IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Вторник, 16.10.2018 || „Лакталис“ го купува „Нестле“ во Малезија за 40 милиони долари   |  Трговците избраа ТОП 100 производи  |  Милијардер купи удел во Starbucks  |  Перутнина Птуј“ ќе продава салами во САД   |  „Метро Бугарија“ воведува автентични млечни продукти  |  Сертификати за компаниите што се фер со потрошувачите  |  „Унилевер“ нема да се сели во Холандија   |  Трговците бираат топ 100 производи   |  Битола стана дел од големиот проект „Coca-Cola Активни зони“   |  Производителите на чоколадо се насочуваат кон Исток   |  Трошоците на живот на месечно ниво намалени, на годишно имаат раст   |  Расте добивката на „ПепсиКо“   |  „Нестле“ е заинтересиран да купи бренд за минерална вода  |  Германските трговци продаваат преку интернет   |  Нов „Стокомак“ во Тетово  |  Експресна услуга на нова локација во Струга  |   Увозот на храна расте побрзо од извозот   |  Во септември пад на светските цени на храната   |  „Фуд стар“ ќе извезува пилешко месо во Кина   |  „Цедевита“ доби концесија за вода   |   ||
   

Маалска продавница – претставуваме: „Балила 1“

20.04.2015
Месецов одбравме да ја посетиме продавницата „Балила-1" во Кочани, во сопственост на Драган Димитровски. Продавницата, со површина од 36 квадратни метри, е лоцирана на улицата „Теодосија Паунов" бб и успешно опстојува од октомври, 2001 година.

Разговараше: Данче Драгинова, danche@instore.mk

Даниела Димитровска, раководител на фирмата и сопруга на сопственикот, љубезно нè пречека и ни раскажа за почетоците, за предностите на малите продавници, за односот кон купувачите...

Пред да ја отвориме продавницата, сопругот работеше во ИФВ, фирма што отиде во стечај. Во тој период спроти фирмата забележавме празен простор, кој ни се виде погоден поради голе- мата фреквенција на луѓе – се наоѓаше близу до училиштето и до Заводот за вработување. Мораше да се снаоѓаме некако и го зедовме дуќанот под кирија, се присетува Даниела на почетоците.

Кога го зеле дуќанот, тој бил со површина од 9 квадратни метри. По неколку години го купиле и соседниот дуќан, така што денес асортиманот од околу 1.600 производи е сместен на површина од 36 квадратни метри. Во продавницата денес работат 5 вработени.

Даниела вели дека при изборот на асортиманот ги следат рекламите, советите од комерцијалистите, но првенствено се водат од она што купувачите го бараат: Во асортиманот се вклучени речиси сите трговски групи, а најмногу се трошат цигари, грицки, кондиторски призводи, сокови, сладоледи и незаменливата лимонада од апарат.

Односот со комецијалистите е целосно коректен, бидејќи и двете страни си ги знаат и почитуваат границите, а советите што ги добиваат од нив можат да бидат многу корисни.

Во околината на „Балила-1" функционираат и маркети од синџирите „Зендолино" и „Кам". Сепак, Даниела вели дека немаат никаков проблем со поголемите маркети, бидејќи веќе долго време работат и луѓето ги знаат:

Народот е веќе навикнат на добрата услуга, добриот однос, брзината на услужување. Нашата предност во однос на другите е во тоа што ра- ботиме нон-стоп, а народот тоа веќе го знае... На крајот на краиштата, секој има право да избира каде ќе купува и каде ќе ги троши сопствените пари.

Луѓето што пазарат во „Балила-1" се постојани муштерии од соседството, но поради местоположбата на продавницата, голем е бројот и на минувачите: Уште од почетокот на нашето работење се водиме со мотото дека муштеријата не смее да чека и дека треба да биде најљу-безно услужен – на тој начин, ја заслуживме и ја одржуваме довербата низ годините.

Кога би имале повеќе финансиски средства, семејството Димитровски би ги вложиле во ентериерот на продавницата и би биле спонзор на некои млади таленти. Засега, тие немаат во план отворање на нови објекти, бидејќи овој одлично функционира, презадоволни се од работата и целосно се зафатени.

На прашањето на InStore кои се предностите, а кои недостатоците на малопродажните продавници од помалите градови во споредба со оние од главниот град, Даниела ни одговори: Безбедноста во помалите места е голема предност за нас, но од друга страна, Скопје е во предност поради поголемиот промет. Сепак, мислам дека безбедниот живот е многу поважен од несигурните пари. Задоволни сме со она што го имаме!

Долгогодишната работа со луѓе е исполнета со безброј случки, од кои поголемиот дел се пријатни и интересни за паметење, а помалку се оние непријатните... Една ноќ, во доцните часови дојде еден муштерија и гледајќи низ полиците, некако процени дека го нема она што го бара. Го прашав како можам да му помогнам, а тој ме погледна засрамено и шеговито ме праша дали можеби имаме бензин. За негова среќа, јас чував резерва за мене или за некој друг ако притреба... Човекот многу се израдува, а јас уште повеќе, бидејќи успеав да му излезам во пресрет, раскажува Даниела.
 
Нашиот разговор со неа заврши со оптимистична порака до колегите од бизнисот: На сите оние што ја работат оваа работа би им порачала дека само со трпеливост и упорност можат да се постигнат најголемите резултати. Почетоците секогаш се тешки, но откако ќе се стекнат навиката и рутината, тогаш успехот е најсладок!





 
 
 
 
back to top