полица, денес неговото портфолио на производи надминува 1.000, а поради просторот тој ги ротира производите. Неможноста за понатамошно проширување на продавницата го натерала за различно портфолио на производи. Некои производи што не спаѓаат во секојдневните потреби на моите муштерии ги ротирам. Едни ги имам овој месец, а следниот месец други. Морам така, зашто немам простор каде да го изложам сè она што сакам да го продавам. Мораме да се снаоѓаме.
 
Прочитајте повеќе во електронското и печатеното издание на InStore број 3

 
 
 
 
back to top