IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Петок, 20.07.2018 || „Луксол“ повторно работи  |  Трговски vs А-брендови  |  „Волмарт“ се повлекува од јапонскиот пазар  |   Нови бензиски пумпи на КТЦ  |  Добивката на „Плантаже“ изнесува 2,4 милиони евра  |  „Ошан“ воведе гласовен четбот за вино и храна  |  Нова франшизна продавница „Шпар партнер“  |  Специјално пиво по повод средбата Трамп-Путин  |  Доделени првите грантови за домашни компании  |  „Карлсберг“ отвора нова пиварница  |  Кинези ќе градат индустриски парк за овошје и зеленчук  |  Нов ИнфоЛогистички центар во Љубљана  |  „Велпро“ ќе ги поддржува малите трговци  |  Белград стана побогат за уште еден dm  |  Резултатите на „Пепсико“ се подобри од очекуваните  |  Кратошија меѓу најдобрите вина на британскиот пазар   |  „Интермарше“ за постари лица  |  Повисоки трошоци за живот и малопродажни цени во јуни  |  „Бимилк“ подари ново место за спорт и рекреација  |  „Унилевер“ го купи бугарскиот бренд сладоледи Denny  |   ||
   

Маалска продавница – претставуваме: „Биона“

12.08.2013
InStore во разговор со Анета Стајиќ, менаџер на продавниците за здрава и органска храна „Биона"
 
„Биона" – продавница за луѓе со различни стилови и алтернативен начин на размислување
 
Продавницата за здрава храна „Биона" е дел од заложбите да ја донесеме здравата храна поблиску до сите што се заинтересирани за неа, истовремено рушејќи го општоприфатениот концепт дека здравата храна е нешто што е далечно и скапо за поголем дел од потрошувачите.
 

 
Тимот на InStore ја посети специјализираната продавница за здрава и органска храна „Биона" со цел да претставиме поинаков формат и начин на успешно долгогодишно работење во рамките на трговијата на стока за широка потрошувачка. Во овој концепт на работење поврзано е производството, продажбата и увозот на здрави и органски производи.
 
Идејата за отворање продавница за здрава храна е всушност инспирирана од искуството добиено во другите градови надвор од Македонија, а целта е на македонските потрошувачи да им се понуди достапност на производи од вегетаријанската, веган, органска, макробиотичка и здрава храна. Првата продавница „Биона" е отворена во ТЦ „Беверли Хилс" во 1991 година, каде што се наоѓа и денес. Оваа продавница се простира на 20 м2, а во неа се вработени две лица. 

И додека денес поимот здрава храна во извесна смисла се зема и за помодарство, во времето на отворањето на првата „Биона", тоа воопшто не беше така. Во тоа време, идејата за отворање продавница за здрава храна беше револуционерен потег, а нашиот пораст и развој е поврзан со порастот и потребите на нашите потрошувачи, што „Биона" ја претворија во допирна точка со луѓе од различни животни стилови кои го одбрале алтернативниот начин на размислување, живеење и грижа за својот дух, тело и здравје, се потсети Анета на почетоците на „Биона".
 
Подоцна, во блокот на Работничкиот универзитет „Кочо Рацин" се отвори и втората продавница, на површина од 30 м2, каде што вработување најдоа 3 лица. Продавницата за здрава храна „Биона" е дел од заложбите да ја донесеме здравата храна поблиску до сите што се заинтересирани за неа, истовремено рушејќи го општоприфатениот концепт дека здравата храна е нешто што е далечно и скапо за поголем дел од потрошувачите, изјави Анета.
 
„Биона" располага со асортиман од над 1.000 производи и интересно е дека дел од асортиманот производи се од сопствено производство на компанијата „Аронија здрава храна". Производството на здрава храна во нашата компанија „Аронија здрава храна" се одвива веќе 10 години. Од почетокот бевме водени од идејата за домашно производство по можност од домашни суровини, употребувајќи квалитетни суровини како органско интегрално брашно, ладно цедено масло, кафеав шеќер, интегрален сусам и сл. и исклучиво без употреба на конзерванси, адитиви, вештачки вкусови или индустриски засладувачи како гликоза или пченкарен сируп и/или хидрогенизирани масти. И до денес успеваме да го задржиме истиот стандард и критериумите што си ги поставивме на почетокот, објасни Анета. Од вкупниот асортиман во „Биона" 25% му припаѓа на производите од нивно производство. Воедно, тие се увозници на производи од Србија, Бугарија, Германија Холандија и Јапонија. Увезените производи опфаќаат 40% од асортиманот на „Биона".
 
Производите од „Аронија здрава храна", освен во „Биона", можат да се најдат во поголемите синџири на маркети: „Веро", „Тинекс", „Рамстор", ДМ, дрогериите „Космо", „Карфур", „Виола", „Нова", СП, „Елида" како и во продавниците за здрава храна „Мар-Вик", „Лара Ви", „Биоактив", „Биокулт", „Интермаг", „Глобал интерфарм", „Витаспринг" и маркет „Уно", „Гладијатори", „Криспи", „Манат К", „Иназ" и многу други. Секако, ова придонесува за зголемена продажба, како и за афирмација на здравата храна кај македонските потрошувачи. Мораме да признаеме дека од времето на нашите почетоци, па до денес, свеста на македонскиот потрошувач за здрава храна е многукратно зголемена, но има уште многу да се работи на неговата едукација. Како дел од нашите едукативни активности е макробиотичкиот камп што го организираме, а се одвива во Богомила. Ова е ретка можност учесниците да поминат 7 дена на макробиотичка храна, да бидат обучени и едуцирани за макробиотичкиот стил на живот и да бидат опкружени со прекрасна шума во подножјето на планината Јакупица, рече Анета.
 
Анета во здравата храна гледа неограничен потенцијал, така што можат да се очекуваат нови производи и во иднина. Од есен планираме наше позасилено присуство на полиците за здрава храна во поголемите синџири на маркети и дрогерии. Во исто време, планираме отворање на уште една „Биона" на почетокот на идната година.



 
 
 
 
back to top