IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Понеделник, 16.07.2018 || „Карлсберг“ отвора нова пиварница  |  Кинези ќе градат индустриски парк за овошје и зеленчук  |  Нов ИнфоЛогистички центар во Љубљана  |  „Велпро“ ќе ги поддржува малите трговци  |  Белград стана побогат за уште еден dm  |  Резултатите на „Пепсико“ се подобри од очекуваните  |  Кратошија меѓу најдобрите вина на британскиот пазар   |  „Интермарше“ за постари лица  |  Повисоки трошоци за живот и малопродажни цени во јуни  |  „Бимилк“ подари ново место за спорт и рекреација  |  „Унилевер“ го купи бугарскиот бренд сладоледи Denny  |  „Нилсен“ именуваше нов раководител за Јадранскиот Регион  |  „Макпрогрес“ на „Summer Fancy Food Show“  |  „Перно Рикар“ ќе дистрибуира безалкохолен џин  |  Продажба на алкохолни пијалаци во секое време  |  „Лидл“ отвори логистички центар во Нова Пазова  |  Нова „Кораб Трница“ во скопско Црниче  |  Рекордно производство и извоз на пиво  |  Нов супермаркет на „Шпар“ вреден 9 милиони евра  |  „Лидл“ без пластика за еднократна употреба  |   ||
   

Маалска продавница – претставуваме: „Анче тобако“

20.02.2017
 

Брзината на услугата, љубезноста, флексибилноста – тоа се адутите на малите продажни места кои им ја гарантираат иднината.

Разговараше: Данче Драгинова, danche@instore.mk

Приказните на малите трговци, исполнети со топлина, емоции и со многу труд, ни покажуваат колку тие се неизоставен дел од големиот мозаик на трговијата. Нашата соговорничка Вангелина Ристоска, или, како што сите ја викаат – Анче, е потврда за привлечната сила на трговијата  тој што еднаш стапнал на „трговската сцена", работел и живеел со таа динамика, тешко може да одлучи да ја напушти.

Првпат, Анче се појавила на сцена кога имала 19 години, а од 2006 година почнала со сопствен бизнис: Долги години го имавме киоскот „Хри-Ан", исто така во Тетово, но на друга локација, вели таа и додава дека поради приватни причини, фирмата ја префрлиле на друг човек и лани, по пауза од неколку години, таа се враќа на стариот бизнис.

„Анче тобако", кој е на адреса Илинденска, бр. 1-13 во Тетово, е отворен на 1 октомври минатата година. На површина од 15 квадратни метри, киоскот располага со една каса, што е сосем доволна за услужување на купувачите. Oсвен Анче, тука работи уште еден вработен, но од голема корист е помошта од ќерката и од синот. Таа со насмевка ни се довери: Децата веќе се навлезени во финесите на занаетот.

Асортиманот од речиси 10.000 производи, опфаќа цигари, пијалаци, бонбониери, кондиторски производи, грицки и друго. Киоскот има и лиценца за продажба на алкохолни пијалаци, чијашто продажба, како и продажбата на цигарите, високо котира во однос на другите трговски групи.

Најчестите купувачи во „Анче тобако" се тие на поминување, но и соседите, кои секојдневно купуваат тука. Како човек, речиси секогаш сум насмеана, весела и позитивна. Довербата од купувачите ја придобивам и ја одржувам со љубезноста и со тоа што се обидувам да ги задоволам нивните барања, нудејќи им ги најдобрите производи. Во оваа работа, љубезноста, насмевката и непосредноста стануваат дел од тебе, вели Анче.

Иако во околината на киоскот функционираат неколку трговски синџири, нашата соговорничка не верува дека тие имаат големо влијание на продажбата. Се бориме со ефикасноста и со квалитетот во работата. Нашите најсилни оружја се брзината на услугата, љубезноста и поголемата флексибилност за задоволување на потребите на потрошувачите, истакнува таа.

При изборот на асортиманот, Анче следи реклами и кампањи, но од најголема важност, според неа, се желбите на потрошувачите. Со комерцијалистите,  како и со поискусните, така и со новите, нашата соговорничка е во суперкоректен однос, кој функционира беспрекорно и без притисоци: Никој не може да ми наметне нешто што не ми е потребно. За еден производ да се најде на полиците, треба да има добра цена со добра понуда од фирмата што го нуди, но првенствено – да биде баран на пазарот.

Таа признава дека поради малку слободно време, не ги следи постојано трендовите кога се во прашање новите технологии, но затоа, пак, ги користи социјалните мрежи: Во денешното турбулентно и динамично време, социјалните мрежи се добредојдени во работењето, особено поради тоа што може да се користат како реклама за сопствениот бизнис.

Сопственичката е полна со идеи за идниот развој на бизнисот. Моментално работам со еден објект, но планирам летово да отворам најмалку уште еден, ни ги открива амбициозните планови за годинава.

На крајот од разговорот, ја прашавме Анче каква иднина им предвидува на малите продавници, а таа со голема ведрина и со позитивна енергија порача: Колегите од истиот бизнис мора да бидат упорни и да не се предаваат предвреме. Искрено, мислам дека малите продавници имаат иднина, бидејќи на луѓето им го нудат тоа што тие го бараат – брза услуга без турканици!


 
 
 
 
back to top