IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Вторник, 16.10.2018 || „Лакталис“ го купува „Нестле“ во Малезија за 40 милиони долари   |  Трговците избраа ТОП 100 производи  |  Милијардер купи удел во Starbucks  |  Перутнина Птуј“ ќе продава салами во САД   |  „Метро Бугарија“ воведува автентични млечни продукти  |  Сертификати за компаниите што се фер со потрошувачите  |  „Унилевер“ нема да се сели во Холандија   |  Трговците бираат топ 100 производи   |  Битола стана дел од големиот проект „Coca-Cola Активни зони“   |  Производителите на чоколадо се насочуваат кон Исток   |  Трошоците на живот на месечно ниво намалени, на годишно имаат раст   |  Расте добивката на „ПепсиКо“   |  „Нестле“ е заинтересиран да купи бренд за минерална вода  |  Германските трговци продаваат преку интернет   |  Нов „Стокомак“ во Тетово  |  Експресна услуга на нова локација во Струга  |   Увозот на храна расте побрзо од извозот   |  Во септември пад на светските цени на храната   |  „Фуд стар“ ќе извезува пилешко месо во Кина   |  „Цедевита“ доби концесија за вода   |   ||
   

Маалска продавница – претставуваме

17.09.2013
Моме Јовановски, косопственик на „Момо-маркет"

Повеќе од 20 години грижа за соседите

Од некогашна многу малечка продавница, денес „Момо-маркет" се простира на околу 40 квадратни метри, со една каса и со повеќе од 2.500 различни производи. Поради тоа, сопственикот Моме е горд на своите соседи кои му се верни потрошувачи повеќе од 20 години. Според него, традицијата е многу важна и поради тоа се обидува постојано да негува добрососедски односи во рамките на можностите, бидејќи, како што вели, не е тука за еден ден.

Разговараше: Боро Мирчески, boro@instore.mk

Назив на компанија: „Моме-маркет"
Косопственик: Моме Јовановски
Година на отворање: 1992/1993 година
Локација: Населба Трнодол
Површина: 40 квадратни метри
Број на каси: 1

На падините на планината „Водно" во Скопје, во населбата Трнодол, повеќе од 20 години соседите секојдневно пазаруваат во старата и единствена продавница во населбата – „Момо-маркет". За идеите за почнување бизнис пред 20 години, можностите, искуството, неколкуте поминати општествени транзиции и борбата за опстанок разговаравме со Моме Јовановски, косопственикот на „Момо-маркет", кој со носталгија се присети на времето кога се одлучил да почне сопствен бизнис.

На почетокот на деведесеттите години од минатиот век во населбава постоеше само еден маркет „Центро", што по распадот на СФРЈ се расформира. Во тоа време се направија одредени законски измени и отворањето на деловен простор беше многу лесно, а критериумите за добивање дозвола за работа на малопродажен објект лесно се исполнуваа. Долго време размислував што да правам, дали да се одлучам на таков чекор. Голема поддршка добив од соседите кои ме поттикнаа и ме убедија дека јас сум тој што може да работи ваква работа, ни раскажа Моме.

Од некогашна многу малечка продавница, денес „Момо-маркет" се простира на околу 40 квадратни метри, со една каса и со повеќе од 2.500 различни производи. Според Моме, тоа е доволно за успешно да функционира една маалска продавница од таков вид. Но, на патот за развој имал големи тешкотии. Како што вели тој, денес законите се многу постегнати од порано, па мораат да се исполнуваат бројни критериуми за нормално функционирање на малопродажниот објект. Како еден од примерите ја истакна лиценцата за продажба на алкохолни пијалаци на лица постари од 18 години, што за мала продавница како неговата била прескапа за да си ја дозволи, а му се чини и непрофитабилна, бидејќи претходно бил мал обемот на пари што се „вртеле" од продажбата на оваа категорија производи.

Најтешко му било кога стартувала фискализацијата. Со воведувањето на фискалните сметки настанаа најмногу проблеми, а со некои купувачи дури и се нарушија добрососедските односи. Фискализацијата стави крај на плаќањето на почек, што дотогаш го покривав од сопствен џеб, што резултираше со драстичен пад на профитот одредено време, додека потрошувачите не се навикнаа на новите правила, потенцираше тој.

Денес, проблем му се поголемите маркети. Многу ретко во денешно време се случува некој да влезе кај мене во продавница и да пазари сè што му е потребно за дома. Најчесто, тука се купува она што ќе се заборави да се купи од некој од големите маркети или се купуваат дневните неопходни прехранбени и непрехранбени производи, раскажува Моме.

Во близина на „Момо-маркет" има КАМ и „Веро", што влијаат на потрошувачката на оваа продавница. Затоа, Моме низ шега вели дека неговата продавница станала продавница за брзо купување и омилено место за пензионерите на кои големите маркети, сепак, им се далеку. Но, тој е горд на своите соседи кои му се верни потрошувачи повеќе од 20 години. Според него, традицијата е многу важна и поради тоа се обидува постојано да негува добрососедски односи во рамките на можностите, бидејќи како што вели, не е тука за еден ден.

Што најмногу се троши?

Не можам да издвојам одредена категорија производи што најмногу се трошат. Производите се набавуваат во согласност со потребите на локалното население, па оттука речиси сè ми се троши еднакво. Освен прехранбени и непрехранбени производи за секојдневна употреба, побарувачката покажа дека е неопходно да продавам и храна за домашни миленичиња, бидејќи голем дел од соседите имаат домашно милениче.





 
 
 
 
back to top